RE: Говор на детето (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Подигнување

Порака

miana -> RE: Говор на детето (22.8.2014 10:38:37)

ИЗВОРНА ПОРАКА: miana

ИЗВОРНА ПОРАКА: elenak RR

Женички мене нешто ме загрижува и се мислам веќе некое време дали има место за паника. Ј има 2 год и 3 месеци, почна да спојува зборчиња, арно ама првиот збор што го кажува го повторува по неколку пати. На пример, маша,маша,маша пушти, и стално ја опоменувам дека само еднаш е доволно и ќе го каже еднаш ама без зборот после него. Значи не може да сврзе без да го повтори 2-3 пати првиот збор. Си мислам навика да не и стане да зборува така[sm=zmeden.gif] Не знам дали од брзање така прави или нормално е ова? Како да постапуваме?

Срцка да ја гледаш од некоја страна керками ке се чудиш..На иста возрастини се децата и ке ти речам,немој да се замараш, тоа се некои тикови што ке се изгубат со тек на време.
Моево дете на сите им е чудно како збори, зима воздух по три пати па кажува збор, па ц''цка, па пак ке каже збор, ама јас тука не гледам проблем..Полека,полека ке почнат убаво за зборуваат. Не се сите деца исти, некои се понапредни во говорот а некои пак не. Мојава сега научи да прави реченици и баш ми е слатка.

Елена кажи ми како напредувате во говорот?
Јас не бев мн огу загрижена, ама керками ептен ја зачести со ова повторувањево па почнавме да се плашиме по малку... Кога сака да каже на пример крени ме вика - ке,ке,ке кени мене
или пак ја,ја,ја ака оди мама, или та,та,та тато са,са,са сака ногу тебе .... Ова е се почесто и се по изразено...Вчера се слушнавме се посоветувавме со една пријателка на свеки што работи во градинка, ни кажа дека не смееме да ја караме или да и го воочуваме проблемот зошто може целосно да престане да зборува... Претходно мм ке ја скараше и таа почнува да шепка ... Ептен сум исплашена , рано е за на логопед, ке ги применувам советите од сите претходно напишани постови и ке чекаме да наполниме 3 години па да ја однесам на логопед..
Елена, ме интересира дали кај вас заврши ова повторувањето на првите зборчиња?

elenak -> RE: Говор на детето (2.9.2014 18:23:47)

Миана тоа кратко траеше кај нас, дури не знам ни кога точно престана. Сега убаво си зборува, течно, само што уште не баш разбирливо. Важно се труди, и нешто што не може да го каже го кажува по нејзино и сама си се смее, знае дека е погрешно.[sm=smiley36.gif] Не знам стварно, почекај уште малку, нив говорот сеуште им се развива, може од брзање да каже повторува, а може и само така да и е интересно.

marchi -> RE: Говор на детето (13.10.2014 0:43:33)

Moram da se obratam tuka.stefan ima 19meseci osven mama, mame, I baba nisto drugo Ne zboruva, kazuvase I kola no toa Kako da go zaboravi. Kazuva so mimiki pokazuva so prst koga ke prasam kade e nesto no aber nema za zboruvanje. Znam dete na edna drugarka od 9 meseci pocna da zboruva,me zagrizuva

Felly RR -> RE: Говор на детето (13.10.2014 8:43:06)

Марчи, најлошо е споредувањето со други деца. Секое дете индивидуално си се развива. Не се загрижувај премногу, 19 месеци па и не се многу за да има некој голем фонд на зборови. Битно е да те разбира што му кажуваш, и тоа да знае да побара она што сака - нешто со збор нешто со мимика. Обично велат дека оние дечиња што имаат поголемо братче/сестриче побрзо почнуваат да зборуваат, а оние што се смаи подоцна. Не знам колку е точно но има некоја логика. Еве и ние на 18 месеци не зборувавме многу, па до 2 годинки детево ептен се раззборува, и зборови цели и реченици. А тоа беше и период кога ја пративме во градинка (на 20 месеци) па затоа велам дека може има и некаква врска тоа дали има и други дечиња во близина.

