|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  3 4 [5] 6 7   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Говор на детето
5.3.2011 0:41:37   
Maca25
Нина е дрдорка прва класа, само што е многу срамежлива во последно време. Дома уста цел ден не затвара,ама кога сме некаде на гости е мирна како бубаче. И треба време ептен да се опушти пред непознати. 

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот ole2004)
Непосредна врска до пораките: 101
   RE: Говор на детето
5.3.2011 9:53:18   
Палешка РР
Јас сум многу загрижена за внука ми, има 2 години и девет месеци и ништо не зборува разбирливо, ама нити еден збор врска нема, само мумла нешто по нејзино. Сестра ми и мајка ми ми се налутија кога им реков да ја однесат на логопед user posted image

Миа има десетина зборчиња кои ги употребува, ама се ептен смешни
- пате (пајче) ја обожава рекламата од Перфекс user posted image
- ло (чај, за ова сум јас крива оти секогаш и велам "локај чај наместо млеко да пиеш") user posted image
- папу (јас и ставам нешто на глава и и пеам "пампур носи сто кила, никој не го сеќава" user posted image
- папо - кога и се јаде
- нано - кога и се спие
- бебу - кога ќе види некои дете, па и поголемо да е од неа нејзе и е бебу user posted image
- цицо - кога и се цица user posted image
- нам нам - кога и е убаво јадењето user posted image

бате, мама, тато, баба, вообичаено user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 102
   RE: Говор на детето
5.3.2011 10:07:14   
Felly RR
Матеа пак, ништо само „ам, ам“ знае да каже кога ќе види нешто за јадење, или кога и се јаде, а исто и цуцле кога сака вика „ам“. Друго нешто смислено да каже - НЕ. Си вика мама, тата.... ама не да се заврти на кај нас, да ни вика, туку така во играта си зборува. И другото се и е „ееее“ и покажување со рака кога сака нешто. А си дрдори цело време нешто по нејзино, ама не да има некој збор смислен за нештоuser posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 103
   RE: Говор на детето
5.3.2011 11:19:51   
Snowhite RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly

Матеа пак, ништо само „ам, ам“ знае да каже кога ќе види нешто за јадење, или кога и се јаде, а исто и цуцле кога сака вика „ам“. Друго нешто смислено да каже - НЕ. Си вика мама, тата.... ама не да се заврти на кај нас, да ни вика, туку така во играта си зборува. И другото се и е „ееее“ и покажување со рака кога сака нешто. А си дрдори цело време нешто по нејзино, ама не да има некој збор смислен за нештоuser posted image

И Михаил исто, по цел ден дрдори, ама нешто смислено не, а разбира се што ќе му речам и понекогаш се труди да повтори некој збор а стално е тоа некој тежок, на прмиер џиџе или џивџи

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 104
   RE: Говор на детето
5.3.2011 13:20:25   
Maca25
Нина Џивџи го вика - ЏиџВи Пипи user posted image
обожава реклами и повторува се од рекламите. И пуштам да гледа цртани Ноди и има многу зборови научено од таму, како на пр.: гајда, гоблини, семејно дрво, чудовиште...

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 105
   RE: Говор на детето
10.3.2011 12:33:44   
skorpijana
mojot 5 godisen sin e mnogu zborlest kako navieno e cel den zbori ne znae da trae a sega se slusa preku internet so cico mu i toj mu zboruva angliski i ovoj uci i samo me prasuva mamo kako bese toa kako bese ovoa nekoi zborovi nemaat vrska so toa toj sto go kazuva ama se trudi znae mnogu zborovi na angliski se naucil od cico mu na mm toj e vo srbija i pred spienje vika laku noc svima user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

_____________________________

zivej go sekoj dena kako posleden

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 106
   RE: Говор на детето
11.3.2011 9:50:44   
Maca25
Најнова песничка научена во градинка:
ѕвон, ѕвон
ало мамо, ало тато
ало мила бабичке
како сте ми вие?
ѕвон ѕвон

Цела ноќ во сон ја пееше user posted image user posted image user posted image


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот skorpijana)
Непосредна врска до пораките: 107
   RE: Говор на детето
1.8.2011 16:21:50   
Џесика
Ај да се пофалам, веќе три недели Борјан интензивно го здруживме со внука ми, и морам да кажам дека има голем напредок, почна со збор да бара нешто што сака,почна да ме вика (додуша, уште бабо или тето ми вика, ама ај, ќе пројде user posted image ), наеднаш по неколку збора изговара (ајде дај ми супа, ајде дај ми вода), почна секој гест и секој збор да го повторува, и многу сум среќна!!! Сега уште од Септември кога ќе почне во градинка, ќе биде „све во едно“... многу голема предност има што внука ми све зборува, а тој има што да научи од неа user posted image

