RE: бебе и клима (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Разговори на родители



Порака


mila mama -> RE: бебе и клима (22.6.2011 23:50:04)

Doma seuste ne sme uklucile klima, nemalo potreba do sega,no uklucivme ednas vo avtomobil i sledniot den imavme zatnat nos. Go povrzuvam so klimata zasto nemase drug faktor toj den sto bi vlijael na toa. Sega vo avtomobil uklucuvame samo ventilator i otvorame malku prozorec,kolku da strui vozduh,a koga ke dojde vreme za klima doma planiram da pustam klima vo edna soba, a so bebuska da sedime vo druga, da ne sme direktno izlozeni na laden vozduh.
Inaku imame klima od Fonko klimatizeri i sum zadivolna!




Viktori -> RE: бебе и клима (1.7.2011 23:10:08)

Нормално да клима кога е 45 степени. Не да му дува во глава на бебето, ама може да се лади во дневна а да биде отворена врата од спална и така.

Ама мислам дека е многу лошо бебе да спие во претопла и преспарна соба, поготово ако се работи за мали бебиња на кои внатрешниот термометар се уште не им работи правилно.




Maca25 -> RE: бебе и клима (1.7.2011 23:20:00)

И ние дома немаме уште уклучено клима, немавме потреба, не фатиле уште горештини. А додека беше бебе уклучував клима од време на време додека спиеше и од дневна отварав врата и во спална да и се лади. Не трпи моево дете ни сега многу топло, а ни кога беше бебе. 




AnnaMolly RR -> RE: бебе и клима (1.7.2011 23:24:35)

Nie od prv den bevme so klima zasto sme vo potkrovje I ne se disi od sto e pekol. Samo normalno nikako direktno vo bebeto. Ili da e vo druga soba pa da vleguva ladno. Jas nikogas ne ladam pod 26 stepeni ama ako nadvor e 35 stepeni sosema e dovolno. Utre ke pisam za toplenje so klima sega se nerviram so mobilniov sto nema kirilica mnogu mi e grd postov




Nadezna -> RE: бебе и клима (6.7.2011 0:47:40)

ИЗВОРНА ПОРАКА: bombica

Jas treba naskoro da se porodam i bas razmisluvav na ovaa tema.Kaj nas kukava e pekol mislam deka e vo natre potoplo odkolku nadvor.So mazot mi celo leto spieme so klima oti inaku ne se spie.E sega koga ke dojde bebusov neznam kako ke pravime,Spalnava ko spalna e mala kaj i da go stavam krevetceto ke go duva direktno,


Ke ja uklucis klimata da duva pred da go vneses bebeto vo soba




Палешка РР -> RE: бебе и клима (15.7.2011 7:36:33)

Јас бев многу против за клима во простории во кои живее бебе, но оваа жештина не се издржува [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]
И ние одлучивме да ставиме клима во ходникот, па се надеваме дека ќе ги лади и двете соби умерено.




Maca25 -> RE: бебе и клима (15.7.2011 11:38:01)

Ние од пред 2 дена почнавме да уклучуваме клима. Ја пуштам на 19 степени, отвараме врати секаде да се лади, а ние одиме во спална да се тркаламе на кревет [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]. И затоа не осеќаме многу дека ни дува. Инаку поставена е над балконската врата и дува директно кај играчките на Нина. Кога она си игра таму не пуштам клима. 




topce -> RE: бебе и клима (15.7.2011 11:50:57)

пуштаме клима ама внимаваме да не сме во таа просторија кај што дува.
еве веќе 1 недела и спиеме со уклучена клима ама климата е во дневна така да кога ќе дојде до нас во спална таман е за спиење. инаку малото е многу склетчија така да греота ми е да ја чувам на топлото. гледаме дома да ни е од 25 до кај 28 степени. кога излегуваме на шетање исто така правиме само што ја пушатме малку појако да дува и после е топ внатре.
сакав да додадам и за климата во кола. кога ја купувавме јас бев многу против меѓутоа сега не можам без неа.
си ја подесуваме на одредена температура и надвор колку сака нека биде. лани ја искористивме и за подолг пат и супер беше и покрај тоа што патувавме во најголемите горештини. ако се подеси дувањето, правецот и температурата топ работа е.




