|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Прилагодување на постарото дете со бебето.
8.2.2010 20:35:19   
Viktoria
Moeto postaro since Kristian ima 3god i 3 mes, a koga ke se porodam ke ima 4 god bez 2 meseci. Toj e dovolno golem da razbere deka mama ima malo bebence vo stomakot i deka treba da vnimava da ne go stisne i deka mama ne smee da go kreva zatoa sto taka kazal doktorot. Jas sum mnogu vozbudena zatoa sto pomaloto bratce ili sestrice e najubaviot podarok sto mozeme da im go podarime na postarite deca. Kristian mnogu se raduva so drugi decinja i so neterpenie prasuva koga ke porasne bebeto za da izleze od stomakot. Sigurna sum deka so podednakvo vnimanie i ljubov kon dvete deca ljubomorata moze da se nadmine

(Одговор на членот Maria)
Непосредна врска до пораките: 26
   RE: Прилагодување на постарото дете со бебето.
9.2.2011 12:39:26   
stojanoskad
Mojte dva sina se razlika 7 i pol godini.Ke napisam laga ako recam deka postariot sin bese vo celost spremen da go prifati brat mu,ili pak deka nemase vopsto lubomora.
Megutoa zadovolna sum sto se bese vo granicite na normala, ili izrazeno vo mali dozi.Deneska znaci posle 6 meseci go obozava.Mnogu go igra,mnodu mu se smee na guganjeto na maloto,ili pak na igrite sto maloto dobro neli gi uci.
Osven vremeto sto si go pravi svoeto,mislam deka najgolema uloga ima i roditelot odnosno negoviot odnos kon nestata.

(Одговор на членот Viktoria)
Непосредна врска до пораките: 27
   RE: Прилагодување на постарото дете со бебето.
2.10.2013 16:04:07   
vezilka RR
Кога им кажавте на постарите деца дека ќе има бебе? Никола уште пред да останам бремена зборува константно дека сака да му родам бебе, и расправа како ќе си играле, што ќе му давал, како ќе сме го шетале дури и расправа како мама ќе оди во болницата за бебиња за да го роди бебето (тоа од една сликовничка, Запознај ја болницата). Е ама официјално не сме му кажале дека навистина ќе има бебе. И не знам кога тоа да му го соопштам, кога ќе почне да се познава стомакот, за да му биде поопипливо, или? Ајде споделете искуство.

(Одговор на членот stojanoskad)
Непосредна врска до пораките: 28
   RE: Прилагодување на постарото дете со бебето.
2.10.2013 16:08:03   
Mihaela 2010
Uff pa ti imas srekja cim Nikola saka...jas si imam maka so M,ne saka ni da cue za drugo bebe,mi vika sakam sama da bidam..ke treba mnogu da porabotime na toa poleuser posted image
Inaku koga bi bila i jas trudna vednas bi soopstila na prvoto dete,nema potreba od premolcuvanje,ili koga ke pocne da raste stoomakot..

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 29
   RE: Прилагодување на постарото дете со бебето.
2.10.2013 16:14:43   
JovanaJ
Posle podolgo vreme se vklucuvam i prvo Vezilka da ti cestitam na bremenosta, so lesno, se izvinuvam za offtopikot. user posted image
Nie na sin mi mu kazavme stom go slusnav srceto na ginekolog. Mozebi zavisi i od vozrasta, sepak nie sme pogolemi 6.5 godini. Ama sepak ne sum za toa da se odlozuva za da ne se slucelo nesto nesakano. Ne sakam takov tip na razmisluvanja.
Nesakani raboti mozat da se slucat vo sekoe vreme ne samo na pocetok , taka sto nie odlucivme da mu kazeme rano.
Go sednav vecerta i mu rekov da ja zeme knigata za doktori, bidejki tamu ima sliki od bremenost i celiot toj proces. I mu kazav.
Negovata reakcija bese: Navistina? Tatoooo dojdi da ti kazam nesto user posted image
Kako on pa da ne znae...
I taka, vo sekoj slucaj ubavo user posted image

_____________________________

You can never make the same mistake twice, the second time you make it it''s no longer a mistake, it''s a choice!

