nutelce -> RE: Настинки во бременоста (18.12.2013 21:26:44)
|
probaj go i ova vezilce Доколку имате болки во грлото, проблемот успешно можете да го решите со три печени јаболка. Притоа, важно е јаболката да ги изедете едноподруго и секако не треба да бидат жешки, туку умерено топли. Во спротивно, можат да ја надразнат слузокожата во устата и грлото, хранопроводот, па дури и во желудникот. Во текот на печењето, во јаболката доаѓа до создавање посебни соединенија, ензими и биоактивни материи, кои во слузокожата на устата, грлото и гласните жици ја активираат способноста на организмот да се лекува сам. Нутриционистите советуваат додека го чистите внатрешниот дел од јаболката, не треба премногу да ги издлабнете за да не ви падне филот. За филување на јаболката се препорачува покрај мелени ореви и лешници, да ставите мед и суво грозје кои се одлично оружје против стресот.
|
|
|
|