Tatsi -> RE: Говор на детето (13.10.2014 9:30:47)

Moeto dete na 18 mes. isto imase fond od nekolku zborcinja. Za mesec dena, pocna da mu se prosiruva fond-ot, pa do kraj na 19 mes. sekoj den ne iznenaduvase so novo zborc, izgovoreno na negov jazik. Sega ima 20.5 mes i gledam deka se trudi da go povtori skoro sekoj zbor sto go slusa od nas. Na negova vozrast, decata na moi prijateli kazuvaa celi recenici, ama imaa postari brakja/sestri ili pak odea vo gradinka. Bitno e deka razbira, znae da pokaze, komunicira. Ke pocne da zboruva koga ke e spremno. :)

Ilina87 -> RE: Говор на детето (21.11.2014 13:40:32)

Колку зборови отприлика треба да изговара дете од 14 месеци, мислам на зборови со вистинско значење? Јас сум малку загрижена, син ми кажува само неколку зборчиња пр. вели ETE кога покажува на нешто, ДЕТЕ, БРМ за кола, НЕ го користи, ретко МАМА и толку. А вака разбира скоро се. Знам дека не треба да се споредува, но на едни пријатели детето кое е на иста возраст скоро се зборува.

Tatsi -> RE: Говор на детето (21.11.2014 13:53:30)

Taman si e za 14 meseci...:)..Uzivaj

Snowhite RR -> RE: Говор на детето (21.11.2014 18:02:11)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Ilina87

Колку зборови отприлика треба да изговара дете од 14 месеци, мислам на зборови со вистинско значење? Јас сум малку загрижена, син ми кажува само неколку зборчиња пр. вели ETE кога покажува на нешто, ДЕТЕ, БРМ за кола, НЕ го користи, ретко МАМА и толку. А вака разбира скоро се. Знам дека не треба да се споредува, но на едни пријатели детето кое е на иста возраст скоро се зборува.

Мојава на 22 месеци изговаρа толκу, нема потρеба да се гρижиш, сеуште е мало, а исто не тρеба ни да се споρедува, ете моето поголемо на 15м повтоρуваше се, на 18 веќе ρеченици свρзуваше, ама Јана
κажува многу малκу, на нејзин јазиκ збоρува, а ρазбиρа се и затоа не се гρижам, ќе си почнат κога ќе им дојде денот

Ilina87 -> RE: Говор на детето (21.11.2014 18:31:05)

Фала многу за одговорите.

Felly RR -> RE: Говор на детето (24.11.2014 14:00:56)

ИЗВОРНА ПОРАКА: AneLav RR

Моиве се ко навиени окулу еднс година, година ипол прозбореа ама од кога ќе станат уста не затвараат. Со леснотија изговараат Ч,Ш, Ж и Л, ама не можат Р да кажат. Добро 2, 5години имаат. Фондот на зборови им е огромен како стари се. Ги вежбам и англиски многу зборат, а од Маша знаат и некое зборче на руски да ми истресат. Значи децава се сунгери, многу лесно можат нов јазик да научат.

Ring -> RE: Говор на детето (8.1.2015 19:47:42)

Zdravo devojki, mnogu dolgo nemam nisto pisano no ova mi e bolna tema
Imame 3 godini i ne zboruvame, edvaj 10 zborcinja ...zbori na nekoj nejzin jazik nerazbirviv za nas
Nas ne rabzira koga i zboruvame, duri nekogas i ni vraka na nejzin jazik , izvrsuva naredbi koga ke i kazeme nesto.
ja nosevme vo Zavod za mentalno zdravje i zaklucokot e deka e se vo red , osven sto kasni so govorot .
Zabelezuvam deka i zborovi sto ne gi upotrebuva dolgo vreme gi zaborava , koga ke ja prasame posle nekoe vreme za nesto kako da ne znae sto ja prasuvame.
Pocnavme so sirup KidzOmega po preporaka na pedijatar od Zavodot , a sledno rece deka ke ni prepise sirup Gamibetal za mentalna stimulacija ako nema podobruvanje
Dali nekoj ima slicno iskustvo ?
Da mi preporacate nekoj privaten dobar logoped ?
Mnogu e sum zagrizena za nea, najmacno i najbono mi e sto i koga ke probame da rabotime so nea, da citame slikovnica , da ucime zborcinja , da ja nateram da boime se i so " ne " i teranje inaet.
Imame eden kup igracki za mentalna stimulacioja , ama ne mozeme nikako da i go zadrzime vnimanieto ...poveke saka da trca niz doma, da frla igracki, da skoka po krevet.
Isto mi preporacaa da ja odnesam vo privatna ordinacija Kalinka vo Vlae , sto rabotat so deca so autisam ...kaj nea autismot e isklucen .....Dali ima nekoj iskustvo ili znae nesto za ovaa ordinacija
Ke vi bidam krajno blagodarna za sekoja pomos ili sugestija [sm=smiley1.gif]

