mis. -> RE: Што треба да јаде доилката? (17.12.2009 22:07:31)
|
Јадете разновидно, урамнотежено, избегнувајте луто и кисело - се најчестите совети за мајките кои дојат. Еве неколку совети колку и што да се јаде, а што да се избегнува Општо, се верува дека мајките кои дојат би требало да внесуваат дополнителни 500 калории дневно. Сепак, исхраната едноставно мора да биде квалитетна, што значи здрава, разновидна и што е можно помалку преработена. ШТО ЗНАЧИ РАЗНОВИДНА И КВАЛИТЕТНА ИСХРАНА? Свежо овошје и зеленчук, житарки и продукти богати со калциум како и животински и растителни белковини (месо, риба, млеко, грашок, мешунки, ореви, лешници, семки од сончоглед). Исто така, омега-3 масните киселини, вклучувајќи ја алфа-линоленската, ЕПА и ДХА, кои се исклучително важни за детето и играат клучна улога во развојот на мозокот, очите и нервниот систем. Заблуда е дека мајката која дои треба да пие многу млеко. Имено, млекото не произведува млеко, но сепак важни се состојките кое тоа ги содржи. Калциумот е потребен во прехраната на бебето, па оние мајки кои не пијат млеко треба да го побараат во други млечни производи, семки од сусам и друго. ШТО ДА СЕ ИЗБЕГНУВА? Општо, секоја храна која содржи многу шеќер, маснотии, кофеин и сол. Во различни делови од светот постојат различни верувања за влијанието на храната при доењето. Така на пример, на жените во Кина и Југоисточна Азија им се советува да избегнуваат ладни пијалаци, Латиноамериканките веруваат дека треба да избегнуваат свинско месо, чили и домати. Некои Африканки избегнуваат кромид додека дојат, а во Австралија се советува да не се јаде зелје, чоколада, зачинета храна, грашок, кромид и карфиол бидејќи може да предизвикуват грчеви, гасови, дијареа и алергии. Сепак, најчесто нема потреба да се избегнува ништо од оваа храна, туку таа да се конзумира умерено. Исто така, ако во семејството постои склоност кон алергии на одредена храна, се советува нејзино избегнување. Неколку совети за храната која би можела да ви пречи и зошто: - тешката и многу зачинета храна може да предизвика минлив немир кај децата и да го измени вкусот на мајчиното млеко, па детето да почне да го избегнува. - зелје и мешунки (грав, леќа, грашок, наут) поради гасовите, односно, надуеноста - кравјо млеко кое е чест предизвикувач на алергии и е тешко сварливо. - умерена количина на кафе не би требала да пречи на бебето. Сепак ако забележите дека тоа е плачливо и помалку спие, намалете го неговото конзумирање. - чоколадата, како и кафето во умерени количини не би требала да пречи. - алкохолот воопшто не се препорачува, а доколку го конзумирате, не треба да го доите бебето во наредните два часа.
|
|
|
|