|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Хепатит Б
9.6.2009 9:02:45   
Еца
Темата ја отворам по изјаснувањето на нашата Адријана дека се бори со оваа глупава болест и би сакала тука да поразговараме нешто повеќе околу хепатит Б.

Хепатитот Б е сериозно заразно заболување, кое може да доведе до тешки оштетувања на црниот дроб и развој на цироза и рак на црниот дроб. Предизвикано е од вирусот на хепатит Б. Вирусот на хепатитот Б се пренесува преку заразената крв и телесните течности. Ваквото ширење е можно преку директен контакт со заразена крв.
Хепатитот Б се пренесува слично како и СИДА-та, преку сексуален однос, со користење ист прибор при интравенозно земање дрога, при директен контакт со заразена крв или телесна течност од заразена личност, и при пораѓање, од мајката на новороденчето.
Хепатитот Б не се пренесува преку вода, храна или облека.

Значајно е и тоа што ова е заразно заболување, а тоа значи дека лесно може да се пренесе од болен на здрав човек. Луѓето кои се носители на вирусот на хепатитот Б може да заразат други здрави луѓе, иако самите не знаат дека се носители на вирусот.

Хепатитот Б може да се пренесе:
од мајка на најзиното дете,
од дете на дете,
преку трансфузија и заедничко користење на игли и шприцеви
преку сексуален контакт и контакт со телесните течности како што е крв, плунка и мочка.

Се надевам Адријана ќе ни каже повеќе околу ова бидејќи самата минува низ се, а сега е и трудна, па дали постои и опасност за плодот? Како ја доби оваа болест, и дали воопшто се лечи?



_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Хепатит Б
9.6.2009 9:13:23   
mami
леле ова е страшно...Адријана дај те молам објаснини како се бориш со оваа болест? како ке го заштитиш малечкото да не ја фатиuser posted image

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Хепатит Б
9.6.2009 10:51:03   
mis.
Јас имам доста да напишам за оваа тема бидејќи последниве 3 год некако стана дел од мојот живот.Мајками е болна од цирозна на црниот дроп кој е настаната како резултат на прележан хепатит б.Како и кога заболела од хепатит и самата не знае и дури не верува во тоа но крвните резултати го потврдуваат.Има големо оштетување на црниот дроб што доведе и до дијабет,варикозни вени на хранопроводот и желудникот а и до нивно пукање.Ситуацијата е доста сложена а болеста доста лоша,тешка и подмолна.Тоа кај неа се случило доста одамна бидејќи здраствени проблеми имаше многу одамна само што не беше откриена болеста.Е сега колку хепатитот може да се пренесе од мајка на дете дури и детето да е возрасен не знам и ме интересира.Јас не сум била на испитување а во фамилија некои симптоми на болеста нема а и може да ги има а да не ги осетиме.Веќе пишува дека адријана пишувала за оваа но не знам каде поточно изгледа ќе треба да прошетам низ форумот.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Хепатит Б
9.6.2009 10:57:41   
Еца
Мис еве тука Адријана кажа за хепатит Б  http://www.ringeraja.mk/forum/m_4318/mpage_1/key_/tm.htm#5280