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 30
   RE: Прилагодување на постарото дете со бебето.
2.10.2013 16:22:13   
vezilka RR
Мене стравот знаете од каде ми е. Заради нашите глупави дијагнози нели ризикот од спонтан до девета недела ни е 10 пати поголем отколку во „нормална“ бременост. А тој веќе е загреан, ако нешто се случи, како ќе му објаснам после.

(Одговор на членот JovanaJ)
Непосредна врска до пораките: 31
   RE: Прилагодување на постарото дете со бебето.
2.10.2013 16:27:41   
JovanaJ
Da, te razbiram kompletno. Neznam kolku e staro prvoto dete, no ako smetas deka za ne daj boze ke bide tesko da se objasni, togas pocekaj malku. Iako so sigurnost znam deka celo vreme ke te "kopka" da mu kazes....

_____________________________

You can never make the same mistake twice, the second time you make it it''s no longer a mistake, it''s a choice!

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 32
   RE: Прилагодување на постарото дете со бебето.
2.10.2013 18:26:16   
deluxe
Ќерката има 8 год.и еве никако не може да се навикне дека не е сама веќе,дека има помало братче.Многу е љубоморна,дури и на моменти има кренато рака да го удри кога малото нешто и зема.Сум пробала да разговарам,ја убедувам,се е ок до наредниот пат,и повторно е истата..user posted image Не знам како да постапам на моменти.Има некој слично искуство??user posted image user posted image

< Поракaта ја уредил deluxe RR -- 2.10.2013 18:27:43 >


_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот JovanaJ)
Непосредна врска до пораките: 33
   RE: Прилагодување на постарото дете со бебето.
3.10.2013 0:56:52   
Snowhite RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

Кога им кажавте на постарите деца дека ќе има бебе? Никола уште пред да останам бремена зборува константно дека сака да му родам бебе, и расправа како ќе си играле, што ќе му давал, како ќе сме го шетале дури и расправа како мама ќе оди во болницата за бебиња за да го роди бебето (тоа од една сликовничка, Запознај ја болницата). Е ама официјално не сме му кажале дека навистина ќе има бебе. И не знам кога тоа да му го соопштам, кога ќе почне да се познава стомакот, за да му биде поопипливо, или? Ајде споделете искуство.


Јас на М му кажав чим видов две црти и почна да плаче, Не сакам бебе, викашеuser posted image Па извесно време не спомнувавме ништо после постепено и прв пат кога бевме на одмор и една вечер седевме така во парк и едно дете дојде и почна да му кажува нешто на М, а тој само го слуша и ништо не му вели и детево нешто спомна сестра и тогаш М извика „И ние ќе имаме сестра!“ Ние со мм се погледнавме и се насмеавме, тоа беше прв пат да кажи нешто за бебето. Везилка мислам дека Никола е мал, може да почекате уште некое време, осигурајте се дека се ќе биде во ред, него временски мислам дека нема ништо да му значи или да му смени, дали сега или покасно, тој е дете и онака не знае колку време се носат бебињата и колку време поминало откако си останала бремена

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 34
   RE: Прилагодување на постарото дете со бебето.
3.10.2013 8:20:58   
Sasha24
I jas go imam istiot problem. Golemata kjerka ima 8god, a malata 6 meseci.
Ima momenti koga se e OK, ama i cesto se pojavuva golema ljubomora. Agresivna ne bila, no ednas mi kaza deka zivotot i se rasipal otkako se rodilo bebeto. Se obiduvam da ostanam ista vo odnosot kako shto bev. Ako ima nekoj slicno iskustvo Ve molam za sovet...

