Melanija RR -> RE: Намалено количество на плодова вода (16.12.2014 9:12:00)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: lolla Јас денес бев на преглед, и ме уплашија максимално. Бевна Гак, ме гледаше една млада докторка и жената се исшаничи на сред ехо, и отиде да викне и друг доктор. Мереа количина на плодова вода и двајцата констатираа дека е релативно намалена и тоа бајаги за оваа недела. Требало да биде од 8 до 20 цм а кај мене е 7,49цм. Ме прашаа дали сум забележала некакво истекување и ми нправија некој тест со лентичка, по што испадна дека фала богу нема течење на плодова вода. Бебуш е таман за неделата, и докторкава се изначуди како е со нормална големина со толку малку плодова вода. Мереа и со доплер нешто и тоа беше ок. Ми рече да дојдам пак на контрола до крај на недела, да пијам вода и ц витамин од 500. Толку брзо се се одвиваше што не знаев кај сум. При крај ми рече и да не се плашам дека не било толлку страшно, може било природА. Ми правеа и цтг, тоа беше добро според др јас не се разбирам. И сега цела сум прашалници, преска кога се свестив, кога земав да плачам, едвај се смирив, ама морав за да не го вознемирувам и бебето. Не знам како е испуштено ова до сега, пред 2 недели бев во ремедика, таму си беше водата во нормална количина, исто и на сите други прегледи. Ама тоа е, сега да видам како ке биде на контрола и само молам господ да не се намалува барем. И цел ден му се извинувам на бебево ако му е неудобно внатре, душиче, може затоа мојот стомак е толку мал. Мм па уште се труди да ме развесели, вика може дека пие многу вода и ика често па си ја испил целА. Ама гледаа да не треба да мочка, рекоа дека не. И не знам сега што, ке видам дали да отидам уште на едно место па барем да сум на чисто дека тоа е тоа. Сега цел ден локам вода, мада знам дека тоа не е докажано дека помага. Само молам бога се добро да излезе.
|
|
|
|