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Хепатит Б
11.6.2009 8:57:04   
Еца
Адријана, аје мила кога ќе се вклучиш да ни напишеш нешто повеќе на оваа тема,ти благодарам драга и ме интересира дали можеме некако да помогнеме ние околу оваа болест, што се однесува на тебе?user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Хепатит Б
11.6.2009 9:52:51   
Adrijana
Eve me, izvinete sto me nemase, sega ke vi raskazam za mojot hepatit.
Vaka pred da zapocnam da vi napomenam deka jas ne sum bolna od ovaa bolest tuku samo sum nositel na istata. Mozno e bolesta da se razvie vo mojot organizam  da se razbolam a mozno e i cel zivot samo da si ja nosam vo mene, verojatnosta deka ke ja isfrlam od mene e mnogu mala, no sepak postoi. Znaci jas ja otkriv slucajno pri daruvanje krv. Doktorite ne mozea da doznaat od kade sum ja dobila, nitu kolku vreme ja nosam. Za da stanes nositel na ovaa bolest treba da si bil bolen od istata, znaci da ja prelezis i posle ostanuvas samo nositel, ili treba da si vo kontakt so bolen (mislam na seksualen kontakt), ili pak od zarazena igla i taka natamu i demek ako ti e jak organizamot toj nema da dozvoli bolesta da se razvie tuku ke ja izolira i ke stanes nositel. Jas licno se somnevam deka sum ja zakacila bolesta od nekoja inekcija, mozebi i uste dodeka sum bila dete.
Za da ne mi se razvie bolesta i za da mozam polesno da ja isfrlam od mene, doktorite me sovetuvaa, zaradi toa sto lek nema( ima ama vo USA, kaj nas ne go ni znaat, jas toa sto cepkav po net), moram da vnimavam na se sto ke vnesam vo usta, prvo i osnovno alkoholot da zaboravam deka postoi, posle cigari i drugi poroci isto taka, da ne jadam brza hrana, da ne pijam gazirano, da ne jadam nisto od konzerva, da izbegavam cokoladi, da ne jadam mrsna hrana , da ne se prezamoruvam fizicki i taka natamu, moram da pijam mnogu mleko, extra mnogu tecnosti, da jadam ovosje i zelencuk kolku mozam poveke, med caj toa obavezno i tn.
Vakviot nacin na ishranna mi odgovara, jas sekako taka se hranev, moze sega smaliv malku na konzervite i cokoladite, ama smaliv malku a ne gi iskluciv skros.
Drugo sto e vazno e da se zstiti semejstvoto od ovaa bolest, najprvo mm ,odnosi obavezno so zastita, da ne jadam so ist pribor, da si imam samo moj poseben, ako se isecam da mi potece krv treba da begam podaleku od site i da dezinficiram se sto e kontaminirano ....
E sega da vi kazam postojat i vakcini, dvokratni se i ne kostaat kojznae kolku i bi trebalo doma moive da se vakciniraat posebno mm ama covekot ima strav od igli:) , pa da cuknam vo drvo do sega nisto ne mu e pa duri i bebe napravivme ,  ne mu e nisto, sto ne e garancija za ponatamu.
Tocno e deka se prenesuva od majkata na deteto, i prasuvav mnogu za toa pred da ostanam bremena i se plasev no bez potreba, doktorite mi objasnija deka bebeto vednas koga ke se rodi ke se vakcinira so vakcina protiv B hepatit, a toa ke se rodi sosema zdravo ne zarazeno, moze da se zarazi od krvta pri poragaj ili ako go dojam, no jas nema da dojam, a za da se razboli od krvta treba pogolema kolicina moja krv da dojde vo dopir so negovata, sto ne mi se veruva deka ke se sluci takvo nesto.
Doktorkata sto mi e ginekologot mi kaza deka ima zeni koi niz cel zivot ne doznavat deka se nositeli , pa izrodat zdravi pravi deca, edinstveno doenjeto ni e zabraneto, no ako toa e cenata za zdravo bebence ke ja platime pa ke si rucka vestacko mlekce.
Na mnogu luge koga vaka niz muabet ke im kazam deka sum nositel, ke se zbrkaat i taka ke se oddalecuvaat od mene ko da sum baba roga, no toa e zasto ne se informirani. Bolesta ne se prenesuva preku dopir , ni guskanje ni baknuvanje, ni preku vozduh, za da nekoj se zarazi od mene treba moja krv da dojde vo dopir so negova da receme otvorena rana, ili preku igla, li preku nezastiteni sexualni odnosi.
Drugo ne mi teknuva sto da vi kazam ako imate prasanja slobodno prasajte.
pozdravcinjauser posted image

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Хепатит Б
11.6.2009 9:58:37   
lide78
дали болеста се открива со antiHCV испитување на крвта или потребно е и нешто повеќе?

_____________________________

Колку убав ден!

(Одговор на членот Adrijana)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Хепатит Б
11.6.2009 10:04:04   
Еца
user posted image user posted image user posted image Адријана како може да се дознае за тие лекови малку повеќе па ако треба и со наша помош да ги нарачаш?

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот lide78)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Хепатит Б
11.6.2009 10:17:18   
mami
па добро како го направивте бебето? ако имате заштитени односи? и дај кажи кои се лековите ке најдеме начин да ги порачаме

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Хепатит Б
11.6.2009 10:18:26   
Adrijana
Tie lekovi mislam deka se uste se ispituvaat i deka bi trebalo da bidat pusteni vo upotreba naskoro vo USA, jas ziveev dve godini vo Chicago, i se rasprasuvav za niv, no ne znaea da mi odgovorat i ne znam. Veke ne gi ni baram, nauciv da ja drzam bolesta pod kontrola, cesto se testiram i se e vo red dosega. Mozebi ponatamu koga ke izlezat vo uptreba i koga ke se legaliziraat sigurno bi gi brala, no zsega ok e vaka.
No sepak ti blagodaram mnogu sto mi se ponudi da pomognes.user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Хепатит Б
11.6.2009 10:20:26   
Adrijana
pa go napravivme bebeto bez problemuser posted image , imavme nezastiteni odnosi i taka go napravivme, rizikuvavme.

(Одговор на членот Adrijana)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Хепатит Б
11.6.2009 10:23:45   
Adrijana
Lide ne sum sigurna vo momentov da ne te izlazam, ke razgledam da se osiguram  ke ti odgovoram.