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 35
   RE: Прилагодување на постарото дете со бебето.
5.10.2013 23:29:37   
tnade
jas na kerka mi i kazav vdnas stom doznav deka sum bremena, taa e 2,7 god, ama taa si go barase, sto sakas od prodavnica da kupime- odgovor bebe-bratce, ako nekoj i dadese pari i i rece da si kupis cokolado-ne bebe ke si kupam, duri imase i nejzin paricnik i sobirase pari za bebe user posted image ...bebeto se sluci vo meseto na mama e i sega taa bila golema daicka, za rodenden ke dobiela od mama bebe zavitkano vo kebe, ke go niskala, ke go banjala i neznam uste sto...me guska, mi go gali meseto, ne jade ako ne zemam jas so nea da jadam, ponekogas i me rani (go ranela bebeto), uste od sega se deli so bebeto, smislila i ime Jana.
Mozebi golema uloga vo ova imam jas bidejki koga nesto ke mi podade da probam, jas i velam lele kolku se raduva bebeto, sreno e sto ima umna dadicka i sega postojano me prasuva se raduva bebeto....navecer ne legnuva ako ne me pogali i sekako da mu posaka dobra nok na bebeto, ubavo da nanalo, nautro mu posakuva dobro utro, ubavo li nanase, te sakam, vcera duri i mu poraca samo nea da ja saka...mozebi preteruvam mozebi ne ama bebus e vklucen vo nasiot zivot vo sekoj mig, duri i vetiv deka sledniot pat ke ja nosam da go vidi na televizor, ama neznaete koja sreka e toa, sega samo se fali kako ke mu maftala na bebeto i ke mu kazela deka go saka najveke na cel svet

mislite li deka gresam za ovaa ideja? se samo se plasam koga ke se pojavi na svet malata princeza, dadicka da ne nja frli niz prozor...inaku koga gleda drugi bebinja poluduva po niv...leta od sreka...pitoma e i prilagodliva ama sepak ???user posted image

(Одговор на членот Sasha24)
Непосредна врска до пораките: 36
   RE: Прилагодување на постарото дете со бебето.
6.10.2013 10:20:53   
Felly RR
tnade, мојата е една година поголема, исто што викаш е многу прилагодлива, питома, внимателна со бебиња, ама и мене многу ми е страв бидејќи некогаш не сака ништо нејзино да дели со друг. Па тоа многу ме плаши. Не сум бремена уште user posted image (се надевам за брзо ќе биде и тоа) а баш се прашував и јас дали е добро и поголемото дете да се однесе на ехо, да си го види братчето/сестричето???

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот tnade)
Непосредна врска до пораките: 37
   RE: Прилагодување на постарото дете со бебето.
6.10.2013 11:27:55   
Snowhite RR
Да, јас го однесов М на преглед со мене, мислам сите тројца бевме, бев некаде 5-6ти месец и тој наместо во екранот гледаше во стомакот и после кажуваше дека докторката му правела масажа на бебетоuser posted image

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 38
   RE: Прилагодување на постарото дете со бебето.
6.10.2013 17:14:17   
vezilka RR
Јас не сум сигурна дека сакам да го носам Никола на ехо. Кој знае што ќе у се уврти во тоа главчето, ко што е со бујна фантазија. Не знам, сега за сега сум со таа мисла.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 39
   RE: Прилагодување на постарото дете со бебето.
6.10.2013 18:52:54   
deluxe
Кога ќерката ја однесов прв пат на ехо со мене ,беше воодушевена ,тогаш ни кажаа пол на user posted image Детето беше пресреќно,не тргаше очи од монитор,сликчињата си ги зеде таа и на сите им се фалеше со братчето.Од тогаш натаму се туркаше и таа да иди со мене секој преглед за да си се видат со батеuser posted image user posted image

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 40
   RE: Прилагодување на постарото дете со бебето.
4.12.2013 15:14:06   
vezilka RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Martins mom RR

