деца и тв (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Подигнување



Порака


mami -> деца и тв (3.6.2009 14:40:01)

Мали Бебиња
според истражувањата, родителите треба на децата да им го ограничат гледањето на ТВ пред втората година од животот. Едукативните ДВД материјали го забавуваат развојот на децата. Промените на сцените на екранот премногу го стимулират мозокот на бебето, кој сеуште се развива. Научниците веруваат дека за децата е покорисна интеракцијата со родителите.
Постари Деца
децата кои поминуваат многу време пред компјутерот и ТВ- четувајќи и гледајќи ТВ се во полоша кондиција од оние кои помалку ги користат. Девојчињата се поподложни на штетните влијанија од момчињата.
За да го поттикнете интересот кај своето дете за спорт почесто носете го во природа и зачленете го во спортски клуб




Боцко -> RE: деца и тв (3.6.2009 22:07:02)

според мене, телевизија да, но само одбрани цртани, песнички, детски емисии како ај ти замижи или 5+. компјутер да, со внимателно следење и насочување на детето. технологијата на овие генерации им е дадена со раѓањето. јас на мојот прв компјуер чекав 14 години, на пример. интернет е добар ако родителот контролира и насочува. некои компјутери имаат т.н. „родителски контроли“ кои можат да ограничат кој и што може да сурфа. од мое искуство, едукативните двд содржини го забрзуваат развојот на детето, но тоа е индивидуално. се разбира дека спортот, дружењето и природата се подобрата алтернатива. еден балансиран пристап би бил одличен компромис.




mami -> RE: деца и тв (16.12.2009 9:12:10)

Колку им дозволувате на вашите деца да гледаат тв? и дали воопшто сакаат да гледат ТВ?




profesorica -> RE: деца и тв (16.12.2009 9:32:09)

Ретко нешто му го задржува вниманието на ТВ. повеќе сака да зјапа во компјутер заради ноди и тракторот том инаку не баш.




mother 29 -> RE: деца и тв (9.2.2010 13:01:40)

Марко во последно време ,гледа доста тв,цртани филмови снимани на цд по негов вкус....и гледа цело време еден цртан до дека не му здосади ,после бараме друг интересен.сега актуелен ни е пепа прасе,инаку пред тоа, го сонувавме со мм ми трактор том[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




profesorica -> RE: деца и тв (9.2.2010 13:05:30)

ние сме исти мотхер29 само уклучи го тука и ноди!!!




caci20 -> RE: деца и тв (9.2.2010 13:14:09)

Ние гледаме Little People Collection, и еден цртан со бубачки, тој го сакаме и јас и мм. Интересен е.




jovanka -> RE: деца и тв (9.2.2010 13:23:29)

vo faza sme kade seuste mu privlekuva vnimanie nekoja reklama ili muzika a od emisiite zadolzitelno Petko koja e od edukativen karakter tuka e Nodi a na MTV moze da se najde ubavi detski serii od vremeto sega vo ovoj period go emituvaat Beloto Cigance tuka se i Makedonskite Prikazni samo MTV kako televiziska kuka drzat do toa da i decata se podednakvo zastapeni vo tv programata.No na kompjuter nekako ni se posareni stranite eve ni ja omilenata stranica www.UpToTen.com mnogu edukativna za site vozrasti.




ikipp -> RE: деца и тв (9.2.2010 13:25:11)

deana obozava muzika na tel,a posebno bugarski pesni,gi pee nekoi,pa samo na taa programa ni e pusten televizorot




BILJANA_G -> RE: деца и тв (9.2.2010 13:34:12)

Angela gi obozava crtanite odobeno nodi,isto ja gleda onaa emisija so Petko,go gleda ivce pivce a za kompjuterot prva e odma trca koga ke sednam vika apot pise teta.




BILJANA_G -> RE: деца и тв (9.2.2010 13:39:41)

Greska mala vika aptop pise teta-sto i znaci na laptopot da mu pisime na tetkite.




BEBICA -> RE: деца и тв (9.2.2010 13:51:24)

Monika do 13 meseci gleda NODY normalno ne cel den i pustam po dve tri epizodi i gasam.
No sega ja interesira koga ke stane ima na TV detski program NODI uci angliski pa Mala princeza pa Medo Rupert i toa trae pola saat dodeka se mazime sedime na noksir pa se oblekuvame e posle si igrame.
Inaku znae da mi go zede daljinskoto i mi vika NODY odi[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]ili ceza toa i e mala princeza.
A i sega i se dopaga eden nov Pepa prase no dosta i pocene.I vika pepa pasee[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Палешка РР -> RE: деца и тв (9.2.2010 13:54:02)

Син ми најмногу гледа Discovery, Ultimate Survival, How It`s Made, За чудо гледа Очајни домаќинки, ЦСИ Мајами, ууууууупсссс, тој не е за овој оддел, ова е тема за мали деца [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




nadica -> RE: деца и тв (9.2.2010 13:59:51)

гледа најчесто ноди на двд или мики маус со внимание една епизода а потоа таа си игра а во позадина да работи двд колку да има музика погледнува и продолжува со игра ама мора да работи [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]




HristinAntonio -> RE: деца и тв (9.2.2010 15:52:31)

hmmm gledam da ne go ostavam pred pc i tv ama djabe koga jade pred kompjuter inaku  usta ne otvara...




topce -> RE: деца и тв (9.2.2010 16:07:39)

