|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Хепатит Б
2.7.2009 15:10:17   
mami
Адријана мила, до кај си? како со бременоста и болеста? да не нешто се промени или уште е под контрола?

(Одговор на членот Julie1)
Непосредна врска до пораките: 26
   RE: Хепатит Б
13.7.2009 12:30:10   
Еца
  Хепатитис Б: Кај околу 15% се развива хроничен облик за кој е потребен интензивен третман. Кај другите поминува без компликации како акутен, или без симптоми. Се пренесува преку: крв(преку трансфузија-1 на 2,500,000; и правење заби, при користење на исти игли, шприцеви- кај наркомани), сексуален однос(ризична група се хомосексуалците и промискуитетните), плунка(доколку дојде во контакт со крв), од мајка на дете при породување(кај помалку од 15% од инфицираните мајки). Денес има заразено повеќе од 350 милиони луѓе или кај 0,5-20%(во зависност од степенот на развој на државата) од светската популација има знаци за присутност на вирусот во крвта, а кај дел од нив постои и зголемен ризик за премин на болеста во цироза или карцином(25% од хронично болните), уште пострашен податок е што е 50-100 пати позаразен од ХИВ.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 27
   RE: Хепатит Б
13.7.2009 13:50:27   
mis.
Мајка ми има цироза и ја добила како резултат на прележан хепатит б.Од кај го фатила и сама не знае дури и не верува дека е од хепатит.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 28
   RE: Хепатит Б
20.7.2009 21:13:34   
Borizzz
Dali nekoj znae po kolku vreme se pojavuvaat simptomite na ovaaa bolest

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 29
   RE: Хепатит Б
20.7.2009 21:19:05   
srnicka
avisi vo kakva forma e, moze da bide bez nikakvi simptomi a da si nositel ili da se pojavat simptomi na bolesta (zoltilo, slabost, iznemostenost, gubenje na apetit, gadenje). Ima i terapija za hepatit B, najdobro e da se posovetuvas so infektolog. Site bebinja po raganje primaat zadolzitelna vakcina i a hepatit B.

(Одговор на членот Borizzz)
Непосредна врска до пораките: 30
   RE: Хепатит Б
20.7.2009 21:25:38   
Еца
Најдобро да направиш тестирање преку крв.Следниве наоди на крвните анализи можат да се толкуваат на следниов начин:
HbsAg – Ова е тест со кој се дијагностицира хепатитот Б. Ако е наодот позитивен значи дека вирусот е присутен во крвта.
HbeAg - Ова е тест со кој се утврдува степенот на заразноста на вирусот. Акое тестот позитивен, тоа значи дека лицето е многу заразно.

Инаку за симтоми еве некои податоци.
Кога здрав возрасен човек е заразен со хепатитис Б вирусот (ХБВ), неговото тело реагира на неколку различни начини. Околу 50% од сите ХБВ случаи немаат никакви симптоми.

Кај приближно околу 49% ќе се јават симптоми слични на симптомите на грипот: треска, замор, болка во мускулите и зглобовите, губиток на апетит, гадење и повраќање. Многумина од пациентите мислат дека имаат грип или не ги поврзуваат нивните симптоми со хепатитот Б.

Кај околу 90% од сите заразени луѓе ќе се создадат антитела против болеста и во целост ќе го отстранат вирусот од нивното тело. Иако, кај нив можат да се јават некои симптоми, сепак овие луѓе ќе оздрават без компликации.

Многу мал број (околу 1%) развива акутен фулминантен облик на хепатит. Кај овие луѓе може ненадејно да се јави јак замор, да се јави пожолтување на кожата и очите (жолтица) и оток на стомакот. Акутниот фулминантен хепатитис е многу тежка форма на хепатит, се развива многу брзо и може да има фатални последици, ако веднаш не почне да се лекува.

Околу 5-10% проценти од заразените пациенти никогаш нема да создадат антитела кон вирусот и ќе станат хепатитис Б вирусоносители, најчесто без да знаат. Кај хроничните вирусоносители покачен е ризикот за развој на црнодробни заболувања, како цирозата и ракот на црниот дроб, бидејќи ХБВ директно ги напаѓа клетките на црниот дроб (хепатоцитите).

Кај хроничните носители е присутно хронично воспаление на црниот дроб, кое понатаму може да премине во цироза и рак на црниот дроб.


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот srnicka)
Непосредна врска до пораките: 31
   RE: Хепатит Б
21.7.2009 17:36:12   
Adrijana
ИЗВОРНА ПОРАКА: mami

Адријана мила, до кај си? како со бременоста и болеста? да не нешто се промени или уште е под контрола?