Женски, јас имам сериозен проблем со Мартин. Детево мое тотално се измени, постојано бара внимание иако вниманието на сите е нон стоп кон него. Намерно тоа го правиме откако се роди Ана. Беше многу умен дури бев трудна, заедно го галевме мешето, му пеевме, ме прашуваше сирот дали ќе го сакам кога ќе се роди бебето, дали е убав и милион такви чувствителни прашања. По тоа утврдив дека ситуацијата го погодува и затоа се трудиме да сме внимателни со него. Е сега почна проблемот. Од ко ќе стане од спиење, па дури да легне навечер, мене животот ми е кошмар од него. Се однесува агресивно кон сите, плука кај ќе стигне и мачка, единствен муабет му се безобразни работи, не ми одговара на прашањата, не игра сам, па дури и да го заиграш не е заинтересиран, цртаните не го интересираат повеќе, не можам ни на телефон да зборнам од него, само пишти или плаче, нормално не зборува. Денес изгубив контрола и го плеснав убаво, ама и тоа не допре до него, почна уште толку да се лигави и да зборува погрдни зборови. Не си го препознавам детето, не знам каде згрешив. Ете сега ги пуштив со мм да излезат малце да се излуфтира, ама ми се јави мм на тел и ми рече дека исто бил неподнослив. Не дава со мм дома муабет да направиме, нон стоп е тој центар пажњата. Со арно не бива, мм вели строго да пробаме. Ај плиц дајте совет што да правам. Денот ми го прави кошмар. Бебето ми е тотално запоставено, не стигам да го подржам во раце ни 5 минути, оти нон стоп сум зафатена со Мартинuser posted image user posted image



ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

draga Martins mom,
pred nekoe vreme ti go procitav postot vo temata "Dali vaseto dete pcue?" i nemav vreme da ti odgovoram iako mnogu me izrevoltira odnesuvanjeto na vasata okolina so Martin, a najmnogu sto vo seto toa ucestvuva i go podrzuva tvojot maz negoviot tatko. i sega istiot toj tatko predlaga za ona sto sam e odgovoren i sto e negov proizvod da pocnete da se odnesuvate postrogo so deteto? na koj nacin postrogo, moram da prasam? da go karate, tepate i kaznuvate za ona sto site vie okolu nego go ucite.
kade gresis? gresis vo stavot koj go imas za svoeto bitisuvanje vo taa kuka, za stavot koj go imas kon roditelstvoto i za se ona sto premolcuvas i nemo posmatras dodeka se slucuva pred tvoi oci a ne reagiras na vreme zarad nekoj mir vo kuka.
ne sugeriram da se razvedes, da ne bidam pogresno razbrana, ama treba i moras ti tamu da pokazes zabi i site negativni vlijanija da gi seces od start pocnuvajki od maz ti, pa posle site po red
imam procitano od tebe deka i ne mozes protiv site niv, no i toa ti e pogresno viduvanje, bidejki ako sakas da imas vospitani i razbrani deca na koi ke bides gorda ti treba i moras da deluvas protiv site niv
znam deka niv (svekrvata, svekorot, deverot, komsiite) nema da gi smenis sto i da napravis, no i te kako mozes da kontroliras kako ti se odnesuvaat so deteto, ne go pustaj sam kaj niv a koga si so nego i ke pocnat od nego da pravat paljaco prekinuvaj gi vo istiot moment, na deteto da mu kazes deka toa sto go ucat ne e ni malku zabavno, deka na toj nacin ne mu pokazuvaat ljubov tuku go iskoristuvaat za potsmevanje i deka taka baba i dedo koi si go sakaat vnuceto ne pravat (ova i tie da go cujat)
a so mt ke se raspravas vo vasite cetiri zida, bez publika, bez toj da ja ima poddrskata od mama tate i bate, na ramnopravni pozicii

