shell -> RE: Еднократни пелени (24.9.2012 1:23:22)
|
Мене прво во болница ми донесоа Canbebe и немаше проблем, но веднаш потоа почнав да користам Pampers New born (жолто паковање) и продолжив со Pampers до сега. Ми допадна една пелена од Бекутан, ама беше некако многу крута и не сакав воопшто да користам од нив. Некаде до возраст нешто помалку од една година користев Pampers Activ baby (сино паковање) и се појави осип, па зедов Pampers Premium care (бело паковање) и марамчиња Pampers Sensitive (и тоа е бело паковање) или Nivea (и некои масти употребивме). Осипот исчезна а продолжив со истите пелени и марамчиња. После половина година се обидов пак да земам друг тип на Pampers пелени (сино паковање и портокалово паковање) и газето целото се зацрвени. Ги вратив пак пелените од белите паковања и црвенилото се повлече. Овие беливе Pampers пелени мене ми се некако многу пријатни. Многу се тенки и флексибилни, а сепак мислам дека многу убаво апсорбираат. Е сега, за волја на вистината, поскапи се од другите и тоа не е незначително, но.....газето само ќе си каже што сака. Можеби ова газе е малку разгалено, но тоа е тоа [sm=smiley1.gif] Инаку, JanaMarija, не грижи се и пробај што сакаш. Едноставно, пробај со помало паковање од било ки и ќе водиш дали му одговараат на бебето. Понатаму, само следи ги реакциите на кожата и дали бебето е суво. Никој не може подобро да те насочи од газето на твоето бебе [sm=jezicek.gif] Поздрав до Рингерајки
|
|
|
|