Супер Звезда и реклами и македонски прикаски и ако и се бендиса музиката игра на нив.
компјутер сака само ако има некој слики да и вртии да и кажува кој е кој инаку отидоа маусот и тастатурата.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Џесика -> RE: деца и тв (4.6.2010 19:22:04)

ооофффф јас си ја имам маката ептен со телевизијата...по цел ден е пуштено К-15 сите спотови по ред, Ноди го гледа само додека е шпицата, имаме на дигиталната цртани JimJam е тука се остава пред тв... ама К-15 ни е приоритет и ако нема тоа на тв настанува општ хаос...




amelbebe -> RE: деца и тв (4.6.2010 19:45:02)

eeh animal planets,motors tv,bandini duri ja pee pesnata vo negov fazon,site najavni spici i reklami gi znae bez da gleda a slusa znae za sto se raboti,angeli so sestra mu gledase i sungerot bob,porano toj ni go isklucuvase tv a sega nego ne mozeme da go trgneme
ps:i svadbata na mama go vrtime cd po 100 pati




nadica -> RE: деца и тв (23.6.2010 11:32:14)

луѓе помагајте!!!!!!!!!

последниве 5 дена несака да прави ништо друго освен да гледа мики на тв по цел ден дури се откажува и од омиленото шетање и дружење со деца надвор јас ја носам надвор а таа им вика чао и заминува дома да гледала цртан [sm=zmeden.gif][sm=zmeden.gif][sm=zmeden.gif] јаде пред тв, заспива пред тв [sm=smiley13.gif]

се надевам дека е само фаза бидејќи што е мн многу е




big_mama817 -> RE: деца и тв (23.6.2010 11:35:22)

надица јас мислам дека и е фаз и дека ќе помине но сепак збории дека треба да излегуваате и да се дружите со другите деца




Палешка РР -> RE: деца и тв (23.6.2010 11:40:58)

Ееее моја надица, таквите фази кај син ми сеуште траат. Кога ќе заседне пред ТВ или пред компјутер се заборава. Не грижи се, а посебно не терај ја ништо сосила, тоа има контраефект.




niki -> RE: деца и тв (23.6.2010 15:16:55)

ИЗВОРНА ПОРАКА: nadica

луѓе помагајте!!!!!!!!!

последниве 5 дена несака да прави ништо друго освен да гледа мики на тв по цел ден дури се откажува и од омиленото шетање и дружење со деца надвор јас ја носам надвор а таа им вика чао и заминува дома да гледала цртан [sm=zmeden.gif] [sm=zmeden.gif] [sm=zmeden.gif] јаде пред тв, заспива пред тв [sm=smiley13.gif]

се надевам дека е само фаза бидејќи што е мн многу е


И ние имаме вакви фази. Секој ден се убедуваме околу гледањето цртани. Јас се трудам наутро да погледа некое време, а потоа со други активности да го поминеме денот, бидејки кога многу гледа потоа ноќе плаче. Не гледањето тв си го користам како казна, за малку некоја беља и забранувам гледање цртани. Таа тоа го прифаќа, но тогаш треба цело внимание неа да и се посвети и да и се осмисли времето, бидејки ако не, ме удавува со прашања, до кога била казнета и зошто. И ние јадеме понекојпат пред тв, но заспивањето пред тв го исфрлив од употреба и строго се држам до тоа бидејки сега веќе ако се загледа нема шанси да заспие. Затоа кога е време за спиење гасам тв и и читам нешто, а ако ми се буни ја оставам да се исплаче и потполно ја игнорирам и така се изморува и заспива.




Џесика -> RE: деца и тв (13.7.2010 13:34:04)

Премногу гледа телевизија, по цел ден ни е пуштен К-15 и си има детето омилени песни што не трепнува кога ги гледа... од детски канали на дигитална пуштаме JIM JAM феноменална програма има, има и анимирани песнички нешто како во градинките што пеат, си има програма на цртаните филмови и точно знаеме кога ни е омилените цртани и емисии...  периодов му пуштам и на ДВД Baby Einstein, па полека почнуваат и тие да му задржуваат внимание, не само Слаткаристика и Токсикологија [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




mama26 -> RE: деца и тв (13.7.2010 13:41:05)

gleda koga ke stane pola saat posle rucek uste pola saat i navecer pola saat.i osven tom i jerry drugo negleda na boomerang.tie traat kratko .nemam problem.sednuva na kompjuter znae sam od 2 godini igra ama ne se zadrzuva poveke od eden saatako e i tolku




vezilka RR -> RE: деца и тв (21.3.2012 10:59:50)

Никола не гледа многу телевизија освен нормално кога има реклами се остава и се лепи пред ТВ. Иначе друго кога има не гледа, дури ни цртани не го интересираат повеќе од 5 мин. Е сега има ислкучоци кога нешто ќе му го привлече вниманието. Како на пример минатата недела идеше на ТВ онаа емисија со Ана Јовковскане знам точно како се викаше и гостин беше Гиш (морам само да напоменам дека на мама во тинејџерските години и беше идол) и детево го загледа не трепна. И нели знаете каков е концептот на емисијата иде дел со едниот гостин, па со другиот, пак со првиот и така. Е кога ќе му го снемаше Гиш од видик тој се бунеше и викаше Ги, Ги.. Смешното е што го запамти и сега секој ден трча до телевизорот и вика дај Ги. И одма покажува на брадата, демек имал голема брада, хи,хи.




Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>