Martin e ljubomoren na bebeto i ke bide uste dolgo, ke treba mnogu vreme da posvetite na razgovor na taa tema, no toa ne znaci deka za se treba da mu popustate, granici treba da mu postavite i prvo vie da gi pocituvate pa posle od nego da ocekuvate toj da pocne da gi pocituva
placenjeto vristenjeto se isto taka i del od golemiot emocionalen naboj koj decata go cuvstvuvaat vo toj period i ne se nauceni da gi kontroliraat, ne znaat da prepoznaat sto cuvstvuvaat za jasno da kazat i ke treba vie vozrasnite da mu pomognete taka sto na negovite cuvstva ke im dadete iminja, ke go naucite da gi prepoznava i da gi izrazuva so zborovi, ke mu kazuvas i povtoruvas deka e vo red da bide i ljut i besen i ljubomoren i tazen i sreken i ke mu objasnis kako sekoe od tie cuvstva izgleda sto predizvikuva vo nas so sopstveni primeri, koga i zosto ti si se cuvstuvala luto besno, srkno, tazno, no deka ne e vo red da zaradi tie cuvstva bide agresiven so nikogo i da zboruva bezobrazluci nitu da place i vristi, bidejki taka cuvstvata nema da isceznat a resenie za problemot koj gi predizvikuva nema da najdete
ubava komunikacija so dete se postignuva taka sto na sekojdnevnite kmekanja ne se odgovara odma i vednas samo za da se prekine kmekanjeto, tuku so nasocuvanje sto e pozelno da se kaze za da se dobie toa sto se saka
primer:
toj: Saaaaaaaaaaakaaaaaaaaaaaam vooooooooooodaaaaaaa!!!
ti: Pobaraj ubavo "Mamo moze da dobijam casa voda".
toj na pocetok ke se tegne i ke izbegnuva da kaze verojatno i ke dojdete i do vristenje i pistenje no ako ti istraes i ne mu go ispolnis baranjeto se dodeka ne go izrazi so jasna razgovetna recenica bez kmekanje, naskoro ke vidis i promena vo negovoto odnesuvanje
ne odgovara na prasanja, togas i ti ne razgovaraj so nego i sekoj razgovor koj ke vklucuva pogrdni bezobrazni zborovi prekinuvaj go so recenicata Se dodeka zboruvas loso i ne mi se izvinis za se ona sto me teras da te slusam ne sakam da razgovaram so tebe i ne mu obrnuvaj vnimanie, raboti si nesto
ako bilo sto isprlja daj mu krpa da iscisti i smisli nekoja kazna ako ne saka da cisti, nekoja zabrana na nesto sto mnogu saka

sepak najvazno od se e so mt da postignete dogovor da vulgariziranjeto na komunikacijata so deteto od okolinata go sosecete vo koren i nego moras da go nateras da svati deka za toa treba da te poddrzi pred negovite roditeli i komsii

moras seriozno da porabotis so deteto na ovaa tema bidejki ako sega izgubite kontrola nad nego za godina dve koga ke trgne na skolo uste potesko ke ti bide da se izboris bidejki togas nema ni da mozes da kontroliras sto se ke sobere od drugite deca i kolku bezobrazen i aroganten ke bide so nastavnicite, to povlekuva ponatamu da bide izbegnuvan od fini deca i za druzenje da mu ostanat nekoi slicni nemu so koi verojatno i ucenjeto ke mu bide vo vtor plan



ИЗВОРНА ПОРАКА: Martins mom RR

Многу ти благодарам ники user posted image user posted image Знам јас дека имам поголем проблем со возрасните, отколку со Мартин. Овде сите се со бурен темперамент и мистери олвејс рајт, само јас се трудам (и сум) смирена и не повишувам тон. Не можам 100% да имам контрола над детето од нивното влијание, едноставно не е возможно...и да, пред да се роди малата, попрво со него ќе се разберев, него со баба му.На пример, кога ќе му даваше благо пред ручек, неа не ја одучив да го прави тоа, ама малиот го научив да не зема кога баба и дедо ќе му даваат благо пред ручек. Мојот проблем моментално е неговата ужасна потреба за внимание. Ете сега седнав на компјутер оти тој се заигра со количиња. И ете го, ме виде и дојде над мене, да ми стои пред монитор, а и 2 пати ми го исклучи. Немам право значи на живот од ова детеuser posted image
Кога го игнорираш одма оди да ја мавне со некој предмет сестра му, оти знае дека ќе му станеш, не можеш да седиш рамнодушенuser posted image user posted image


