|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  4 5 6 7 [8]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Седиште за автомобил
9.6.2014 9:31:46   
sandriana RR
pricessa, еве ТУКА има напис за законите за задолжително или не поседување на седиште за автомобил и за која возраст, за кај нас и соседните држави. Се надевам ќе ти помогне во дилемата.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот princessa)
Непосредна врска до пораките: 176
   RE: Седиште за автомобил
9.6.2014 10:56:55   
princessa
фала ти сандриана, многу ми помогнаuser posted image user posted image user posted image . Значи за Н не ми треба седиште зашто таа има 3 години, а за бебчо си имам во Македонија и ќе ме чекаат од дома на аеродормот во Софија.

_____________________________

All of us have our own beliefs, opinions. These inner assumptions rule and govern our lives. A suggestion has no power in and of itself. its power arises from the fact that you accept it mentally!

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 177
   RE: Седиште за автомобил
8.10.2015 0:57:54   
bucko mal
So zakonov sto go donesoa za detskive sedishta gledam pobaruvachkata e epten zgolemena. Zeni, vnimavajte kavi sedishta kupuvate.
Sandriana RR, pogore ima posocheno link kade moze da prochitate kakvo sedishte treda da mu kupite na vasheto dete. Sin mi ima tri godini I ova mu e treto sedishte. Go pisuvam ova zatoa sto na fb gledam prodavaat transporter za bebe I pisuva e do 30 kg.user posted image user posted image user posted image user posted image


_____________________________

You have to dream if before you can do it.

(Одговор на членот princessa)
Непосредна врска до пораките: 178
   RE: Седиште за автомобил
8.10.2015 19:24:28   
sandriana RR
Според последните измени во Законот за сообраќај, делот што се однесува на обврската за детско седиште е следен:
Согласно законските измени, за деца до пет години возилото отсега ќе мора да има детско седиште позади. Деца до две години ќе може да се превезуваат на совозачкото седиште, исто така во детско седиште, но во овој случај детето би седело свртено со лицето кон задниот дел на автомобилот. Притоа, воздушното перниче треба да биде деактивирано. (Извор- Радио МОФ.МК)

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот bucko mal)
Непосредна врска до пораките: 179
   RE: Седиште за автомобил
22.10.2015 14:45:46   
MamaKiki
јас имам позајмено седиште за во кола од марка CAM не е на лик нешто посебно има многу лични седишта ама е практично мене во суштина не ме бендисва комбинацијата на бои ама па за мода не ми се даваат пари кога веке го имам од брачеда на маж ми user posted image Го ставаме само назад и малово многу лесно дремнува user posted image
претходно користев транспортер до 8-9 месеци и не му беше погодено како седиштето, на седиштето мислам дека пишува дека е од 18 кг па на горе нема позиции на наслон,или јас не знам како се прави тоа user posted image ама вака ни е погодено иако има 11 кг малово убаво се затегнуваат каишите и гледа на напред, а со транспортерот свртено беше наназад да гледа
убаво што го донесоа ова законот и малку да се заоштрат казните , од пат мислев дека ке излетам кога ке видев бебе напред седнато user posted image

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 180
   RE: Седиште за автомобил
22.10.2015 21:22:03   
sandriana RR
Сега, според законов, јас сум на мака - треба да ги возам двете деца во седиште, што ми е неизводливо. До скоро бебе се возеше во транспортерот, а Т во седиштето, но од пред некој месец транспортерот го надраснавме, па сега бебе се вози во седиште а Т едноставно мора да седи на задното седиште. Ај кога сме сите на куп, кога вози мм, јас ќе седнам позади со бебе во скут, а Т во седиште, но кога морам да ги возам двете сама е проблемот. Затоа, избегнувам да правам комбинации сама со двете деца заедно, на релација подолга од градинка - дома.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот MamaKiki)
Непосредна врска до пораките: 181
   RE: Седиште за автомобил
22.10.2015 21:34:39   
lolla RR
сандриана, зошто неизводливо? На задна клупа може едното на средина, едното до прозорец.

