Bitolcanka -> RE: соновник (4.10.2010 9:16:19)
|
Мама26, пак јас со соновите ќе те погњавам [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif] Ако? [sm=smiley1.gif] Утрово сонував поинаков сон, малку исплашена, изгледаше толку вистинит во сонот (впрочем секој сон изгледа вистинит [sm=smiley1.gif] ). Сонував дека едно утро сум родила машко [sm=duda.gif] Без претходна бременост, голем стомак и сл. [sm=smiley36.gif] Сум била сама на болница, не сум почувствувала болки од породувањето. Сме дошле дома сами со бебчето веднаш (ни сама не знам како) и сум сакала да го нахранам, како што е редот. Но, не сум можела ... Постојано доаѓале некои гости, ѕвонеле на звонче, на дамофон (сум живеела во зграда поголема, како во некој комплекс) ... Не сум можела да ги откачам брзо луѓето. Прво една тетка, дознала за случајот и си замина набрзо, потоа некои сосетки желни и страдни за оговарање, изгорени од љубопитност ... Денот поминувал, а бебето немало цицано воопшто. Не сум знаела на кој да кажам, не сум сакала никој да дознае (иако знаев дека тоа не е можно за долго) и сум отишла кај една братучетка во соседството. Бебето за тоа време лежело на креветот во мојата соба заклучено. Братучетка ми (искусна мајка на тинејџер) не кажала ниту збор, само излегла и се вратила со една постара жена, претпоставував - бабица некоја. Дојде таа со мене и рече веднаш да јаде бебчето, потоа ќе мислиме на друго. Сум се затворила во собата, тоа, кутрото веднаш почнало да цица, гладно цел ден, но прекина кога некој затропа на вратата. Ѕирнав, некоја непозната жена (а ги познавала моите) кажала некои неубави зборови, нешто како: "Само кога ќе дознаат твоите, ќе пукне срам ...". Сум ја избркала и сум помислила: "Ништо нема да биде ни свадба, ни враг, што ќе правам ..." Тоа беше накратко кажано. П.С. Малку се изненадив од датата - 3 октомври. На таа дата сум родена, само друг месец, на истата дата - 3.10. дипломирав и ми се имаше погодено на еден тест дека на таа дата ќе стапам во брак, па се водеше жестока дебата на истиот тест со една личност не многу одамна [sm=jezicek.gif] Видов во соновникот, пишува: БЕБЕ Ако вие сте добиле бебе: неочекувана и голема среќа. Ако храните бебе: чувајте се од луѓе кои ви ласкаат. Јас сепак мислам дека сонот е од премногу слушање и гледање на бебиња на форумот, на фб, слики од бебиња од блиски роднини, слики од трудници на компјутер ... Најверојатно треба да намалам, психички се оптеретувам [sm=zmeden.gif]
|
|
|
|