|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Говор на детето
12.1.2010 9:29:13   
niki
ИЗВОРНА ПОРАКА: mis.

Ники кога Мартин е на вежби ние не сме присутни туку го чекаме надвор.Во тетратка добиваме зборови кои дома треба да ги вежбаме.Само на кратко имам видено дека со стапче го насочува логопедот јазикот за да може правилно да ја изговри буквата.Јазикот го подига нагоре за да не биде прилепен на долната вилица бидејќи на таков начин се произведува буквата л неправилно.


Благодарам на одговорот Мис.

Ние добивме на подарок домино со српската азбука, и играјќи со него дојдовме до заклучок дека сите букви ги изговара правилно освен Р. Исто така има малку проблем со Ш, но не секогаш, само кај одредени зборови. Секојдневно си вежбаме и таа покажува голем интерес. Вчера ја вежбавме Ш јас и ја кажував буквата па збор кој почнува на Ш, а таа повторува. И на крај ме изнасмеа, велам јас ШШШШШШ, ШУМА а таа НЕ САКАМ ДА КАЖАМ ШУМА, ФЛАША!

И да кажам и за правилно, неправилно зборување со детето. Вообичаено правилно зборуваме со неа, ја исправаме при изговарање на зборови, како и ако направи граматички грешки во речениците. Но има многу интересни зборови на нејзиниот јазик или формулации на реченици кои со мм ги повторуваме или ги користиме во нашиот говор, не со цел да ја исмеваме туку слатко да се смееме на нејзината инвентивност. Таа сето тоа нормално го прифаќа и се смее заедно со нас и многу и е интересно кога ја имитираме. Но тоа е инцидентно и секако тогаш не е изоставено поправањето на грешките низ смеа и добро расположение.


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 51
   RE: Говор на детето
16.1.2010 8:24:29   
BEBICA
Развивањето на говорот
Кога детето го слуша нашето зборување, тоа учи како звучат зборовите и како да ги стави во реченица. Уште додека е бебе, тоа открива како може да создаде звуци, а потоа како што расте дознава како тие звуци да ги претвори во вистински зборови. user posted image Од 18-от до 20-от месец вашето малечко ќе учи по околу 10 зборови на ден. Кога и како се развива говорот? 12 до 18 месеци На својот прв роденден, вашето дете ќе може да употреби 1-5 смислени зборови. До 14-от месец тој речник ќе се прошири до 7 реални зборови, иако вашето дете ќе изговара околу 20 „зборови“. На оваа возраст детето сфаќа колку е важен говорот за да може да ги искаже своите потреби. Додека да научи да зборува, тоа ќе го комбинира говорот со гестови за да може да се искаже. Вашето дете може да си го покрие лицето, ако сака да покаже дека му е срам или да удри силно по масата ако е луто. Не се загрижувајте ако тоа се мачи за да каже нешто смислено. Тоа е знак дека се обидува да комуницира и дека не му е сеедно дали го разбирате или не. 19 до 24 месеци Вашето дете на оваа возраст разбира околу 200 зборови, но најчесто ќе употребува 50-75% од нив. Многу од овие зборови се именки кои означуваат предмети од неговото секојдневие. Од 18-от до 20-от месец тоа ќе започне да учи по околу 10 зборови на ден. Ако силно се обидува да научи да зборува, може да учи нов збор на секои 90 минути, па затоа пазете што зборувате пред него. Во овој период тоа ќе започне да спојува по два зборови, за да каже едноставни реченици. Неговите граматички способности не се развиени, па често можете да слушнете неправилни реченици како „јас игра“. Околу неговиот втор роденден, детето започнува да користи реченици од 3 зборови и може да пее едноставни мелодии. 25 до 30 месеци Во периодот од 2 до 3 години, речникот на вашето дете ќе се зголеми до 300 зборови, а тоа ќе може да разбира до 900 зборови. На оваа возраст тоа ќе оговара на едноставни прашања како „дали си гладно?“. Ако постојано ги повторува вашите прашања, без да се обидува да ви одговори, споменете му го тоа на вашиот педијатар. Тоа однесување е еден од раните знаци за проблем во развојот како аутизмот. 31 до 36 месеци Додека да наполни три години, вашето дете ќе може да води смислен разговор и ќе ги прилагодува тонот на зборување и речникот, во зависност од тоа со кој разговара и од конкретната ситуација. Сега веќе сите можат да разберат што сака да каже, а не само вие како родители. Како можете вие да му помогнете? Најважните нешта кои вие можете да ги правите, за да му помогнете на вашето дете се: user posted image Читајте му, слушајте го и зборувајте му на вашето дете, за да му помогнете во развивањето на говорот.
  1. Зборувајте му. Истражувањата покажуваат дека децата, на кои што родителите им зборувале редовно кога биле бебиња, имаат значително повисок коефициент на интелигенција и побогат речник од другите деца.
    Не е потребно постојано да му зборувате, но зборувајте му кога сте заедно. Опишувајте му што правите, поставувајте му прашања и внимавајте да се изразувате правилно, а не да зборувате на „бебешки“ јазик.
  2. Читајте му. Преку читањето вие го запознавате вашето дете со нови зборови, му покажувате како треба да изгледаат речениците и како треба да течат настаните кога раскажува нешто. Но, не бидете пасивни кога читате.
    Додека ја читате сликовницата, прашувајте го како според него би продолжила приказната или само покажувајте му ги и опишувајте ги заедно цртежите.
  3. Слушајте го. Кога ви зборува, треба внимателно да го слушате вашето дете и да го гледате во очите. Така тоа повеќе ќе се мотивира да продолжи да зборува, затоа што ќе знае дека вие се интересирате од тоа што тоа го кажува.