(Одговор на членот lide78)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Хепатит Б
11.6.2009 10:24:07   
mami
колку ли ви е мака цело време дса пазите да имате кондом при рака...браво за вас..јас незнам што би направила, би полудела сигурно...сериозно, биди во тек со развојот на апчињата и кажи кога ке може да се нарачаат, мислам дека имам 9% да ти ги купат таму и да ги прататuser posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Adrijana)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Хепатит Б
11.6.2009 10:25:00   
mami
извини сакав да ти пишам 99%user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Хепатит Б
11.6.2009 10:26:46   
Еца
Адријана без разлика на се, за што и да ти затреба помош кога било, слободно пиши, сигурно ќе помогнемеuser posted image user posted image user posted image И на сите на кои таа им е потребна, па нели сме ние рингераја семејство, а кој ќе помогне ако не семејството!user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Хепатит Б
11.6.2009 10:29:32   
Adrijana
Fala na site, vakva poddrska na ovaa tema nikogas ne sum dobila, obicno site me gledaat kako nesto  opano po nivniot zivotuser posted image user posted image user posted image
Pa mami da ti kazam sekogas nemame kondom pri raka, izgleda gospod go cuva mm, za nego mi e najveke strav ama ne mozam da go nateram da se vakcinira user posted image

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Хепатит Б
11.6.2009 10:34:50   
mami
оф мори мајко, значи ова маживе се прави плачковци...го чува него некој...за да може он тебе да те чуваuser posted image

(Одговор на членот Adrijana)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Хепатит Б
11.6.2009 10:37:34   
Adrijana
da izgleda e takauser posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Хепатит Б
11.6.2009 13:02:48   
mis.
Адријана сите сме со тебе ако треба нешто тука сме.Жално е некој толку млад да има работа со една таква тежка болест.И мајка ми е носител и тоа го откри многу касно кога веѓе имаше добиено цироза и сега е веќе тешко да се контролира бидејќе црниот дроб и е скоро уништен.Дали имаш правено ти испитувања на црниод дроп бидејќи тој е оној кој најмногу страда,постепено но сигурно.Не сакам да те плашам но работата е сериозна и може да се регенерира доколку на време се интервенира.
За жал мајка ми ја немаше таа среќа на време да се открие.

(Одговор на членот Adrijana)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Хепатит Б
11.6.2009 13:39:44   
Nikolina
значи што ти е животот тоа е мора да се живее секоја чест на тебе а и на мажот ти се гледа дека сте многу храбри личности како прво сега најважно е бебенцето тоа да ви е живо и здраво поздравчеuser posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Хепатит Б
11.6.2009 13:49:09   
mami
било што, буквално било што ако ви треба слободно кажете..тука сме сите едно семејство..ке си помагаме...леле едвај чекам да дојде 13user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Nikolina)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Хепатит Б
11.6.2009 14:01:40   
Adrijana
ИЗВОРНА ПОРАКА: mis.

Адријана сите сме со тебе ако треба нешто тука сме.Жално е некој толку млад да има работа со една таква тежка болест.И мајка ми е носител и тоа го откри многу касно кога веѓе имаше добиено цироза и сега е веќе тешко да се контролира бидејќе црниот дроб и е скоро уништен.Дали имаш правено ти испитувања на црниод дроп бидејќи тој е оној кој најмногу страда,постепено но сигурно.Не сакам да те плашам но работата е сериозна и може да се регенерира доколку на време се интервенира.
За жал мајка ми ја немаше таа среќа на време да се открие.




Tocno e deka bolesta go napaga crniot drob, no vo mojot slucaj bolesta e izolirana, i samo ja nosam vo mene i taka izolirana ne moze da mi nasteti, zatoa pravam cesti kontroli, i igram sprema pravilata na igra i se e ok. Ne daj boze rezultatite da pokazat deka bolesta se razviva, togas e strasno, zasto tesko se lekuva, dolgo vreme, a moze i fatalno da zvrsi. No ne mislam na toa verojatnosta da se razvie e mala i ne se zamaram so crni misli, se nadevam deka ke ja isfrlam, predhodnite rezultati pokazaa malo podobruvanje, pa posto bremenosta e blagoslovena sostojba, postojat sansi da se isfrli bolesta od mene, ako ne nikomu nisto, prodolzuvam so pretpazlivosta i se ke bide ok.
Uste ednas da vi se zablagodaram na site za podrskava sto mi ja davate, navistina mnogu prijatno se iznenadivuser posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Хепатит Б
11.6.2009 14:18:07   
Adrijana
aaaaa sto ima na 13, ne sum bas upatena???

(Одговор на членот Adrijana)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Хепатит Б
11.6.2009 14:20:12   
mami
оди брзо во прво рингераја дружење ке видиш и те чекаме да дојдешuser posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Adrijana)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Хепатит Б
11.6.2009 14:21:07   
Julie1
Адријанче ке се дружиме ајде ако си за дружење не чекај пријави се на списокот. Инаку и јас познавам еден пријател кој доби хепатит Б, претпоставуваат дека од забар го има добиено user posted image user posted image user posted image  

_____________________________

And this is my beautiful life ...

(Одговор на членот Adrijana)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?