Bitolcanka -> RE: соновник (26.1.2010 19:05:30)
|
Мами според ова што велиш дека често сонуваш ... Мислам дека многу се грижиш, мислиш на многу работи и на јаве и тоа ти се одразува на сон - многу сонуваш. Не знам да толкувам сонови, само знам дека се што е лошо на сон, значи добро на јаве и обратно. Имам книга-соновник (ја купив еднаш на саем) па можам да видам за почестите симболи. Јас не сонувам често, инаку верувам во сонови. Некогаш тие се како претскажување за тоа што ќе ни се случи на јаве. Некои толкувања ми се исполниле, така да малку верувам во соништата. Долго време немав сонувано ништо (некогаш и кога сонувам наутро не се сеќавам на сонот воопшто) и пред околу 2 недели сонував ... Сум се подготвувала за мојата свадба, 2 часа пред одењето во ресторанот каде што требало да е прославата, сум го облекувала невестинскиот фустан, кога ненадејно, не се сеќавам од која причина ... се откажала свадбата [sm=zmeden.gif] Сум се грижела дека нема да знаат поканетите гости кои не беа дојдени дома кај мене, ќе одеа директно во ресторанот, дека е откажана ... Тоа го сонував пред да се разбудам (велат соновите наутро се исполнуваат, така пишува и во книгата што ја имам). Наредното утро, пред да станам сонував друг сон ... Сум имала гости дома, па си заминала, а јас сум ги испратила. Тоа беше една по друга вечер (претходно многу време немав сонувано). Мајка ми има една пријателка која знае да гледа на кафе и да толкува сонови, па ја праша неа по телефон за соновите. Таа и рекла дека значат дека ќе надминам некоја препрека, добро било што се откажала свадбата и што заминале гостите во другиот сон. Во врска со сонот за дедо ти, мислам дека многу ти значел и значи, дека ти недостига и често мислиш на него. Јас така порано го сонував дедо ми што е починат, како е жив... А некогаш другиот дедо што е жив го сонував дека починал, плачев и во сонот и кога се разбудив. Неговата смрт во сонот се толкувала дека долго ќе живеел.
|
|
|
|