masa -> RE: Инхалатор за домашна употреба (7.2.2013 15:25:36)
|
Здраво на сите. Јас сум нова и до сега само читав информативно но сега МОРАВ да пишам зошто многу пати сум нашла одговори токму овде без да имам потреба да прашам [sm=smiley36.gif] Најверојатно незнаете но пред некое време инхалатори можат да се земат преку фондот со потврда од педијатар. И јас незнаев, значи докторите, незнам од која причина не кажуваат, но ми кажаа во Зегин. Предходно ги поминав еден куп аптеки барајќи и споредувајќи марки и цени и таман да извадам пари да го платам ми кажа вработената.Само треба потврдата да биде со ист датум,значи не го земавме тој ден туку наредниот. Сега точно како оди процедурата незнам зошто мене една пријателка ми ја заврши целата работа,јас само потврдата ја однесов,но од други искуства слушнав дека не давале сите доктори на сите дечиња ако немале асма или дуга хронична болест,но има и доктори што даваат на сите.Значи зависи од докторт.А во многу аптеки не ни знаат за ова.Имам две пријателки што работат во аптека и од мене прв пат слушнаа.Затоа пред да купите побарајте си од кај матичните потврди зошто ви следува. А што се однесува до употребата многу е лесно и мислам дека нема разлика од оние во амбуланите и овие што можат да се купат.Дури е подобро дома да се инхалирате зошто е похигиенски прво,а второ можете кога сакате да го правите (секако по препорака на доктор) без да мора да ги изнесувате на ладно и онака болните дечиња. Ние сега имавме опструктивна кашлица и прво се инхалиравме четири дена со вентолин првиот ден по 0,3мл значи не 3мл (ова 10 пати ми го нагласи матичната) првите два пати на 5 часа(на толку најмалку може да се инхалира со вентолин) после на 8 часа по 0,2мл и после тоа 10 дена со пулмикорт два пати на ден по 0,5мл и ми кажа матичната,некаде погоре имаше прашање за пулмикорт дека може до 48 часа да се користи одкако ќе се отвори(во упатството пишува 12 часа,а во аптека ми рекоа само за една употреба).Значи ние цел го користевме 2мл колку што е пакувањето.
|
|
|
|