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 182
   RE: Седиште за автомобил
22.10.2015 21:45:42   
lukajana RR
И мене ми е неизводливо две седишта позади скроз се затвора задното просторот дека седиштата се многу големи и гломазни.
Ние само едно користиме сега Л не го фаќа законот ама користиме две коли па е проблем селењето на седиштето постојано

_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 183
   RE: Седиште за автомобил
23.10.2015 0:47:07   
MamaKiki
и ние го селиме често седиштето, ама тоа е се мора, мм оди често со колата на работа и зема колеги па безвеза му е со седиштето во кола , ама јас за тоа не се замарам еве тоа е негова обврска user posted image нашата кола не е голема ама бери 2 седишта назад , кога го зедовме седиштето за во кола го монтиравме малото беше во транспортер и плус јас назад, точно тоа просторот се затвора ама ако вози мама вака е посигурно со 2 врзани малишани... sandriana мислам дека до 5 години треба да се користи седиште, или поинаку е ?

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 184
   RE: Седиште за автомобил
23.10.2015 11:14:41   
sandriana RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: lolla

сандриана, зошто неизводливо? На задна клупа може едното на средина, едното до прозорец.

Зошто треба да се снаоѓам за уште едно седиште, за неполна година - една причина, а втора количето ми е мало, со две врати - со две седишта ќе нема трошка простор за придвижување на предните седишта поназад, а колата ја вози и мм (што значи нема него да го собере) или ќе треба нон стоп вадење-ставање - што е пак компликација.
Инаку да, до 5 години е законот, а Т во август наполни 4.
Затоа, вешто да избегнувам истовремено да возам 2 деца.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 185
   RE: Седиште за автомобил
23.10.2015 13:44:21   
MamaKiki
се имам нешто помешано со членовите..user posted image епа не е долг период избегавајте кола колку што се може... не ти се исплати за нецела година да купуваш плус седиште user posted image

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 186
   RE: Седиште за автомобил
16.3.2016 19:24:13   
Bea
Mami, spodelete kakvi sedista za vo avtomobil imate? Sto e popametno da se gupi grupa 0+ ili 1+?

(Одговор на членот MamaKiki)
Непосредна врска до пораките: 187
   RE: Седиште за автомобил
16.3.2016 19:41:56   
princessa
Според мене за бебе до година дена а и малку поголемко до кај 14 месеци е побезбедно користењето на седиште 0+. Јас користев и за двете седиште од Maxi-Cosi city SPS и бев презадоволна. Удобни се и одговараат на големината на бебето башка кога се ептен мали има еден додаток за главата а после се вади кога ќе порасне бебчето. Тек од 14тиотм месец преминавме на седиште за дете од 9кг нагоре.

(Одговор на членот Bea)
Непосредна врска до пораките: 188
   RE: Седиште за автомобил
17.3.2016 19:27:21   
Neurotoxin RR
Нас ни требаше 0+, па си најдовме едно седиште со три позиции, од 0 м па до 18 кг. Сеуште се вози во него, веќе има 18 кг, па нарачавме едно од интернет што кај нас реално ги нема, евтино а ептен практично за поголемки деца.
Ако мислиш дека нема многу да патувате не мора да земаш од 0. Ние често бевме на патишта откако се породив и многу ми заврши работа.

(Одговор на членот princessa)
Непосредна врска до пораките: 189
   RE: Седиште за автомобил
17.3.2016 19:49:19   
lolla RR
Беа, јас сум за 0+ и плус транспортер. Додека е помало, од дома ке си го спакуваш во транспортер, и после само врзуваш во кола. Понатаму, после 6-7 месеци ке го надрасне и се префрлаш на седиште кое е свртено обратно од правец на движење, па после 18-20м го вртиш нанапред. Последното инфо е препорака од ортопед, а гледам тој тренд е секаде во свет. Л е 13иполм а уште гледа наназад.

(Одговор на членот Neurotoxin RR)
Непосредна врска до пораките: 190
   RE: Седиште за автомобил
17.3.2016 20:42:17   
princessa
Значи, транспортерот е до 9 кг и скоро секогаш е завртен во обратна насока значи накај седиштата да гледа а не напред. освен во случај кога транспортерот се става на совозачкото седиште. Кога е на совозачкото седиште транспортерот се врзува така да гледа напред и тоа е направено поради безбедност во случај при мала несреќа на пример ако се активираат воздушните перничиња да не дојде до несакани последици. А ако се деактивираат тогаш транспортерот се поставува во обратна насока на движење, значи свртено наназад.

