Hopeful RR -> RE: Еднократни пелени (17.12.2015 20:48:22)
|
лола, ми се допаѓа идејата за кокосово на газето, не ми текнало досега. Ионака не сум некој фан на павличева и постојано барам замени... А каков е тој беби памук? Јас кога ги поминувам со вода, тоа го правам со влажно пешкирче, но малце ми е комплицирано - оди наводени го, па со топла вода, па да имам и суво за одма после, и некако цела процедура ми излегува. А не сум некој фан ни на влажни марамчиња, така што ќе пробам како тебе. Во однос на пелените, јас секако ги менувам често, посебно па кога беа многу мали, ионака какаа по сто пати во денот. Сега, денски памперсот се менува на 3-4 саати, со тоа што кога ќе се искакаат, тоа се осеќа [sm=smiley36.gif] и одма ги менувам, а за мочките мислам дека не е фрка да останат малце, колку што знам, урината е стерилна. Ноќе ги оставам и по 12-13 часа, бидејќи приметив дека не ни мочкаат ноќе, честопати сабајле по будење се скоро суви, и дури во наредниот час се полни пелената, кога се будни, па тогаш менувам пак.
|
|
|
|