Snowhite RR -> RE: Деца и тв (3.11.2012 15:41:40)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR Леле Ники, дај кажи како ние да се решиме од тоа гледање тв пред спиење. Уште од лани зимото ни остана таа навика, дека спиевме во дневна оти во спалната немавме затоплување, па М се научи да заспива со ТВ. И никако не можам да ја легнам во креветче да заспие. Фели ќе бидеш упорна, т.е. ќе кажеш и ќе си држиш став, за неколку дена ќе заборави. И Михаил во зимата додека спиевме во дневна заспиваше со цртани, кога се затопли и се преместивме во спална му се кажа дека нема цртани повеќе, си легнуваме во спална сите заедно, ако ептен пак се буни, го залажувам така што му велам дека ќе си легнеме во спална, ќе се гушкаме малку или ќе земеме сликовница да читаме и така некако се кандисува, макар што некогаш тоа е и со плачки. Значи сега ретко татко му ако му пушта цртани, ама на компјутер, може да се буни, да не сака да легнува, или ако некогаш е болен нешто па тогаш му попуштаме го оставам да заспие пред тв со цртани. Инаку гледа цртани на сабајле додека јади чоколино. Не знам точно немам правило некое за ТВ може неколку дена да не гледа воопшто, а може во текот на денот да му се соберат 1-2 часа гелдање на Тв или компјутер, ама ретко и тогаш да се загледува подолго од 5-10 мин, може само така да е пуштено да слуша, па нешто ако го заинтересира да се загледа. Во однос на содржината гледавме џим-џем, ама сега ни ја исклучија, па сега ја гледаме Дуцк тв, на нашите го гледа Петко, моите џебни миленичина, насилни не му пуштам и на компјутер гледа некои такви за помали деца, турски серии не гледаме и ние, па така ни тој не гледа.
|
|
|
|