sandriana RR -> RE: Говор на детето (2.4.2015 8:35:24)

ИЗВОРНА ПОРАКА: rici

Pomaloto dete ima 2, 6 godinki, ama nekako tesko mu odi govorot, za razlika od prvoto koe uste kako malo bese kako "advokat". Znaci jas go razbiram sto zboruva ama drugite ne, nekako tesko gi izgovara nekoi bukvi i ne e bas razbirlivo (za drugite). Jas sum po cel den so nego i si go razbiram sto saka da kaze. Mislenje???

Ilina87 -> RE: Говор на детето (29.5.2015 15:09:13)

Од која возраст децата почнуваат да поврзуваат по две зборчиња? На 20 месеци син ми знае околу 50 зборови. Тешко ни оди со учење на нови, не повторува по мене за да научи нешто друго. И тие што ги знае не сите ги кажува правилно. Инаку разбира се. Паничам бидејќи го споредувам со други на негова возраст кои веќе и ги поврзуваат зборчињата, знам не треба споредби ама пусти страв [sm=smiley1.gif]

deluxe -> RE: Говор на детето (29.5.2015 17:42:16)

Илина без грижи.секое дете си е своја приказна,не се сите исти.Не споредувај го со другите.Еве и син ми сега почна да поврзува зборчиња,а има 2 години и 8 месеци[sm=smiley1.gif] За разлика од него,ќерка ми на 2 години зборуваше перфектно[sm=jezicek.gif]Ете пример за разкиките од дете и дете,една мајка ќе ги раѓа пак не се исти[sm=smiley36.gif]

Malecka23 -> RE: Говор на детето (29.5.2015 18:13:34)

Mojava do kaj negde 18-20 meseci zboruvase po nekoe zborce i pak na nejzin jazik.A sega 2god i 8meseci mele ko naviena i makedonski i angliski od mini max srpski nauci i masa i medved pesnite na ruski gi pee.Taka da uzivaj i nemoj da forsiras za da ne stvoris otpor.Koga deteto ke saka samo ke se pusti.

lukajana RR -> RE: Говор на детето (29.5.2015 18:26:53)

Л до две години ништо не збореше ни мама ни тато буквално ништо и како преку ноќ да прозборе и тоа течно цели реченици дури и песни почна да пее ,не му се секирај ке почне убаво да зборува и не споредувај со други деца посебно не по муабети моето вака моето така дека знаеме малку и да претераме во фалењето на децата[sm=smiley2.gif]

marchi -> RE: Говор на детето (29.5.2015 22:30:07)

jas epten se zagriziv, do nepolni 2 godini stefan edvaj mama tato zboruvase sega vo rok od recisi 3 - 4 meseci kako od puska se razzboruva i toa kako masina :)

Ilina87 -> RE: Говор на детето (29.5.2015 22:36:16)

Ова ми дојде како добра утеха, фала ви многу.

tomato -> RE: Говор на детето (29.7.2015 9:41:09)

Драги мои

Еве и јас да напишам два збор аза мојот син од 17 месеци. Не збори ништо но има извици кои не се артикулирани во зборови.
Лекарката увиде забавен развој на психомоторен систем и ни кажа да почекаме до после 18ти месец да видиме како ќе се развива ситуацијата.
Инаку тој си е многу весел, играме криенка, се бркаме, плескаме со рачиња итн. ама докторката кажа да се се следи ситуацијата за аутизам (најмногу заради недостатокот на говор) иако има добар контакт со очи и се смее и споделува емоции.