< Поракaта ја уредил Џесика РР -- 1.8.2011 16:22:18 >


_____________________________

Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 108
   RE: Говор на детето
2.8.2011 16:11:47   
Maca25
Браво Бобо!!! Едвај чекам да го чујам како зборува! user posted image user posted image user posted image

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот Џесика)
Непосредна врска до пораките: 109
   RE: Говор на детето
2.8.2011 16:17:52   
Felly RR
Матеа кажува многу зборчиња, ама скратени само со првите две букви. Па така МЕ и е збор и за месо, и за мече....мети....метла....меша. А не знам од каде ПА и значи капење, негде од средина го извадеuser posted image


_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 110
   RE: Говор на детето
7.10.2011 8:31:32   
Felly RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: eli bt

Imam tri godishno detence koe seushte ne zboruva, pa me interesira kako vie so vashite decinja ja pominavte fazata za govorot i odnesuvanjeto, bidejki detenceto mi e mnogu temperamentno, i dali nekoj od od vas imal slicen slucaj so precki vo razvojot na govorot i kako ste go resile! Vi blagodaram.


_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 111
   RE: Говор на детето
13.2.2012 14:05:07   
Mihaela 2010
Kerka mi ima 21 mesec,i premnogu zboruva..Svrzuva celi recenici,i gi kazuva cisto i razbirlivo,duri sum voodusevena koga ke kaze nekoj zbor a nitu jas nitu mm sme i gi kazale.Na 6 meseci tocno kaza baba,na 8 tato na 10 mama (mene posledna me kaza).Do sega sum prezadovolna,i mislam deka mnogu vlijae i toa kako se odnesuvame so niv,t.e,citanjeto na prikazni,raskazuvanjeto,peenjeto pesnicki kako i normalnoto komuniciranje so niv (da zborime kako si zborime a ne na nivni bebeski jazik)mnogu pomaga i doprinesuva deteto da pocne da zboruva.I do den denes so mm se trudime sto pocesto da ja animirame,da i citame da i zboruvame i mnogu sum protiv televizija,kompjuterii i slicno.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 112
   RE: Говор на детето
13.2.2012 14:48:57   
AnnaMolly RR
Филип има точно 20 месеци и зборува како да има 4 години. Секојдневно ме изненадува со нови зборови и реченици.
Се разбираме како со голем човек да зборувам. Си кажува што му се јаде, што му се прави, што не му се прави...
Знае да брои до 10 ама седмицата не му постои во речник user posted image Едно, две, ти, тетии, пет, шес, осум, девет, десет.

Кажува и реченици и си разговараме. Еве неколку примери.

Тато, дојди тука игаме. Павиме пакинг колите.

Мамо, енги тука гледаме цтани.

Одиме гадинка не. Седиме домте.

Ништо не му бега од глава. Се памти.

Само Р уште не ја кажува, ама затоа Л ја владее user posted image


_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 113
   RE: Говор на детето
13.2.2012 15:20:13   
Felly RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR

Одиме гадинка не. Седиме домте.




Ова со НЕ, и Матеа го става на крај, некогаш и точно ќе го стави, ама почесто на крај. И многу го нагласува.user posted image
- Мамо,слизгаат чев(л)ите НЕ.

Само уште не употребува честички. Вели:
- Многу сакам Јана. (А не многу ЈА сакам)
- Мамо, купиш вакво. (А не ДА МИ купиш вакво)
Инаку се зборува и и некој што не ја гледа цело време може да ја разбере. А некаде од пред да наполни 2 години почна така повеќе да поврзува зборови (сега има 2 г и 2 месеци), и во градинка дури велат дека ептен се размуабетила во последно време.user posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 114
   RE: Говор на детето
13.2.2012 15:38:46   
Mihaela 2010
Знае да брои до 10 ама седмицата не му постои во речник Едно, две, ти, тетии, пет, шес, осум, девет, десет.


