RE: Седиште за автомобил (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Детска опрема



Порака


Beatris -> RE: Седиште за автомобил (25.5.2012 16:13:10)

Не може да се стави само затоа што во повеќето коли нема појас со три точки на средина. Сега се мислам дали во нашата има, ама и колку би било практично да се премести на средина.

Инаку при бочен удар најбезбедно е така, а на второ место позади возачот, затоа што не дај боже при сообраќајна несреќа, возачот рефлексно ја заштитува својата страна од возилото.

Испрочитав уште триста чуда и сеа сум цела [sm=zmeden.gif][sm=zmeden.gif][sm=zmeden.gif]




topce -> RE: Седиште за автомобил (25.5.2012 16:20:42)

еве едно прашање:
најголем дел од родителите користат седишта за деца кои се поставени на изофикс.
Може ли изофикс да се постави на средина?
нашето седиште е прицврстено со каишите од седиштето колата така да нема шанси да биде на средина на задното седиште + перничињата за недај боже се во задните врати и ако е на средина поставено не верувам дека перничињата при судар би се отвориле или и да се отворат нема да го заштитат детето.Нашето седиште е позади совозачот бидејќи ми е најпрегледно за контрола, имаме дополнителен ретровизор и многу ми олеснува при возење да го следам детето, а да не се вртам напред назад.




Ikana -> RE: Седиште за автомобил (25.5.2012 16:21:24)

Во некои коли има од кровот се спушта еден појас и кога одиме на пат со тоа ја врзуваме во средина, инаку позади совозачкото седиште ни е бебешкото. Сега за сега уште користиме транспортер од количката на Mothercare, за понатаму здравје кога ќе почне да седи самостојно.




Natuska85 -> RE: Седиште за автомобил (25.5.2012 16:29:36)

И нашето е позади совозачкото.Инаку да, најбезбедно е позади возачот,ова го кажувам од чиста пракса со оглед да работа штети од сообраќајќи и совозачот и тој позади него секогаш се повеќе повредени од овие другиве.
Нашата кола има опција и за на средно седиште да се стави седиштето,меѓутоа воопшто не е згодно за ставање и вадење на детето.




Beatris -> RE: Седиште за автомобил (25.5.2012 16:31:58)


ИЗВОРНА ПОРАКА: topce

еве едно прашање:
најголем дел од родителите користат седишта за деца кои се поставени на изофикс.
Може ли изофикс да се постави на средина?
нашето седиште е прицврстено со каишите од седиштето колата така да нема шанси да биде на средина на задното седиште + перничињата за недај боже се во задните врати и ако е на средина поставено не верувам дека перничињата при судар би се отвориле или и да се отворат нема да го заштитат детето.Нашето седиште е позади совозачот бидејќи ми е најпрегледно за контрола, имаме дополнителен ретровизор и многу ми олеснува при возење да го следам детето, а да не се вртам напред назад.



Топче и јас се водев по твојава логика, ама случајно денеска, прво изгледав едно страшно видео за сообраќајна несреќа со бебе, се испотресов, и намерно не го постирав никаде, па тоа ме предизвика да се расчитам по нетов, и секаде истото - средната позиција на задното седиште е најбезбедна...




Ikana -> RE: Седиште за автомобил (25.5.2012 16:32:52)

Леле топче подалеку од перничињата, може да има фатални последици, па и за 10 годишно дете, а камоли за бебе!!!! На самиот транспортер има предупредување, разгледај го ако се уште го имате...

ИЗВОРНА ПОРАКА: topce

еве едно прашање:
најголем дел од родителите користат седишта за деца кои се поставени на изофикс.
Може ли изофикс да се постави на средина?
нашето седиште е прицврстено со каишите од седиштето колата така да нема шанси да биде на средина на задното седиште + перничињата за недај боже се во задните врати и ако е на средина поставено не верувам дека перничињата при судар би се отвориле или и да се отворат нема да го заштитат детето.Нашето седиште е позади совозачот бидејќи ми е најпрегледно за контрола, имаме дополнителен ретровизор и многу ми олеснува при возење да го следам детето, а да не се вртам напред назад.