Од денес ќе почнеме со омега 3 па ме интересираше дали правите некои вежби за стимулирање на говор и дали имате некои совети за еден загрижен татко. Проблемот е што малиот ако сака ќе научи нешто веднаш (на пример како да се симнува од кревет и слично) ама ако не сака тогаш се е инает и борба.

T

deluxe -> RE: Говор на детето (29.7.2015 18:00:12)

ИЗВОРНА ПОРАКА: tomato

Томато добро ни дојде на форумот!!
Го прочитав твојот проблем повеќе пати и никако не ми фаќа место ,тоа што детето не зборува на 17 месеци.Мојот син прозборува сега на 2 години и 8 месеци.До тогаш си зборуваше по негово,единствено мама му беше јасно изговорен збор.Според мене ,треба да си побарате второ и трето мислење ,бидејќе навистина детето ви е малечко.Исто така деца со аутизам најчесто не соработуваат со околината,не се дружат,не играат....А како што прочитав детенцето ваше си е супер.За да го развиете говорот пробајте да читате сликовници,пуштајте песнички на Ју тјуб, нека се дружи со дечиња.
Во секој случај бидете трпеливи,не го форсирајте,тоа самото ќе ве изненади преку ноќ со зборови[sm=smiley1.gif]

tomato -> RE: Говор на детето (30.7.2015 10:41:44)

Драга deluxe
Благодарам на добредојдето и поддршката која нависитна многу ми значи.

Работава со малиот е што не оди самостојно туку се држи а раче а и не покажува со прст на тоа што сака.

Никако не го форсираме туку се правиме низ игра :) а тој само се смее (срцка пилешка). Планираме до одиме во ПЗУ Калинка во Влае па ако има некој претходно искуство со нив би замолил да сподели.

Уште еден поздрав и благодарност
Т

deluxe -> RE: Говор на детето (30.7.2015 13:36:22)

Томато направете ги сите потребни испитувања,побарајте повеќе мислења,не се задржувајте само на едно.А тоа што детенцето не оди самостојно на што се должи?Не е доволно цврсто или чувствува страв??
На форумот имаме доктор педијатар,кој одговара на нашите прашања и дилеми,би можеле да се консултирате со неа.
Еве ТУКА пишете ,сепак таа се тука за нашите прашања.
Ви посакувам се најдобро и известувајте не за вашата состојба[sm=smiley31.gif]

Defne90 RR -> RE: Говор на детето (1.8.2015 11:48:32)

ИЗВОРНА ПОРАКА: deluxe

ИЗВОРНА ПОРАКА: tomato

Драги мои

Еве и јас да напишам два збор аза мојот син од 17 месеци. Не збори ништо но има извици кои не се артикулирани во зборови.
Лекарката увиде забавен развој на психомоторен систем и ни кажа да почекаме до после 18ти месец да видиме како ќе се развива ситуацијата.
Инаку тој си е многу весел, играме криенка, се бркаме, плескаме со рачиња итн. ама докторката кажа да се се следи ситуацијата за аутизам (најмногу заради недостатокот на говор) иако има добар контакт со очи и се смее и споделува емоции.

Од денес ќе почнеме со омега 3 па ме интересираше дали правите некои вежби за стимулирање на говор и дали имате некои совети за еден загрижен татко. Проблемот е што малиот ако сака ќе научи нешто веднаш (на пример како да се симнува од кревет и слично) ама ако не сака тогаш се е инает и борба.