(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 41
   RE: Прилагодување на постарото дете со бебето.
4.12.2013 15:26:41   
vezilka RR
Мартинс мам те читам и си викам еве ме мене после неколку месеци. Пројавувањето на љубомора кај постарото дете кон новото бебе мислам дека е нормална реакција. Тоа кутрото сигурно стравува од сите тие работи за кои те прашувал. Нему му е потребно да се убеди дека навистина сега вие ќе продолжите да го сакате како предходно. Тоа нему му тешко да сфати. На овој начин, со барање на внимание, и покажување на агресија, мислам дека само тестира дали навистина е се по старо, дали се уште го саката исто како и пред бебето. Колку и да се зборува пред да се роди бебето, друга е приказната откако стварно ќе се роди. Јас не сум сигурна дека тие, еве сега Никола на пример, разбира што значи тоа дека ќе му се роди братче или сестриче, дека тоа ќе биде живо, а не некоја играчка, дека ќе живее со нас, и ќе биде постојано со нас. Тоа што треба да го направиме е да ги убедиме дека во нашето срце има доволно и еднакво љубов и за него и за бебето. Е, како, тоа е прашањето. Не знам, некои велат да ги вклучиме во активностите околу бебето, тоа помагало. Секако многу зборување ќе треба. Трпение од наша страна. Да се обидеме да ги разбереме зошто тоа го прават. И да се обидуваме да ги убедиме дека сеуште ни се најважни во светот.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 42
   RE: Прилагодување на постарото дете со бебето.
4.12.2013 15:59:25   
Martins mom
Оф мајко мила, јас секогаш го вклучувам во сите активности околу бебето, ама тој не сака, или ќе се вклучи со глупости. Денес дури го капев, го замолив да ми го подаде шампончето и заедно да ја триеме, а тој го зеде шишето вода за плакнење и го истури дивјачки врз неа. Тој многу убаво разбира дека го сакаме и затоа сеа изводи, манипулира со нас. Затоа сега ќе пробам да бидам малку поладна со него. Од тоа внимавање на неговите чувства се разгали до бескрај. Ќе пробам сеа вака, па ќе го видиме резултатот.

_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 43
   RE: Прилагодување на постарото дете со бебето.
4.12.2013 16:33:30   
Elce
Истата песна е и кај нас.Керка ми постојано плаче,почнува да кашла да се задавува,и ситуацијата оди до лудило,се обидувам да бидам смирена но мм не издржува и настанува општ хаос.Претходно воопшто не беше удрена,бидејки бев против,сега некогаш мора да ја удрам по газето.Од една страна ми е криво што таа си го однесува постојано,ама многу е немирна станата и цела нервоза ја истураме врз неа,а пак од друга страна ми е криво што помалото дете е удрено од поголемото дете,колку и да внимавам неможам цело време да стражарам.
Кога ке го кренам помалото ,поголемото ми вика,Мамо земи не и двајцата!Сака и неа да и менувам пелена,а не носи пелени повеќе.

