RE: Инхалатор за домашна употреба (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Семејно здравје



Порака


Viktori -> RE: Инхалатор за домашна употреба (24.5.2010 0:18:45)

маца, со салбутамол, само ако има тешки опструкции. Ако се полесни и ако полесно го исфрла шлајмот само со физиолошки раствор.

Салбутамолот ствара зависност во долготрајна употреба.
Син ми правеше инхалации со физиолошки раствор 2х на ден, ама јас не земав инхалатор туку го носев кај др Славица Тодоровска. Откога почна инхалации да прави, антибиотик не видовме веќе. За разлика од претходно на 2 недели пиеше нешто...




Maca25 -> RE: Инхалатор за домашна употреба (24.5.2010 13:54:18)

Сега докторка од Козле ни препиша салбутамол, затоа што испи 2 антибиотика и уште не е оздравена. Ама ете пишав што се случи со инхалаторот на докторката, сега ќе чекам до вторник за делот да ни го дадат. Во меѓувреме се распрашував по луѓе за да ни позајмат инхалатор, ама за чудо никој нема. Затоа јас мислам да си купам, здравје од следна плата. Искрено не ми се труе детевео више со антибиотици, ќе пробме вака да се лечиме. 




Albi -> RE: Инхалатор за домашна употреба (13.10.2010 14:57:20)

Dali nekoj znae dali mozam da go inhaliram mojot bebus (6 mesecen) dodeka spie. Cela nedela e so zatnat nos i kaslica vcera kupivme inhalator ama nemase sansi poveke od 5 sekundi da mu ja drzam maskata vo lice




mami2 -> RE: Инхалатор за домашна употреба (13.10.2010 15:29:29)

Алби, по 6 престои на пулмо мислам дека можеш да го инхалираш во сон, затоа што во болница моето го инхалираа на 4 часа, само да е подисправно, ем да не истекува растворот, ем било подобро.

Инаку за толку мало дете можеш да купиш чадор или шатор за инхалирање, го видов во Зегин Буњаковец пред 2-3 недели. Се поставува над главата на детето додека спие, такво користевме на интензивна во Козле. А за маска треба навикнување ама тоа не дај Боже да треба, моево сега само ја држи, а мене[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]
побрзо оздравување




Albi -> RE: Инхалатор за домашна употреба (13.10.2010 15:50:38)

Fala ti mnogu Mami ke probam vecer pa ke vidam dali i kaj nas ima takvi cadori pa daj boze da pomaga




lila_mk -> RE: Инхалатор за домашна употреба (14.2.2011 10:46:59)

ele i pak ista prika.2 meseci ne ja prakav vo gradinka imase bronho-pneumonija i da zazdravi malku ajde vikam doma neka bide malku izolirana. cetri dena,samo cetri dena bevme vo gradinka i petokot na lekar, kaslanje, nose so zolti mrsuli, zasipnat glas, sreka nema temperatura. kaj nas na slusalki nema nisto, mada i so pneumonija nisto ne se slusase, renten potvrdi deka istvari se raboti za BP.sega sme na aciklovir- nekoj nov sirup na alkaloid, zemav od toj balsamot na dr. tajs , mulivitaminski sirupcinja i sakam da zemam nekoj inhalator. pa kazete mi kakov da zemam. ima elektricen od 2600 den pa do 5000 den i obicen od galafarm 280 den.i uste nekoj imalo isto takan obicen so maska ama nemozam da go najdam. toj na galafarm mi izgleda nekako obicno, ima sadce plasticno kako onie za cedenje limon i nad nego kapak i mesto kade deteto treba da ja stavi ustata, noseto, ama nekako ne mi e bas.....ajde pisete kakov imate vie , kakov treba da zemam, i so sto inhalirate, dali samo so fizioloski ili ima nekoi specijalni kapki?




Viktori -> RE: Инхалатор за домашна употреба (14.2.2011 10:53:15)

Лила син ми правеше инхалации некогаш со физиолошки раствор, некогаш со неколку капки салбутамол внатре. Ама мислам тоа со лекар да се консултираш...
Инаку јас имав спејсер. Тоа е пластично чудо, големо како тиквичка со дупки од двете страви од едната страна се распрскува спрејот (фликсотида на пример) а од другата страна детето вдишува со тоа што го има во устата целиот отвор. Нека не те замара ни формата ни цената. Мене спејсерот ми заврши ептен работа. Треба да е практичен, ништо друго.

и мислам дека доктор тајс е џабе пари. Ние барем имавме такво искуство. Имав и поленблокер и триста други чуда божем поприродни ама некако везе ко да немаше...




lila_mk -> RE: Инхалатор за домашна употреба (14.2.2011 11:49:13)

abe mnogu raboti se dzabe pari ama so ke pravis, si vikas aj ova ke probam, ajde ova i ko ke vidis edna nastinka te kosta okolu 1500 den, balsamot vikas ne go biva.....ajde nema veze.ke zneme za drug pat da ne kupuvame.ke proba,m spiser ke vidam , mora nesto da i zemam, thanks vitori




Maca25 -> RE: Инхалатор за домашна употреба (14.2.2011 12:28:35)

Јас нарачав инхалатор од Цептер, имам уште 2 месеци отплаќање па ќе го земеме дома. Нина е постојано затната, а тргне во градинка почнува да кашла, носот да и се затнува, а во последно време ме префаќа и мене често. Така да наместо антибиотици, ќе си се инхалираме дома двете. 