Леле исто и ние user posted image user posted image

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 115
   RE: Говор на детето
13.2.2012 16:04:15   
Snowhite RR
А Михаил па точно изговара НЕ на почеток, кај него ме изненадува не тоа што зборува и разбира се уште од 18 месеци, туку како граматички ги кажува точно речениците, значи ниту еднаш нема згрешено да каже нешто во еднина, а тоа да е во множина или да кажи во второ лице наместо во прво, во минато, во сегашно време, машки, женски род, се точно кажува како голем и многу чисто зборува и потешки букви(освен Р) како ч,ш,л и сл. ги кажува чисто, сите се чудат, а сега дури почна и сврзници да употребува, на пример, „че одам горе“(на прилепскиuser posted image ) со тебе, до тебе, кај мене, кај тебе, за тебе, за мене итн. Е сега само едно никако не може да го научи или не сака и единствено тука згрешава, не вика мајка ми или татко ми, туку мајка ти, татко ти, баба ти итн
Исто многу памти, не можеш никако ништо да го излажиш
Се согласувам со Михаела 2010 дека на говорот многу влијае нашиот однос, јас уште како мало бебе му читав нон стоп и му зборував цело време и никогаш на бебешки, дури и некој ако му зборуваше на бебешки јас му велев да не му зборува така. Но се разбира тоа не е решавачки, сепак зависи и од детето

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 116
   RE: Говор на детето
13.2.2012 16:07:37   
Snowhite RR
А за броењето Михаил почна во последно време наназад да брои, така кога ќе му речам да изброи нешто тој почнува де, еноuser posted image А моментално е преокупиран со боите само кажува кое каква боја е или прашува какво е. Често ги погодува, ама не знам дали ги распознава или веќе научил дека нешто е таква боја и на среќа ја погодува не знам, на пример ќебето е портокалово, а јорганчето зелено и така си ги знае, ама па вчера ме виде налакирана со црвен лак и ми вика „имаш цвени?“

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 117
   RE: Говор на детето
19.2.2012 10:31:30   
Felly RR
Матеа знае неколку бои, ама често и ги меша. Понекогаш кога играме со коцките , и ми бара - мамо, дај цвена, дај жота... А и броевите ги кажува ама измешано. Некни се изнасмеав - мм си легна да дремни, и ми вика кај 7 разбуди ме. И нејзе едно време и текна, и му појде, и му вели - Тато, стани, седум осум е.user posted image user posted image user posted image
А ова со краткиве зборчиња, ако е на крај на реченица ќе го каже - мамо, дај го. Ете го... ама во средина некогаш треба да ја препрашаш за да разбереш што вели:
Мико удри креветчето. - не знаеш дали Мико се удри во креветчето. Или Мико го удри креветчето.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 118
   RE: Говор на детето
25.2.2012 8:52:39   
Snowhite RR
Детево значи толку ме изненадува со зборувањево, односно со точно и правилно сврзани граматички реченици, сега и по два сврзници или предлози како се викаат (мене послабо ми оди граматикава од негоuser posted image ) сврзува еден до друг, на пример ако пред тоа велеше „се сушат“ сега ме прашува „Да се сушат“ (кога редам алишта за сушење) или „Ми се пие вода“, „Облечи ми ги чорапите“ и слични такви реченици.
Исто и од цртаните што ги гледа кажува дури и на англиски некои зборчина, на пример знае како се вели куче и маче на англиски, а другите само онака ги повторува

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 119
   RE: Говор на детето
25.2.2012 20:10:10   
Џесика
Тоа е супер Сноувајт, внука ми исто така зборува, пљампа ко навиена, и тоа секогаш точно граматички... прееска зборуваме со сестра ми н а телефон и ја слушам во позадина вика „ајде мамо, да не викам по стопати“ или пред некој ден „ама немој да ми се делеш (дереш) ти на мене“ се згазив од смеење прцле едно ко навиена е, а син ми уште вика „ете го мамаааа, ете го тета“ и ќе го корегирам, ќе ме повтори ама следен пат пак по старо... за покомплицирани реченици да не праам муабет, врска нема, сврзници не постојат кај нас ( дај лепче меко- дај лепче да ставам во млеко) којзнае до кога ќе трае...user posted image

< Поракaта ја уредил Џесика РР -- 25.2.2012 20:12:07 >


_____________________________

Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 120
   RE: Говор на детето
25.2.2012 20:22:47   
mila mama
Ние уште не збориме, 17 месеци, само неколку зборчиња како мам, мама, тат, тато, баба, ајде, ако, не, да. Ама па слуша неколку јазика, македонски, шведски, англиски, така што се тешам дека е нормално билингвалните деца да почнат подоцна со зборување. А разбира буквално се! Дури и ако нешто дома праиме муабет меѓусебе без да и се обраќаме на неа, таа разбира и покажува на конкретната работа. На пример, ај да пиеме кафе па да ја избањаме Е. и таа почнува со рачето да прави на мешето охохохо user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Razbirlivo e deteto da se plasi od temninata...
No, ne e razbirlivo vozrasen da se plasi od svetlinata.