_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 52
   RE: Говор на детето
16.1.2010 8:27:45   
profesorica
бебице а моника зборнуе по нешто?знам дека девојчињата на возраст како Дамјан ломотат user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот BEBICA)
Непосредна врска до пораките: 53
   RE: Говор на детето
16.1.2010 8:38:34   
BEBICA
Па да збори, нормално тоа не се цисти зборцинја.Но пред некој ден јас с зезав за ручек и реков ајде Мони да руча а она на мене ми вика Мони руца и се смее и неколку пати повтори.
И нешто брбља не ја разбирамuser posted image user posted image user posted image user posted image а кога сака нешто вика дај то, или нецу- во превод нечу.
Сем мама, тата, баба и деда, вика ме- за медо, ав, ав, за куца, бебе, ајде, да, не, наместо где она вика де.....немозам се да се сетам.user posted image user posted image user posted image user posted image


_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 54
   RE: Говор на детето
16.1.2010 8:41:47   
profesorica
user posted image user posted image user posted image за мони бомбони.

и дамјан се пушти многу деновив.многу упива и повторува секој збор.ама интересен е само првите 2-3 букви од зборот ги кажува.ама јас го разбирам.нормално како секоја мајка што може да си го разбере јапонскиот јазик на своето детеuser posted image user posted image user posted image


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот BEBICA)
Непосредна врска до пораките: 55
   RE: Говор на детето
16.1.2010 8:45:26   
BEBICA
Браво за Дамјанuser posted image user posted image user posted image user posted image user posted image а ти се плашеше за џабе.
Абе и јас ја разбирам мојава но кога ке убрза и ќе почне да се расправа па со рачињата нешто покажува, јас и кажувам ништа те неразумем реци лепо, а она усте побрзоuser posted image user posted image user posted image user posted image но знае и да се исправи.
Во оваа возраст многу повеќе разбираат отколку што знаат да кажат.Чекај они сега вежбаат па кога ќе почнат да ламотат има се да разбереме.user posted image user posted image user posted image user posted image


_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 56
   RE: Говор на детето
16.1.2010 8:47:32   
jovanka
Koga gi razgleduvame slikovnicite sekojpat mi ja zema rakata i vo sustina me tera toa sto mu go govoram i da mu pokazam.Na cetirinaeset meseci sme i sekoj den zabelezuvam i toa sto mu go govoram deka go razbira se poveke i poveke.A za zboruvanje standardnite zborovi mama,tata,dada,baba,de-toa mu e koga si igraat krienka so sestramu.Najinteresen mi e koga ke go vklucam kompjuterot i gi ceka site tie znaci da pominat pa koga ke dojde na red lozinkata mi ja zema rakata za da ja vpisamuser posted image .