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 191
   RE: Седиште за автомобил
17.3.2016 23:47:26   
Bea
Lolla и јас сум за таа опција, транспортер имаме, ама за подолги возења сакам убаво седиште. Го гледам Maxi Cosi Milo Fix од 0 до 18кг е и има убави оцени на ADAC. Малку е скапичко, ама па дете ќе се вози до 4 години, не е за 5 месеци работава.

(Одговор на членот princessa)
Непосредна врска до пораките: 192
   RE: Седиште за автомобил
18.3.2016 9:24:15   
lolla RR
И нашето е слично, Бебеконфорт Неос нешто, на акција околу 15000 го зедовме. И задолжително летна навлака, оти жива вода ке се прави од полиестерските навлаки.

(Одговор на членот Bea)
Непосредна врска до пораките: 193
   RE: Седиште за автомобил
18.3.2016 11:23:39   
Hopeful RR
И ние сме со 0+ седишта, презадоволни сме. Ги купивме од Солун, на Белели се, и решивме да не штедиме на безбедност во кола, посебно дека е за подолг период. Со попуст од продавницата и данок назад, ни дојдоа по 200е едно. Супер се седиштата, имаа подлошка за новороденчиња, на некои 6-7 месеци ја извадивме, сега се со друга подлошка и се свртени наназад, нормално.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 194
   RE: Седиште за автомобил
18.3.2016 11:36:34   
Kvisko
Bea и ние го купивме MaxiCosi Milofix. До сега бебчо се возеше во транспортер ама планираме да патуваме надвор од Скопје па викендов ќе го монтираме Milo. Ми изгледа далеку побезбедно врзувањето со изофикс отколку обичното со појаси. Некако ми е нестабилни ова со појас врзувањево. Не се мисли за безбедност ништо не е скапо.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 195
   RE: Седиште за автомобил
18.3.2016 13:24:04   
Hopeful RR
Ако имате изофикс во кола, тогаш да, секако подобро такво седиште. Ние имавме во претходната кола, но сега не. Инаку, и со појас е суперстабилно, се врзува на сто места и нема шанси да мрдне седиштето, скроз е фиксирано.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 196
   RE: Седиште за автомобил
22.3.2016 18:40:49   
Kvisko
Викендов се возевме во Milofix и на бебчо му беше супер удобно. Мене ми се виде поедноставно да го "спакувам" бебчо во ова седиште отколку во транспортер зашто седиштето си е во кола и бебчо само се врзува во седиште. Со транспортерот прво бебе врзуваш па седиште во кола врзуваш и многу врзување ми се гледаше.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 197
   RE: Седиште за автомобил
22.3.2016 20:00:02   
gina
nie go vozime vo transporter ama sakame da kupime sediste ama pojma nemame kakvo ama sakam da go koristime i koga ce podporasne preporacajte nekoe ama da e solidna cenauser posted image

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 198
   RE: Седиште за автомобил
23.3.2016 18:27:56   
lolla RR
Квиско, браво за бебуш, со здравје да си го возите седиштето и бебче во него.

Беа, што одлучивте?

гина, има многу искуства назад во темата, кога ке имаш време, читај. Главното е да се одвои за седиште најмногу што може да си дозволиме бидејки се работи за безбедност.

(Одговор на членот gina)
Непосредна врска до пораките: 199
   RE: Седиште за автомобил
14.4.2016 12:06:24   
anaana
Sakam da prasam nesto, pa koj e poupaten neka kaze,
Imeme sediste za kola BREVI Grand prix silverline no na nego pisuva od 0-18kg (4god), ubavo e se, ama malata veke napolni 4 god, pa sakam da kupam drugo.
T.e. jas imam i drugo sediste, na DOLU, toa e ona klasicno ispraveno sediste sto e za pogolemi deca, ama nema regulacija na naslonot, vo slucaj deteto da zaspie.
Obicno nie koga se vozime odime na podolgi relacii, a dete samo sto ke vleze vo kola avtomatski zaspiva, pa sakav da prasam dali ima nekoe sediste (so prifatliva cena) koe e za pogolemi deca no moze i da se spusta za spienje??

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 200
Страница:   <<   < Претходна страница  4 5 6 7 [8]
Страница: <<   < Претходна страница  4 5 6 7 [8]
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?