Bethany -> RE: Говор на детето (27.6.2014 10:24:39)
|
И тука сакам да споделам бидејќи за ова област бев најзагрижена, ме има и по темава. Значи синко ми е 2 години и 9 месеци и можам да речам дека говорот му е супер за неговата возраст. Не изговара Р и некои други букви во зависност дали се на почеток или во средина на зборчето, ама тоа мислам дека е нормално за неговата возраст засега, па понатаму би требало и се надевам ќе се исчисти изговорот повеќе. И некои зборчиња ги извртува, пример за кечап ќе рече кепач и слично, ама сум многу задоволна. Некогаш му е се измешано со македонски и српски, знае нешто и на англиски и така. Битно ми е кога зборува со некого тој некој може да го разбере 90% што кажува, што е добро мислам. Мислам дека доста помогна и градинката, почна повеќе да брбори, сега уста не затвара нон-стоп, ама ако [sm=smiley36.gif] Додуша, во нашава градинка зборуваат на тој тетовски акцент и воспитувачките, па кога еден ден одев да го земам од градинка, Ј ми вика: мамо, ене ГО Билјана. Јас го исправам и му кажувам дека треба да каже: ене ЈА Билјана, ама воспитувачките ми викаа: па нека го, ќе научи... Ама всушност тоа од нив го слушнал, а тие не се обидуваат да зборуваат литературно а би требало.
|
|
|
|