Beatris -> RE: Седиште за автомобил (25.5.2012 16:38:43)

Иканче во право си, само што се вратив на темава да го допишам тоа. Знам дека каде што се става седиштетео треба да биде исклучен аир-бегот, ама не сум сигурна дека тоа важи и за страничните, мислам дека повеќе важи за оние фронталните, кои би се отвориле директно према детето, пр. ако монтираш седиште на совозачко место (законски е дозволено) само ако перничето е исклучено




Andriance -> RE: Седиште за автомобил (25.5.2012 17:59:28)

I kaj nas kako i kaj povekjeto sedisteto e montirano pozadi suvozac...priznavam zasto i na dvajcata taka ni e pozgodno za bebe...kaj mene vo samiot priracnik pishuva da ne se montira na sredina..i obavezno erbegovi iskluceni...

a vikate najbezbedno na sredina a? pa ja ne sum videla be nekoja da ima taka montirano [sm=zmeden.gif]




lilicka -> RE: Седиште за автомобил (25.5.2012 18:19:22)

Нашето е монтирано на средина по логика на татко ми дека најдобро е така....ама па ептен е тешко за ставање-вадење!!!




Beatris -> RE: Седиште за автомобил (25.5.2012 21:53:35)

Епа тоа е поентата, додека го ставиш и извадиш ќе се окозиш. Почнав да се мислам дали да го наместиме во средина! Ама како и да е ако не го ставам на средина за подолг пат ќе го ставам позади возачко




Luci -> RE: Седиште за автомобил (25.6.2012 11:42:40)

Мајки користи ли некоја вакво седиште на Чико- Нептун [img]http://lulu.shop.by/images/chicco/chicco_neptun_dop1.jpg[/img] ? Ние треба да купуваме ново седиште за М. другото му е веќе мало па се мислев ова да го земеме? На попуст е во Енци Менци 6990 ден.




Luci -> RE: Седиште за автомобил (26.6.2012 8:26:30)

Ние купивме вчера Чико Нептун и се надевам супер ќе се покаже [img]http://www.comparestoreprices.co.uk/images/ch/chicco-neptune.jpg[/img]
Успатно да кажам дека претходното седиште Cam го продавам и кој е заинтересиран нека пише пп[img]http://a5.sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-ash4/251804_4220169712152_419028071_n.jpg[/img] [img]http://a3.sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-ash4/s720x720/396838_4220167712102_235345104_n.jpg[/img]




maki1 -> RE: Седиште за автомобил (26.6.2012 8:33:46)

Nie kupivme sediste pred nekoe vreme ,ama M kako i za se dr.kade treba da sedi ,neke da slusne da sedne vo nego.Staveno e pozadi suvozacko sediste ,ama pri edna prilika zabelezav deka dodeka sedi na sedisteto,moze da ja fati rackata za otvaranje na vratata,i panika me fati,i posle na nekolku vozenja pak ja gledm ja faka rackata i od togas strogo jas so nejze pozadi i da pazam sto pravi.Ama pak zaludno detete faka se i nemozes da ja sledis.Dali vi se ima ova na vas sluceno i kako se spravuvate so kolite so 4 vrati?




Felly RR -> RE: Седиште за автомобил (26.6.2012 9:01:47)

Мене порано ми се случуваше, ама најверојатно дека сега М е поголема, па разбира. И кога се возиме и кажувам дека треба да се држи, не да чепка. И дури се возиме сега не чепнува никаде.
Сега вака да пробате да го ставите насредина, па да не може да дофати




Nade -> RE: Седиште за автомобил (26.6.2012 9:24:11)

maki1 najcesto ima opcija na vratite da gi prisposobish da se otvaraat samo od nadvor, taka da da ne se vosnemiruvash da ne moze da se sluchi neshto, se razbira najdobro e da se sedi vo sedishte i dokolku e pogolemo dete da e vrzano so pojas, no opcijata da se otvaraat samo od nadvor e odlichna nie taa ja koristime i jas sum presrekna, probaj podesi gi vratite , pozdrav




Viktori -> RE: Седиште за автомобил (26.6.2012 9:31:16)

Da, blokiranje na vratite za sekoj slucaj.
I ova ne vazi za maleckite decinja, tuku i za pogolemkite, sto kao razbiraat. [sm=smiley1.gif] Sepak deca se. zosto da si imas maka ili griza.
Sekunda e potrebna za da se sluci nesto, ne daj boze. Vaka, blokirana vrata i raat si. Bezbednost na prvo mesto, kolku sto e do nas.




lilicka -> RE: Седиште за автомобил (18.8.2012 1:35:04)


ИЗВОРНА ПОРАКА: luci

Ние купивме вчера Чико Нептун и се надевам супер ќе се покаже [img]http://www.comparestoreprices.co.uk/images/ch/chicco-neptune.jpg[/img]
Успатно да кажам дека претходното седиште Cam го продавам и кој е заинтересиран нека пише пп[img]http://a5.sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-ash4/251804_4220169712152_419028071_n.jpg[/img] [img]http://a3.sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-ash4/s720x720/396838_4220167712102_235345104_n.jpg[/img]

