Snowhite RR -> RE: Породилни болки (25.2.2010 10:36:25)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: lukas luge utre odam na ctg i ako sum zrela vo grloto ke me poragaat so provokacii!!!mi e strav do tuka biva ama sepak moram da pominam...mnogu mi e strav...tie sto bile so provokacii neka kazat iskustvo...pozz i drzete mi prsti...se nadevam ke pominam lesno kolku sto se mozi..kako sto sum straslivka...cao pa ke ve izvestam utre ako ne me zadrzat... Јас примав инекции за провокации, примав и си одев дома и чекав болки. Три дена примав инекции, од првата и втората не добив болки, од третата вечерта ги добив болките и сабајлето заминав. Некои ги добиваат по пола час или еден час откако ќе ја примат првата провокација, кај секој е индивидуално. Сепак се надевам дека нема да поминиш како мене, на никого не му посакувам да помине како мене, затоа што јас ги добив болките, ама сепак бев само еден прст отворена, терминот 10 дена ми беше поминат, а на ЦТГ покажуваше ниски тонови на бебето и мораше царски да ме направат, па потоа чекав уште два часа да се ослободи операционата сала и така си трпев болки. Значи јас си кркав и породилни болки и царскиот после и психичка болка затоа што знаев дека ќе ме прават царски, а сепак трпев болки, ама тоа сето помина и се заборава, вредеше секоја секунда помината со болка. Немој да се плашиш, само мисли на бебушот, на тоа колку ќе ви биде убаво после тоа. Ти го раскажав моето искуство, нема потреба да се плашиш кај мене значи беше друг случај, не беше болката туку како што ти реков повеќе работи се собраа. А можи и нема да ја дочекаш сабота, можеби ќе те фатат болки порано и ќе се породиш без провокации. Ајде со лесно да е...
|
|
|
|