Anushka -> RE: Дискриминација (11.12.2009 11:47:20)
|
[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka ..проблемот е во тоа што ние често пати и не сме свесни за дискриминацијата што ја правиме, а тоа се случува зарди тоа што некои стереотипи се толку вкоренети во нашата култура, што ние и не ги перцепираме како стреотипи, туку како апсолутни вистини..на пример ќе ги спомнам Ромите, оти дискриминацијата кај нив е најочигледна..па луѓе јас и до ден денес слушам реченици од типот „ќе те дадам на циганот ако си лош"..и тоа дете што тоа го слуша можете да замислите какво мислење ќе има за Ромите..не знам дали ќе ми верувате, ама во основно имавме едно ромче кое седеше со мене, јас во прва клупа оти ниска, а тој висок за во последна, ама мораше со мене да седи оти другите родители доаѓаа во шкило и и викаа на учителката дека не дозволуваа нивното дете да седи со „циганче", смрдело..па побогу, секој небањат човек мириса.. вицовите за плавуши, евреи и сл. да не ги ни спомнувам колку ги сметаме за нормални.. потпишувам сто пати! Не сме свесни колку стереотипите ни го управуваат ставот во животот. Тука сите декларативно не сме за дискриминација, но во пракса... На пр.: (ова се` и јас сум го правела стопати) - на врата ѕвони некој Циган, проси (а можеби и не е Ром, ама штом проси...) - да, да он е Албанец, ама мноооогу фин човек (демек, ако е Албанец, за нас Македонците, мора да му фали нешто) - ух, тој е Американец... (демек, Господ за брада го фатил) или пак: -другарка ми има дијабет и на никој не кажува, затоа што ќе ја гледаат чудно - синот има другар хомосексуалец. Не ми е башдраго кога ќе се јави дома
|
|
|
|