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 44
   RE: Прилагодување на постарото дете со бебето.
4.12.2013 19:42:27   
Felly RR
Мартинс Мам, пробај кога го вклучуваш во активностите, да му дадеш некој одговорност што ќе биде само негова, за да види дека имаш доверба во него и да се почувствува како голем и важен батко. Сега Ана е стварно малечка, и не знам што би можела да му довериш него како негова одговорност околу бебето, но одбери нешто и секако под око пак ќе го набљудуваш како се однесува со неа.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Elce)
Непосредна врска до пораките: 45
   RE: Прилагодување на постарото дете со бебето.
4.12.2013 21:44:44   
niki
ke pisam ovde od aspekt na postaro dete, jas zivo se sekavam na ljubomorata sto ja cuvstuvav koga dobiv sestra
ona sto mnogu mi smetase bese potenciranjeto deka jas sum postara a taa bebe i postojano se nesto mi branea, a toa mi se cinese ne fer bidejki i jas bev dete koe imase potreba da si ostane dete
ponatamu koga potporasna mi precese i toa sto mi doveruvaa demek da ja pazam sestra mi i koga taa ke napravese nekoja glupost pak se potencirase toa pa ti si pogolema pazi, pa ti si pogolema popusti, taa e mala
i mislam deka ako se odnesuvaa kon mene kako so dete bez toj odednas dobien zastrasuvacki stasus pogolem deka polesno ke mi bese
isto taka veruvam deka i toa sto majkata prestanuva da pominuva vreme nasamo so postaroto dete igra uloga vo pojava na ljubomora
zatoa jas bi igrala i na taa karta, maloto bi go nadoila i ostavila so tatkoto na dva casa a so golemoto bi otisla nekade kade ke go ima kompletnoto moe vnimanie bez da ne prekinuva ili da ni se zamesuva vo odnosot nekoj drug
veruvam deka doma toa ne moze da se postigne kolku i da se trudi covek, osobeno majkata ne moze da se iskluci i da bide posvetena na golemoto ako maloto place, a tokmu toa e najgolemata potreba koja ja imaat prvite deca koi do vcera go imale seto vnimanie a sega odednas treba da delat nesto sto bilo samo nivno
ednostavno e ne fer da im se odzeme toa odednas i da ne im se ovozmozuva i ponatamu sekako ne vo tolkava mera ama barem na redovna baza


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 46
   RE: Прилагодување на постарото дете со бебето.
5.12.2013 9:26:31   
vezilka RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

ke pisam ovde od aspekt na postaro dete, jas zivo se sekavam na ljubomorata sto ja cuvstuvav koga dobiv sestra




Ова ме просветли. Од вчера размислувам и сватив дека според муабетите што сум ги правела со други родители, и од тоа што го имам видено, пристапот и начинот на прилагодувањето на постарото дете всушност можеби зависи од тоа ние самите од каков аспек тргнуваме, тоест ќе кажам малку карикирано, дали носиме фрустрации на прво или второ дете. ЈАс во позадина го носам споменот на пример како мајка ми и сестра ми бојат, а мене ме бапнале кај тетка ми. И сега такви детали и приметувам кај другите родители, на пример сестра ми цело време ја прекорувам дека го запоставува малото, за сметка на големото. Веројатно, од пролет натаму здравје боже, првично кога ќе изградам стратегија како ќе го прилагодувам Никола кон бебето, тоа ќе ми биде контекстот во кој ќе работам со Никола. Можеби првично треба да ги земеме предвид карактерот личноста на постарото дете, а не нашиот бекраунд. Можеби тогаш ќе „ни сине идеја“ како да постапуваме. Сега извинетеме лупетам можеби, се уште не сум влегла во тој оган, не сум компетентна, ама ете само размислувам.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 47
   RE: Прилагодување на постарото дете со бебето.
5.12.2013 12:39:32   
Martins mom

ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

zatoa jas bi igrala i na taa karta, maloto bi go nadoila i ostavila so tatkoto na dva casa a so golemoto bi otisla nekade kade ke go ima kompletnoto moe vnimanie bez da ne prekinuva ili da ni se zamesuva vo odnosot nekoj drug



Потис! И мене ми светна ова. Го оставивuser posted image со тато, а јас и Мартин појдовме во детска да играме со коцки. Кутар тој, му фалело вниманието на мама, не на некој другuser posted image . Ми вели ај сега да одиме малце до Џамбо, ич ме немаш однесено user posted image . После требаше да дојам и ете го, се нацрта кај мене и пак ја закашка работата. Е сакал нон стоп да играме, дури и кога Ана цицаuser posted image Па ај зедов сликовница и почнав да му читам. Абе ич не ми се допаѓа ова вака,само тој во центарот на вниманието, ама ај, белки ќе му помине за брзо.