_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.

(Одговор на членот BEBICA)
Непосредна врска до пораките: 57
   RE: Говор на детето
16.1.2010 8:52:14   
profesorica
леле кога ќе почнат да зборат кој ќе ги трпи, неможеш на ред да дојдеш од зборови-што викаше Мила на мама воденица, не можеш да ја сопрешuser posted image user posted image user posted image

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот jovanka)
Непосредна врска до пораките: 58
   RE: Говор на детето
16.1.2010 11:35:46   
Боцко
оној неразбирлив јазик стефан го вика ѕверскиuser posted image user posted image user posted image
инаку, ќе си трпиш многу повеќе од само зборови. ќе има одвраќања, нејќам, ќе има и понекоја пцовка. но има и награди, како те сакам најмногу и слични нежност. се на се стануваат личности вредни за почит, а враќање назад нема.user posted image

_____________________________

Sometimes it is the people who no one imagines anything of, who do the things that no one can imagine.

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 59
   RE: Говор на детето
16.1.2010 16:24:05   
Палешка РР
Да ви кажам една анегдота за прозборувањето на едно дете. user posted image

Внуче е на најозогласениот професор по македонски јазик во прилепската гимназија. Не зборувало до три и пол години. Што не пробале луѓево дотогаш, презеле се што било во нивни раце. Кога веќе биле очајни на црквата и поклониле ооооогрооомен и прескап лустер, само и само внучето да прозборува (луѓево не се верници).
И детето почнало да зборува, можеби му дошол моментот. Но толку многу зборувало, не престанувало, веројатно од толку години што молчело user posted image  
И знаете што? Дедото отишол в црква да си го побара лустерот назад...оти детето умот му го вадело.
Секогаш кога ќе се присетам на ова незнам дали да се смеам или да плачам user posted image  user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Боцко)
Непосредна врска до пораките: 60
   RE: Говор на детето
16.1.2010 16:26:03   
BEBICA
Lele Paleska i jas neznam dali da se smeam ili da placamuser posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image
Boze sacuvaj se ima na ovoj svet


_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 61
   RE: Говор на детето
17.1.2010 1:51:28   
nadica
па мислам дека многу зборува на баба и е уста не затвора user posted image user posted image user posted image
од пред некој ден поврзува зборови сама без да ја потпрашувам пр.мама оде иија гае(да одиме кај илија да си играме) што предходно не беше така пр.ме носеше накај врата и јас требаше да прашам каде сака, па што ќе прави, па со кој сака да оди...

user posted image user posted image user posted image браво за мојата лепотица

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот BEBICA)
Непосредна врска до пораките: 62
   RE: Говор на детето
10.2.2010 10:27:29   
mis.
Пелтечењето – чест проблем кај децата

Пелтечењето е проблем со кој се соочува 1% од населението. Тој се карактеризира со повторување на звуци, истегнување на слогови или други проблеми со говорот.
Што е пелтечењето? Поимот пелтечење опфаќа различни проблеми со говорот како:
  • Повторување на звуци (м...м...м...мама) или слогови (ма...ма...ма...мама).
  • Истегнување на звуци (ммммммммама).
  • Проблеми со изговарањето на одреден звук или збор.
  • Избегнување на изговарањето на одредени зборови или нивно изговарање до половина.
  • Целосно одбегнување на зборувањето.
Пелтечењето најчесто се појавува во детството, во периодот помеѓу 3-та и 7-та година. Во 40-80% од случаите, пелтечењето исчезнува во периодот на адолесценција. Кај возрасните пелтечењето најчесто е резултат од несреќа или психолошки проблем. Кои се причините за појавата на пелтечење? До ден денес сè уште не се јасни точните причини за појавата на пелтечење. Истражувањата покажуваат дека мажите се посклони кон пелтечење за 3 пати повеќе од жените и дека шансите да се здобиете со овој проблем се зголемуваат за 20%, ако ваш близок роднина има проблеми со говорот. Некои експерти веруваат дека некои луѓе имаат генетски предиспозиции кон пелтечењето, но не знаат што го предизвикува тоа. Според други, пелтечењето е резултат на комбинација од фактори. Како да му помогнете на вашето дете? Пелтечењето кај децата може да биде фрустрирачко како за детето, така и за луѓето од неговата околина. Многу често децата со ваков проблем се исмејувани и ја губат самодовербата. Вие можете да му помогнете на вашето дете да престане да пелтечи или да не се развие пелтечење. Следете ги следните совети:

  1. Посветете му повеќе внимание, разговарајте во опуштена атмосфера каде што детето нема да има потреба да надвикува други луѓе.
  2. Дајте му време за да се искаже и не го прекинувајте.
  3. Седнете на подот за да сте на еднакво ниво со него и гледајте го право во очите дури и кога пелтечи.
  4. Забавете го вашиот говор и почекајте неколку секунди пред да одговорите, за детето да знае дека може да го направи истото.
  5. Употребувајте кратки и прости реченици.
  6. Однесувајте се кон детето на начин, на кој тоа нема да чувствува дека има проблем.


< Поракaта ја уредил mis. -- 10.2.2010 10:28:02 >

(Одговор на членот Викторија)
Непосредна врска до пораките: 63
   RE: Говор на детето
18.2.2010 23:44:34   
STRUMFETA
Filip veke ubavo veli mama baba dada ama tesko nekako ni odi so maski roduser posted image fraer na mama:)
E najinteresno e koga ke pocne da se kara po negovo,koga ke mu zemes nekoja igracka ili koga saka da go zemes vo race a jas imam nekoja rabota.E toa ni e najinteresno.Duri zamizuva so ocite ili pa gi kreva vegite od vikanje.Smeski,deteto se kara.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 64
   RE: Говор на детето
4.3.2010 14:38:52   
zami
Od slednata nedela vo gradinka ke doaga Logoped (konecno), i ke drzi vezbi so site decinja koi imaat potreba i sekako cii roditeli se soglasni, so upat od lekar i sl.



_____________________________

Allways look on the bright side of life!

(Одговор на членот STRUMFETA)
Непосредна врска до пораките: 65
   RE: Говор на детето
4.3.2010 14:49:36   
mis.
зами логопедот вежбите ќе ги држи во градинката?Јас прашував и ми рекоа дека логопед не одел низ градинките како некогаш и мораме ние да одиме во центарот за говор и слух.Мое мислење е дека доколку се работи во групи од повеќе дечиња ефектот е помал.Потребно е повеќе време за да се добие резултат кој доколку работи логопедот сам со детето тоа време се скратува.Ние конечно минатата средата завршивме со одењето на логопед и еве Мартин сега убаво ја изговара буквата Л и внимава многу на својот говор.user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот zami)
Непосредна врска до пораките: 66
   RE: Говор на детето
4.3.2010 15:00:17   
zami
Da odat po gradinkite ama kako gi biraat neznam, eve vo nasava gradinka dosega ne doagal, a sega ni trebase celo polugodie da gi namolime da dojdat, a slusnav deka ima gradinki kade Logoped odi cela godina.

Bidejki nasava im bese stavena vo programa, nas ne sakaa da ne primat na vezbi vo centarot, so izgovor deka ke dojdat vo gradinka, zatoa i rekov Konecno.

I vo gradinka vezbite ke gi drzat individualno so sekoe dete po dva poati nedelno i ke si plakame isto kako da odime tamu.
Mene edino mi e strav, kako jas ke kontaktiram so logopedot za da znam so sto da pomognam doma, ama ke moram nekako da se organiziram za da mozm barem ednas nedelno da se vidam so logopedot, znam deka vo petok ne odat po gradinki i togas se vo centarot, pa mozebi togas ke gledam da pojdam tamu i da se rasprasam. 

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 67
   RE: Говор на детето
4.3.2010 15:05:59   
mis.
Ние кога одевме логопедот во тетратка му пишуваше зборчиња,реченици,песнички и приказни кои треба дома да ги вежба.