луци како си задоволна од новото седиште ова е од 9-36кг. нели??
И јас го гледав ова што го имаме веќе ние тесно а се мислам од 9-36кг седиштата немаат можност за спуштање ако заспие детето[sm=zmeden.gif][sm=zmeden.gif]




Luci -> RE: Седиште за автомобил (18.8.2012 9:24:56)

Навистина е проблем што не се спушта зашто ние обично си спиеме во кола а инаку е супер, згодно за седење, комотно, ужива М.




lilicka -> RE: Седиште за автомобил (7.10.2012 17:03:19)

Рр имаме седиште без да се спушта а треба да патуваме подолг пат а моево дете само што ќе влезе во кола заспива.....и за греота му виси главчето[sm=smiley13.gif] како се справувате со ова??Глупаво прашање????Ама па овие поголемите седишта незнам зошто се вакви произведени немаат опција за спуштање и ова ни ептен голем пробле за долг пат???




mami2 -> RE: Седиште за автомобил (7.10.2012 23:56:12)

lilicka истиот проблем го имаме и ние со седиштето за големото дете, кое е 4,5 години ама обавезно се вози во седиште за деца до 36 кгр. Летово кога патувавме подолго го местевме малку во подлегната позиција со потурање под седиштето и позади наслонот на најразлични предмети што и онака ги носиме на пат: ролни бришачи, неотпакувани влажни марамчиња, замотани пешкири, чаршафчиња, меки кукли....чиста импровизација. Појасот пак си беше протнат и закопчан. Се плашев дека со ова се намалува безбедноста, ама па сигурно е побезбедно отколку да лежи или скока позади неврзано со појас.




lilicka -> RE: Седиште за автомобил (8.10.2012 11:11:53)

Па што знам дали е безбедно така да се возиме на пример 500км сепак е пат се прикочува ајј каков проблем ми ова сегаа ми чурии главатаа!!![sm=smiley13.gif]




Ring -> RE: Седиште за автомобил (31.12.2012 10:44:29)

Треба да купиме седиште за кола ...е сега да ми препорачате од кои сте задоволни , а да не се многу скапи ????
Гледав на Бертони од 9-25 кг и ми се виде најисплатливо зошто може подолго да се користи, плус е со 2 наслона до полулежечка положба.
Дали има некој користено вакво седиште ????
И на Чиполино ги гледав на интернет , исто ми изгледаа солидно
Или предложете ми вие нешто по ваше искуство, а да не многу скапо ...до 6000 ден.
Тенк ју [sm=smiley1.gif]




princessa -> RE: Седиште за автомобил (31.12.2012 11:11:52)

nie imame sediste na maxi cosi za deca od 9-18 kg i sum super zadovolna od nego, malata spie vo nego koga patuvame, ima 4 pozicii na sedenje i e za deca od 9meseci do 3,5 do 4 godini. Mislam deka ne e dobro da se zemaat sedista koi se nameneti za deca so tezina od 9 do 36kg zasto zamislete kako bi izgledalo dete od 10tina kila da se stavi vo takvo nesoodvetno sediste znaci nema nikakva logika toa sediste da odgovara i za deca od 9kg i za deca od 36kg. Najnormalno e deka ke mu bide nezgodnoa na bebeto da sedi vo ogromno sediste. Nie probavme vo prodavnica i nemozam da vi opisam kolku smesno i nebezbedno izgledase a plus site sto gi znam vo nasata sredina ne gi koristat tie sedista.




Natuska85 -> RE: Седиште за автомобил (31.12.2012 20:45:15)

Ринг ние имаме вакво на чиполино го купив од мегасторе(он лајн продавница).Го земав 4.800 и сум презадоволна.Ти го препорачувам.

[img]http://shop.aladdin-kociky.sk/images/chipolino_verso2011_azure.jpg[/img]




Ring -> RE: Седиште за автомобил (31.12.2012 23:32:06)

Natuska85 za do kolku kila e ova sediste ? do 18 kg ?
do koga bi mozelo da se koristi, do 2 godini valjda ke moze....zatoa sto iako pisuva do 3 ili 4 godini mislam deka decata gi nadrasnuvaat im stanuvaat tesni.
ama ako moze da go iskoristime barem do 2 ili 2ipol godini bi bilo super....pa posle da baram tie do 36 kg




Страница: <<   < Претходна страница  4 5 [6] 7 8   Следна страница >   >>