_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 48
   RE: Прилагодување на постарото дете со бебето.
5.12.2013 13:05:41   
ZVONCICA
zamisletee me meneuser posted image so 3 mali deca 5 god 3 god i 6 meseci sama totalno site mmama jaa baraat

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 49
   RE: Прилагодување на постарото дете со бебето.
5.12.2013 15:50:38   
blue_blue
Јас имам две деца ама не се помало и поголемо, исти се....И од кога почнаа да разбираат е борба за превласт кај мене, односно кој повеќе ќе го привлече моето внимание со она што ќе го направи....Разлиќни карактери скроз и различна реакција и размислување на нештата. После скоро две бурни години, испрочитани полно статии, искуства и истражувања од детска психологија и применување на разни методи можам да кажам дека конечно од кога децата ми наполнија 5 години јас 90% од времето уживам со моите деца. По однос на прво второ дете, јас сум второ дете и немам ама баш никакви „трауми“ од тоа, мислам дека и сестра ми ако ја прашата нема ни таа од фактот што била прво дете. Моето искуство се темели само на моте деца, без багаж од тоа јас како сум се соеќала како второ дете бидејќи ко што кажав некое посебно сеќавање немам - сум се осеќала како дете на мајка ми и татко ми. Еве што имам научено, па може на некој ќе му помогне:
-децата сакаат да привлечат внимание и рекација од родителите со тоа што тие не разликуваат до одредена возраст на каков начин привлекле внимание, нив им е само важно дека од мама или тато добиле реакција. Затоа е важно уште од најрана возраст на децата да не им обрнувате внимание кога прават нешто што не треба да го прават, односно да не покажете никаква за нив видлива реакција. На пример, детето оди накај штекерот и вика одма скокате и викате „не таму“...Кај детето ова е знак дека прави нешто што го привлекува вашето внимание и му клика - еј супер ова пак ќе го правам...Нему не му значи ништо - не таму, опасно е...Како станува поголемо почнува и да подразбира дал вниманието што го привлекол е зошто направил нешто добро или лошо ама тоа за него не е битно, многу поголема е желбата да се добие реакција од мама. Точно како што опиша Мартинс мам, ја удира сестра му зошто знае дека ќе реагирам...Епа следен пат не реагирај. Тоа не значи дека ќе го оставиш да ја убие, ама нема да викаш, нема да имаш бурна реакција туку без да му обрнеш било какво внимание ќе дојдеш до бебето и ќе го ставиш во безбедна позиција, без при тоа на Мартин да му опрнеш било какво внимание...Значи што е идејата - секое она однесување кое сакаш детето да го прави ќе го анградиш со бурна позитивна реакција - Браво, супер, дојди да те гушнам, многу умно дете си, итд...и секој пат кога ќе направи нешто што сакаш да продолжи да го прави ќе го пофалиш....Однесувањето кое не сакаш да го правиш ќе го инорираш 100%, ќе се однесуваш како да не постои, т.е. како да не било направено...Без разлика тој колку ќе вреска, ќе се треска од земја, ќе плаше и сл...Кога детето ќе се смири од хистеријата, или некој час подоцна кога ќе имаш мирна околина ќе го седнеш и ќе разговарате за чувствата баш како што рекла Ники. Ќе им дадет имиња на сите тие чувства, ќе му биде кажано дека се валидни и нормални, дека и мама ги има, ама дека кога ги има не го тепа, не вреска и не лупа со нозете по земја...Ќе укажеш дека таквото однесување не му помага на него да се справи со тие чувства и ќе побараш од него да предложи што би можел следен пат да направи кога ќе биде лут зошто и посветуваш внимание на Ана а не него, а тоа да не биде да ја удира неа...Ќе ти предложи нешто, ти ќе предложиш нешто ако не знае сам..Следен пат, прво игнорирај, после чекај да се смири и после повтори му што се договориле...следен пат кога ќе ги видиш првите знаци на „хистерија“ потсети го што сте се договориле и овозможи му на тој начин да ја искаже лутината....Ова функционира, проверено кај многу примери само треба секогаш да си конзистентна и ти и маж ти....кога се игнорира, игнорирате и ти и он, а не он да го земе и да го смири или пак он да му се извика и да го казни....Се надевам дека долгиов пост ќе му биде од корист на некого....

(Одговор на членот ZVONCICA)
Непосредна врска до пораките: 50
Страница:   <<   < Претходна страница  1 [2] 3   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?