(Одговор на членот zami)
Непосредна врска до пораките: 68
   RE: Говор на детето
4.3.2010 15:11:23   
zami
E toa znam mi kazale, ama mozebi ke im davaat sepak tetratki, za doma da vezbame. Neznam i jas sum malku zbuneta, ama edvaj cekam da pocnat pa ke vi kazam kako e.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 69
   RE: Говор на детето
6.3.2010 1:27:58   
nadica
ТЕЛЕВИЗИЈАТА ГО СПРЕЧУВА ГОВОРОТ


Речиси 1/4 од момчињата, како и секое седмо девојче имаат проблеми да почнат да зборуваат.Причина е што во илијадници домови возрасните ги оставаат ТВ-приемниците вклучени.
Во спроведеното истражување се покажало дека кај 25% од семејствата ТВ е вклучен во најголемиот дел од денот или постојано.Секое десето дете на возраст од 1-2 години има ТВ во својата соба, додека кај седумгодишните бројката е 3 од 5 деца.
Нашиот мозок не еволуирал до степен да учи од машина.Бебињата реагираат на лица и ги распознаваат нивните родители поради тоа, тие полесно ги примаат зборовите од нив.
Возраста на која децата почнуваат да зборуваат е 10-11 месеци.Многу повеќе девојчиња почнуваат да зборуваат пред 9 месеци, сврзувањето зборови се случува маѓу 13 и 18 месеци.
Речиси сите родители читаат со децата, им раскажуваат приказни, играат игри со зборови и им пеат.Според нив најдобар начин за поправање зборови е повторување на правилната верзија, а не воочување на грешката.

< Поракaта ја уредил nadica -- 6.3.2010 1:29:00 >


_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот zami)
Непосредна врска до пораките: 70
   RE: Говор на детето
6.3.2010 11:45:33   
Mila na mama
Кај нас по цел ден се вклучени и тв и компјутерот ама ќерка ми има среќа што јас уста не затварам цело време зборувам па и таа како мене си стана дрдорка. На 7,5 месеци го кажа првиот збор, сеге ваќе кажува цели реченици, се расправа со мене, рецитира песнички, брои до 10, а има 19 месеци. Дефинитивно има влијание на говорот тоа колку по дома им зборуваме.

_____________________________

love u all

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 71
   RE: Говор на детето
6.3.2010 13:45:54   
Палешка РР
И внука ми има 19 месеци, а освен "дај то, поп, кокона, бебе, цацко, баба" ништо не зборува.
Искрено, јас сум многу загрижена user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Mila na mama)
Непосредна врска до пораките: 72
   RE: Говор на детето
12.3.2010 15:08:09   
zami
Znaci konecno vo gradinka dojde dolgo ocekuvaniot logoped i jas sum prezadovolna od startot.
Dijagnozata e deka Mitko ima ,,mrzlivo jazice,,.
Licno se viodov so logopedot uste prviot den i mi ostavi dobar vpecatok, vo tertratka ni pisuvaat vezbi za doma, a jas ke mozam da ja vidam seko den koga doaga vo gradinkata bidejki e tamu od 7.30 pa koga go nosam ke mozam licno da ja prasam za se.

Sega uste treba da vidime kako Mitko ke go prifati seto toa i rezultat se razbira.


_____________________________

Allways look on the bright side of life!

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 73
   RE: Говор на детето
12.3.2010 15:12:02   
mami
ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка

И внука ми има 19 месеци, а освен "дај то, поп, кокона, бебе, цацко, баба" ништо не зборува.
Искрено, јас сум многу загрижена user posted image


Ај сега ке почнам јас да се плашам..Лука ене го 20 ги направи па освен мама, баба, тато, тете и деде тук таму ако уфрли уште некоја мешавина од зборче и тоа е се...Ама мислам дека нема место за паника..кога ке сака ке си прозбори

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 74
   RE: Говор на детето
12.3.2010 17:02:29   
mis.
Зами како се вика логопедот кој дојде кај вас во градинка?

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 75
Страница:   <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4 5   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?