blond -> RE: бебе и клима (15.7.2011 18:59:06)

Иако пред пораѓај многу се двоумев дали да ја уклучувам климата, штом стапнавме дома со бебушот, веднаш ја вклучив без ни малку да се двоумам. Па кај нас не се дише без клима. Инаку климата е во трепезарија и дува накај дневна, ама ја подесувам да дува во земја и не се чувствува директно мавање во дневна (каде што минуваме цел ден со Јован).
За жал не можеме да отвориме врата да се лади накај спална бидејќи имаме внатрешни степеници и бега ладното надолу, а горе останува пеколно.
Затоа сега си минуваме 24 часа во дневна, со клима подесена на 25 степени.




Martins mom -> RE: бебе и клима (15.7.2011 22:56:46)

Епа кај мене ситуацијата е на завидно ниво. Ние апсолутно немаме потреба од клима[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image] Живееме под Пелистерот и домче ни е таман, двор имаме и на предниот и задниот дел од куќата. До12часот пред куќа е сенка, после фаќа сонце, па после 12 си се преместуваме во дворот позади кај што има дрвца и ни држат убава ладовина....Абе милина




AnnaMolly RR -> RE: бебе и клима (15.7.2011 23:07:42)

Филип се поти како ненормален! Цееееела ноќ се открива, се превртува во кревет, а штом пуштам клима да разлади спие како јагне. Кај нас во поткровје е пекол без клима. Ама мене нон стоп ми е на 28, минимум 27. Поладно не пуштам.




mamiko -> RE: бебе и клима (19.7.2011 12:00:18)

blazesi vi Martins mom RR , nema nesto prekrasno od prirodna ladovina.
nie ja uklucuvame klimata i dodeka spijat decata ama niv gi ostavame vo druga soba.





dostickage -> RE: бебе и клима (19.7.2011 12:02:40)

kazuvaj koga da dojdeme na kafe pod pelister stom taka :))))




Ikana -> RE: бебе и клима (17.6.2012 19:44:33)

Мене не ми е јасно како би издржала без клима, и јас и бебето. Значи од потење, по 5 пати дневно ја пресоблекувам ако не пуштам клима. Лади на 22 степени, бебето е по боди и босо, но не дува директно во неа, нормално. Додека е пуштена климата ние сме во истата соба, но ја отварам вратата од претсобјето и некако се изедначува температурата, околу 25 степени.




Dominika -> RE: бебе и клима (18.6.2012 10:56:18)


ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR

Филип се поти како ненормален! Цееееела ноќ се открива, се превртува во кревет, а штом пуштам клима да разлади спие како јагне. Кај нас во поткровје е пекол без клима. Ама мене нон стоп ми е на 28, минимум 27. Поладно не пуштам.



Леле, и кај нас е иста ситуација. Станот ни е на југо-исток, а плус и на поткровје и е пекол [sm=smiley19.gif] Не знам како ке го поминеме летово[sm=smiley13.gif] Климата ја уклучуваме, не бива без неа. И покрај тоа што е уклучена на 24, не оладува повеќе од 27-28




elenak -> RE: бебе и клима (18.6.2012 14:49:57)

Леле луѓе мм ми иде да го пратам во Сахара [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] Абе на овие горештини него се му е таман, па не дава клима да пуштам а дома 28,5 степени [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]. И упорно ми тврди и дека на  не и било жешко штом и него не му е. А јас оти се растопувам сум била с''клетчика. Точно во куќа сме на приземје над нас има уште еден спрат не е пеколно ама пак подруго е кога малку ќе се разлади. А инаку климата е во претсобјето не ни дува директно. Ќе има кавги летово  [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




lilicka -> RE: бебе и клима (18.6.2012 16:10:35)