(Одговор на членот Џесика)
Непосредна врска до пораките: 121
   RE: Говор на детето
25.2.2012 23:07:02   
AnnaMolly RR
Филип освен што е дрдорко прва класа, знае машки и женски род што е и никогаш не го греши тоа. На пример вика „Еве ја мама; Еве го тато“.
И на пример „Моја кола; Мој сок“.
Сега почна и цели приказни да раскажува. Прееска на свекрва ми и раскажа што правевме во зоолошка, ама од збор до збор. Еве некако вака течеше разговорот:

- Бевме зошката, видовме жиафата. Пииф (Филип) пикне кафезот, нема куч. (Му реков дека немаме клуч за да го отклучиме кафезот). Пииф падна снегот. Джевме Андеа аката. (Се држеле со Андреа за рака). Мамунот има опашка...


Само многу се нервирам дека вика „оваја“ „това“ и „ноги“. Тоа од свекрва ми го има научено, таа така вика. Ама јас на секое го поправам, па се надевам дека правилно ќе зборува.


_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот mila mama)
Непосредна врска до пораките: 122
   RE: Говор на детето
29.2.2012 20:46:17   
Snowhite RR
Супер е, да Џесика, само што многу брзо ми порасна детево, ми се чини не го видов, не го сетив кога пораснаuser posted image (ми се плачи навистина, дека расти, не сум нормална)
Инаку и М ми вика Не се деи! (не се дери) или ако го искарам и после по некое време ќе дреми и ми вика Мамо и јас му велам молам, и тој ми вика Не викај, не викам ќе му речам и после ми кажува што сака да ме праша. Ама како милно го вели тоа „не викај“ ме здоболува што сум му се развикала
Инаку мила мама, нормално е за деца кои слушаат повеќе јазици покасно да прозборат, ама после па двата/трите јазици ќе ги зборува совршено. Само битно е да и' зборувате секогаш на еден јазик, т.е. ако ти и' зборуваш на македонски, зборувај само македонски, мт, ако и' зборува англиски, само англиски нека и' зборува и таа така ќе си го сфати тоа, во спротивно може само да ја збуните

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Џесика)
Непосредна врска до пораките: 123
   RE: Говор на детето
23.5.2012 16:10:18   
vezilka RR
Никола почна да поврзува неколку зборови. И тоа некако одеднаш, не го сетивме, еден ден му викам на мажле, леле детево почна да ни збори. Го прашувам, а бе ти бебе си или дечко, и порано викаше дечко, а пред некој ден ми вика, не бебе, дечко. Знае да си побара нешто, вика дај го мока( смоки), дај го топки, дај го вода. Хи,хи се му е дај го, за било кој род. Вчера си играме дома, а на ТВ иде нешто, некои се затепаа, и тој вика ијјјј, тепа, цицкото пау, пау. Само тоа дома и со познати, ако некој што не го знае толку, го праша нешто ништо не кажува, се срами дечкото изгледа user posted image .

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 124
   RE: Говор на детето
10.7.2012 14:28:37   
Maria
Женски помагајте,многу ми е тешко,пукнав веќе.user posted image А. има две ипол години и по обичај е голем дрдорко,откако прозбори,уста не затвара.Од пред некој ден почна да завлекува на буквата Н(на пример ненненннее нененнее сакам),леле срцето ми се кине.Се друго кога зборува е ок. Знам дека е ова еден вид физиолошко пелтечење,но ми е страв да не остане трајно.Доколку има логопед или дефектолог на форумов ве молам пишете ми во пп,како да постапувам со него,бидејќи колку што знам не треба да се прекинува додека збори и треба да му се зборува пополека и со кратки реченици.Ви благодарам однапред.user posted image

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 125
Страница:   <<   < Претходна страница  3 4 [5] 6 7   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  3 4 [5] 6 7   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?