sandriana RR -> RE: Седиште за автомобил (29.8.2013 12:23:56)
|
И ние имаме на Бертони, веќе една година, и во принцип задоволна сум. Тогаш чинеше околу 3500 денари. Ние најчесто се движиме низ градов, на куси релации, па не ми беше важно многу за позициите за наслонување, иако ова има 2 позиции, ама навалената никогаш не ја употребив досега. Кога одевме месецов до Стење, на подолг пат (околу 200 км), седиштето го извадив, и тргнавме рано, дур Т спиеше, и ја ставив да спие на задно седиште, а јас до нејзе. Не знам дали правилно постапив, ама друг начин немав, зошто нема шанси да спие во седиштето. А, ако нема каши на задно седиште, не знам дали истата функција ја има изофиксот? Кој има искуство со вакви седишта со изофикс, може да сподели.
|
|
|
|