RE: бебе и клима (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Разговори на родители



Порака


Mihaela 2010 -> RE: бебе и клима (10.7.2012 15:01:36)

Uklucuvam ama da ne e pomalku od 26-27,ako sum sama doma normalno 22[sm=smiley1.gif]




kikicka -> RE: бебе и клима (10.7.2012 15:22:38)

Додека спие е уклучена на 18 степени,пошто ни е наместена во ходник далеку од сите соби и не е толку ладно,со таа Т на климата во останатите соби иде 22степени. Ја исклучувам ако сме дома,и пак ја вклучувам кога испаѓаме.




Felly RR -> RE: бебе и клима (8.8.2014 0:35:46)

Ова лето и не го поминуваме со многу високи температури, но сепак, ајде малку да ја активираме темава - дали во присуство на бебето вклучувате клима/вентилатор?




Milicka 30 -> RE: бебе и клима (8.7.2015 22:30:29)

Драги мамички, ве молам кажете ми како се справувате со жештините? Ќерка ми има 2 недели...фати жешко , во дневна сме на вентилатор, ладиме со клима па се шетамемод соба во соба, добро што климата ни е во ходник. Незнам дали да ја вклучувам на 26 степени и ние да си седиме во дне вна ? Страв ми е дека ептен е мала.




Hopeful RR -> RE: бебе и клима (8.7.2015 22:50:56)

Ах, ние без клима тешко да преживееме [sm=smiley36.gif] нас ни е во дневна, и ја вклучуваме дури и кога бебињата се во дневна со нас, сепак е неподносливо жешко. Ја местиме на 25-26, ја насочуваме нагоре, некаде кај што нема директно да им дува, и ок е. Ова вака веќе месец дена, и гледам одма разлика кај нив - претходно плачат, кенкаат, тешко им е, а најадени, напиени, пресоблечени и наспани, и кога ја пуштам климата, за кратко време се смируваат. Подобро и да ги покријам со тенко ќебенце отколку да се мачат голи на жешково... бабите беа против, но педијатарот ни рече ок е.




Milicka 30 -> RE: бебе и клима (9.7.2015 0:28:45)

И јас така ќе направам. Па на ова жешко и тие се мачат, мене ми беше дека сите ми зборат клима никако ама па вака ќе се разболиме сите од жешко.




lolla RR -> RE: бебе и клима (28.7.2015 12:40:03)

Значи сите сте со клима. Јас пуштам ама кога бебво ми е во раце и го шетам накај ходник, а страв ми е да му циркулира ладен воздух, цело време е запотен.




Hopeful RR -> RE: бебе и клима (28.7.2015 16:48:06)

Луѓе, без клима не се издржува, па повеќе ми е жал да ги оставам на тоа топлото, да се варат и да плачат од склет отколку да продува... ги местам перките нагоре, да не е кон нив, не пуштам преладно (27-28 степени) и ок е. Бабите редовно ми ја гасат климата додуша, ама јас одма ја пуштам пак [sm=smiley36.gif] Инаку и кога бевме на вакцина кај докторката имаше клима, и она потенцираше дека не е проблем.




Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3]