Hopeful RR -> RE: Еднократни пелени (29.7.2015 15:25:01)
|
Ги споредував и јас цените, и обично пресметувам цена од пелена. Памперс се исплатат само ако се на промоција, на пример купив од Космо и ми излегоа 8,7 ден по пелена, додека пак Кан бебе се 8.1 ден по пелена. Сега за сега, ги користам и двете - денски Кан Бебе, ионака често ги менувам, а Памперс за навечер, добри се по повеќе часови. Инаку ми имаат прокиснато и Памперс, не дека не, но сепак се поквалитетни. Планирам да ги пробам Дајперс и Пуфис, па ќе споделам искуство [sm=smiley1.gif] А за сигурно знам дека нема да ги користам Бекутан, бидејќи се како хартија, неверојатно груби и ништо не впиваат. Ни подарија од болница две пакувања, а бе ни за резерва не можам да ги ставам, ко весници на газињата да имаат...
|
|
|
|