mami2 -> RE: Инхалатор за домашна употреба (14.2.2011 14:13:18)

Ние имаме два типа: едниот е бебихалер како оној што го опиша Виктори, со отвор за спреј од едната страна и тој ни е за секојдневната терапија препишана од пулмолог.
Вториот е на струја ( небулизатор) го користиме при настинки со физиолошки раствор, а кога има опструкции, пневмонии додаваме медикаменти: Салбутамол, Атровент, Бисолвон исклучиво по препорака на лекар. Купен е околу 3000 денари




Maca25 -> RE: Инхалатор за домашна употреба (16.2.2011 10:25:49)

бебихалер и спрејсер е едно исто? Каде да најдам, и колку се? 




mami2 -> RE: Инхалатор за домашна употреба (16.2.2011 11:34:42)

Бебихалерот го има во аптеки, јас го земав од Зегин околу 1200 денари. Мислам дека треба да ти препорача лекар кој тип да го земеш, затоа што има пократок и подолг тип.  Нашиот е од подолгиот тип. Се` зависи од намената, кај моето дете е за превенција на астма.
Треба и мала обука околу користењето, правилно поставување, одржувањето, миење на халерот која ни ја спроведе физијатарот од пулмологија на Детска Клиника. 




Maca25 -> RE: Инхалатор за домашна употреба (27.5.2011 15:18:35)

јас го земав овој инхалатор од Цептер
[image]http://www.zepter.com/zepter.com/files/e9/e985b898-2fa2-4463-8acd-3bd2892c6dbf.jpg[/image]




JovanaJ -> RE: Инхалатор за домашна употреба (25.10.2011 16:49:03)

Pred nekoja nedela kupivme nebulizator "Piconeb" 2990 den.
Ima maska za deca i vozrasni...se nadevam ke bide dobar. Sme go koristele samo 2-3 pati do sega




Yummy Mammy -> RE: Инхалатор за домашна употреба (26.10.2011 12:20:36)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca RR

јас го земав овој инхалатор од Цептер
[image]http://www.zepter.com/zepter.com/files/e9/e985b898-2fa2-4463-8acd-3bd2892c6dbf.jpg[/image]



I Maco kako si zadovolna? Ustvari prasanjeto poveke mi e kako Nina go prifaka? Dali ti go prepisa doktor ili na svoja raka go koristite?
Mene mi treba za Sofi, non stop e zatnata, uste od malo bebe ima sinusi, nikogas ne e bolna, ili da kazam mnogu retko e bolna so temperatura i kaslanje, no zatoa postojano e zatnata, celo nose i e blokirano. Nikakvi kapki veke ne ni pomagaat.




Maca25 -> RE: Инхалатор за домашна употреба (26.10.2011 12:48:21)

Нина го прифати најнормално, знае дека дишењето со маска на лице трае кратко и не се буни, ниту плаче или плаши.
јас не ја инхалирам кога и е затнат носот, туку само кога кашла. Кај неа делува супер. После 2 дена инхалирање исфрла се и се смирува кашлицата.




stela -> RE: Инхалатор за домашна употреба (28.10.2011 20:22:36)

I nie zemavme "pikoneb" inhalator, zaradi zatnato nose sega sakame da go koristime. A me interesira kolku treba da trae edna inhalacija??




Maca25 -> RE: Инхалатор за домашна употреба (28.10.2011 20:31:29)

Околу 5 мин?!? Толку трае кај нас обично. 




stela -> RE: Инхалатор за домашна употреба (29.10.2011 23:02:02)

Fala Maca :)




dostickage -> RE: Инхалатор за домашна употреба (2.11.2011 14:51:56)

Maco so prai e Zepter-ot?

Tx:-)




dostickage -> RE: Инхалатор за домашна употреба (2.11.2011 14:52:21)

mislev so pari e Zepter-ot :-)




Maca25 -> RE: Инхалатор за домашна употреба (2.11.2011 15:09:53)

околу 12.000 денари




Yummy Mammy -> RE: Инхалатор за домашна употреба (7.11.2011 14:17:58)

Dali moze nekoj da mi preporaca drug inhalator za deca osven Cepter?
I bitno mi e kolku vreme trae edna terapija dnevno, zasto ne znam kolku dolgo ke mozam da ja drzam kerka mi so toa... Inace mi treba za zatnati sinusi. Uste od malo bebe kerka mi ima sinusi i site doktori i se cudea, ama taka e, ne se razboluva, ne kasla, ne i se sleva nadolu, samo se blokira i ni nadvor ni vnatre nisto ne prodira.




penelopa -> RE: Инхалатор за домашна употреба (30.1.2012 10:30:28)

Јас сериозно размислувам да купам инхалатор за домашна употреба за син ми бидејќи кога е настинат само тоа го спасува. Најверојатно ќе земеме од компресорски од Medikoel најмногу го фалат работи на ист принцип како што имаат во болница. Ќе пишам колку сум задоволна деновиве ќе го купиме.




arh_diz -> RE: Инхалатор за домашна употреба (30.1.2012 10:49:55)

Jas imam inhalator nubilajzer , bez nego nikade[sm=smiley36.gif].
Dosega ne sme primile antibiotik.Stom ke se raskasla pravime inhalacija




Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>