Јас сум многу против клима мене лично ептен ми сметаа......ама па ептен е жешко уште од Јуни што ли ќе сеправи ви Август[sm=smiley29.gif]по малку ги пуштам климиве дома ама пак ми е страв детево почна да ми киваа....имам уплав да не се настине внатре 23 надвор 40




Kande -> RE: бебе и клима (3.7.2012 12:03:18)

Мамички сите со истите проблеми исто и кај мене климата ми е кујна и дува најкај дневна ама ја спуштам на долу и во собата е константно 26 степени но ми е страв само од тоа пусто дување да не и дува неа во главчето пошто во секој случај се осеќа некое ветренце а имаме само 6 дена се плашам многу .Рингерајки јас сум ново печена мамичка и ве молам помагајте !!!!!!!![sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif]




Ikana -> RE: бебе и клима (3.7.2012 12:34:21)

Мислам дека немаш толку потреба од клима сега....бидејќи сте толку малечки....пушти ја кога бебето нема да биде во собата, нека олади и после тоа угаси ја....и прави така кога ќе осетиш дека станува многу топло...




Octavia -> RE: бебе и клима (3.7.2012 12:35:47)

Кај климите има опција за рачно местење на внатрешните лопатки, оние што се не за дување горе или долу, туку лево/десно насочување на воздухот. Насочи го дувањето на спротивна страна од бебето. А лопатките за горе/долу најдобро е да ги наместиш да дуваат нагоре, кон таванот. Топлиот воздух и така се крева нагоре, вака е најдобро и за мешање на воздухот и за да не дува надолу, кон луѓето. И од време на време сепак мора да се отвори прозорец и да се остави да влезе воздух.




Yummy Mammy -> RE: бебе и клима (4.7.2012 13:25:58)

Не знаев дали ова да го сместам тука или во темата Страшно.
Како и да е, внимавајте!

Бебенце починало поради температурен шок кога излегло од климатизиран автомобил
СРЕДА, 04 ЈУЛИ 2012 12:22 СВЕТ

Бебенце на 1.5 годишна возраст почина во босанскиот град Сански мост починало поради температурниот шок кој го доживеало. Имено детето излегло од автомобил кој бил климатизиран и за 20 степени пониска од надворешната.

Веднаш по излегувањето детето доживеало шок по што веднаш било префрлено во болница каде детето било констатирано смрт како последица на престанок на работа на срцето.

Според весникот Независне новине, момчето со своите родители допатувало во БиХ од Шведска за да ги посетат своите роднини.




Junona -> RE: бебе и клима (10.7.2012 13:20:50)

Вклучувате ли клима дома,мајки?посебно тие што имаат мали бебиња од 2-3-4 месеци?




Andriance -> RE: бебе и клима (10.7.2012 14:37:40)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Junona

Вклучувате ли клима дома,мајки?посебно тие што имаат мали бебиња од 2-3-4 месеци?


Мислам дека ако не уклучам ќе се онесвестиме и ја и бебе..само се разбира некоја нормална температура...околу 25..




AnnaMolly RR -> RE: бебе и клима (10.7.2012 14:41:46)

Јас уклучував и само што дојдовме дома од болница. На поткровје живееме и внатре е како вршник. Го ставав бебето во спална, ќе ја пуштев климата (но не на помалку од 27 степени), па кога ќе се изладеше си седевме на раат во дневна.

Колкаво и да е бебето, верувајте дека и нив им е топло, греота се.




maki1 -> RE: бебе и клима (10.7.2012 14:56:56)

Od koga smedojdeni od bolnica do sega ,klima imame pusteno,normalno na pocetok ke izladev pa bebe vo taa soba,a sega i so klima vklucena duri i spieme.Sto da pravam ovde e vlazno nema vozduh.




Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3   Следна страница >   >>