T

Томато добро ни дојде на форумот!!
Го прочитав твојот проблем повеќе пати и никако не ми фаќа место ,тоа што детето не зборува на 17 месеци.Мојот син прозборува сега на 2 години и 8 месеци.До тогаш си зборуваше по негово,единствено мама му беше јасно изговорен збор.Според мене ,треба да си побарате второ и трето мислење ,бидејќе навистина детето ви е малечко.Исто така деца со аутизам најчесто не соработуваат со околината,не се дружат,не играат....А како што прочитав детенцето ваше си е супер.За да го развиете говорот пробајте да читате сликовници,пуштајте песнички на Ју тјуб, нека се дружи со дечиња.
Во секој случај бидете трпеливи,не го форсирајте,тоа самото ќе ве изненади преку ноќ со зборови[sm=smiley1.gif]

Исти бевме значи и ние.Мене и двајцата синковци на две ипол години ми прозбореа.На 17 месеци и кај нас беше само неартикулиран говор.А познавам и такви деца кои што прозбореа на година ипол.Други пак дури откако наполниле три години прозбореле.И јас бев тогаш во истата дилема и доста загрижена,ама сепак накрај увидов дека секое дете си е различно со својот развој.Има право делукс за да се развива говорот побрзо читајте му сликовници,нека се дружи со деца,зборувајте му постојано дури иако мислите дека тоа не ве разбира.Сето она што го правите објаснувајте му го.И јас сум целосно сигурна дека со тек на време ќе си прозбори детето.[sm=smiley1.gif]

emi777 -> RE: Говор на детето (7.8.2015 16:10:07)

Јас сакам да ве прашам за совет.
Имам три деца. Со првите две деца немавме никаков проблем во врска со говорот. Релативно мали почнаа да зборуваат. Но, со третото сум загрижена. Тој од почеток нормално напредуваше со говорот - почна први зборови околу 9-10 месеца и добро напредуваше до кај 2 год и неколку месеца. Комуницираше и одговараше на прашања до тој период. Но, потоа одеднаш стопира да зборува. Не сакаше веќе да одговара на прашања кои претходно одговраше, пр. Како се викаш? Колку години имаш? и сл.
Тој период имавме преселба и многу плачеше. Па не сакав да го форсирам. Мислев му треба малку време. Но, времето одминуваше, а тој како да одеше на назад а не напред.
Да скратам...
Сега има 3 години и 2 месеца и многу слабо зборува и комуницира. Кажува пример: сакам да јадам, сакам вода.... но, не сака да комуницира. Цело време за целиот период пее. Течно, убаво ги изговара зборовите во песните, но не сака да зборува. Инаку веројатно има влијание и гледање цртани на англиски. Забележав дека многу зборови кажува на англиски: боите, овошје, абц-да, брои на англиски...или јас почнувам да бројам македонски 1, 2, 3... тој продолжува на англиски.
Друга работа што забележав е дека работите ги запамтува брзо, ама тоа е како преснимување ... пр. пред извесно време неговиот постар брат сакал да слика со телефон, а тој снима и вели : „ Е јас ќе снимам...“ И тој забележав неколку пати го пушти и повторуваше точно од збор до збор.
Инаку гледам дека ме разбира се и слуша и избжвршува наредби. Повеќе ми се чини, како „да решил да не зборува“, како да се инаети. Но, не знам дали е такво нешто можно.
Бевме во клинички центар за слух и говор... Ни рекоа мал е за вежби. Го носев и кај Симпо. Но и таму ни рекоа како рано е за дијагноза да се работи дома и за неколку месеца да одиме пак.
ВЕ МОЛАМ ЗА СОВЕТ. Каде да се обратиме. Дали има некоја приватна клиника или сл. Јас сум навистина загрижена и навистина ми е потребна помош.

sandriana RR -> RE: Говор на детето (8.8.2015 22:31:12)

emi777, мене опишаниов случај ми личи на психолошки стрес,пост трауматска последица...а не на проблем со говорот. Од Симпо баш и нема многу задоволни посетители, да се распрашате за приватен психолог евентуално, кој би знаел правилно да ве насочи каде да барате помош и каква...
Верувам дека не е нешто многу сериозно и дека бргу ќе го надминете.
Инаку, искуства за детски психолози има споделувано ТУКА.

Страница: <<   < Претходна страница  6 7 8 [9] 10   Следна страница >   >>