AnnaMolly RR -> RE: избор на црква (18.11.2010 23:04:16)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: niki Јас сум по убедување атеист, иако сум крстена, венчана во црква, а и ќерка ми ја крстевме. Избор на црква за мене е најбанална работа за која не вреди да се троши енергија во расправија која ќе била. Најлогично ми е да биде некоја која е најблиску до домовите на младенците, а не само заради црква да се поминуваат километри на денот од свадбата и додатно да се малтретираат и тие и гостите. Почитувам верници кои држат до храмот во кој обично одат, но сметам сосема безпредметно да се прави престиж од тоа каде церемонијата венчавка или крштевка би била извршена, бидејќи вистинските верници се верници во душата, а не заради црквата во која одат. И јас сум атеист, но сум крстена и се венчав во црква. Кога се подготвувавме за свадба, го прашав мм дали би му пречело ако не се венчаме во црква. Тој е верник и сакаше да одиме во црква, многу му значеше. Решив да не се расправам за нешто толку неважно и се сложив. Тој ја одбра Св. Димитрија, па се совпадна некако дека и јас таму сум крстена и се направи меракот на мојата фамилија. И Филип ќе го крстиме, и тоа вопшто не ми пречи. Кога ќе порасне слободно може да одбере дали ќе биде атеист, христијанин, будист или муслиман, сеедно.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]
|
|
|
|