Se si e pod kontrola, jas se oskeam super , bebceto si e super pu pu da ne se urocam eve  vo 6ti mesec sme. Planiram sega do krajot na Avgust da si ja proveram  bolesta, ama ne mi se veruva deka ke imam bilo kakvi promeni.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 32
   RE: Хепатит Б
31.10.2009 13:10:52   
mother 29



Хепатитисот претставува оштетување на црниот дроб, предизвикано
од инфламаторни (воспалителни) клетки во ткивото на црниот дроб. Како причини за овој инфламаторен (воспалителен) процес најчесто се регистрираат вирусите и тоа најчести се хепатитис
вирусите: А, Б, Ц, Д, Е; потоа
Herpes simplex, Cytomegalovirus, Epstein-Barr, adenoviruses.
Како втора по ред причина се регистрира злоупотребата
на алкохолот
и овој тип на хепатитис се нарекува алкохолен хепатитис. Други
причини за хепатитис се некои лекови,
автоимуни заболувања, метаболни заболувања итн.


Хепатитисот се дели на акутен, хроничен и фулминантен
   Акутниот трае помалку од 6 месеци. Најчесто овој тип е предизвикан од Hepatitis A,(повеќе од 95%, и оваа инфекција се појавува кај децата и често поминува незабележана и без поголеми последици). Кај возрасните најчесто е последица на алкохолот и другите вируси. Се карактеризираат со разноврстна клиничка слика, од незабележлив тек, до такво оштетување на црниот дроб за кое е потребно трансплантација. Симптомите се често неспецифични, карактеристични за сите други вирусни инфекции: малаксаност, главоболка, гадење, покачена температура. Од поспецифичните симптоми се: Губење на апетит, потемнување на бојата на урината, пожолтување (најпрво на очите па по целата кожа), болка во горниот десен дел од стомакот, исип, појава на модри шари по телото, асцит(оток во стомакот), крварење...


  Кај хроничниот облик симптомите траат подолго од 6 месеци. Тука често доаѓа до големо оштетување на ткивото и текот е значително потежок. Како најчести причини се хепатитис вирусите Б, Ц, автоимуни процеси, алкохол, лекови.
   Фулминантен хепатитис е форма на акутниот, каде состојбата се влошува толку многу и толку нагло, што најчесто завршува со смрт.
Компликации:
   Како најтешка компликација од хепатитисот е настанување на хронична црнодробна инсуфициенција која води до цироза. Цирозата претставува состојба од која нема опоравување на црнодробното ткиво, и води до сигурна смрт доколку не се изврши трансплантација на црн дроб. Настанува и оштетување на белите дробови, бубрегот, мозокот и другите органи.





Сега нешто за видовите на хепатитис и начинот на
заразување
.

Хепатитис А: предизвикува
акутен хепатитис и најчесто поминува
без последици. Се пренесува како резултат на недоволна хигиена најчесто од човек на човек со нечисти раце, прибор за јадење и пиење,
потоа преку контаминирана храна(школки),
вода, нечисти тоалети. Инокулацијата
се случува уште во детството и во нашите простори до 70% од луѓето дошле во допир со овој вирус.



   Хепатитис Б: Кај околу 15% се развива хроничен облик за кој е потребен интензивен третман. Кај другите поминува без компликации како акутен, или без симптоми. Се пренесува преку: крв(преку трансфузија-1 на 2,500,000; и правење заби, при користење на исти игли, шприцеви- кај наркомани), сексуален однос(ризична група се хомосексуалците и промискуитетните), плунка(доколку дојде во контакт со крв), од мајка на дете при породување(кај помалку од 15% од инфицираните мајки). Денес има заразено повеќе од 350 милиони луѓе или кај 0,5-20%(во зависност од степенот на развој на државата) од светската популација има знаци за присутност на вирусот во крвта, а кај дел од нив постои и зголемен ризик за премин на болеста во цироза или карцином(25% од хронично болните), уште пострашен податок е што е 50-100 пати позаразен од ХИВ.
   Хепатитис Ц: Порано наречен не А не Б вирус. Кај околу 85% од заразените се развива хроничен хепатитис. Карактеристично е што кај дел од пациентите инфекцијата може да не се забележува до 20 години за да на крај премине во тежок облик на болеста доведувајќи до цироза и терминална фаза. Патот на трансмисија е сличен како кај хепатитис Б вирусот, но значително поизразен преку крв и крвни продукти. Ризична група се пациентите на дијализа и на оние на кои име потребна трансплантација. Кај околу 1,6% од светската популација се забележува виремија со овој вирус,  кај околу 40% од заболените преминуваат во терминална фаза за што е потребно трансплантација на црн дроб. Во САД се забележуваат повеќе од 10000 смртни случаи годишно, директно последица од Хепатитис Ц.

   Алкохолен хепатитис: Настанува како резултат на долгогодишна злоупотреба на етанол. Значи не е битно кој алкохол се употребува, важна е само количината на етанолот и временскиот период. Исто така важна е и генетската предиспозиција, па затоа кај секој алкохоличар не се развива тежок облик  на оваа заболување(25-30% од тешките алкохоличари заболуваат од алкохолен хепатитис; во сад има околу 2 милиони со алкохолен хепатитис). Како и другите хепатитиси доведува до истите компликации, хронично откажување на функцијата на црниот дроб и цироза. Така кај 60% со тежок степен на оваа заболување настанува смрт, а сето оваа може да се одбегне само со навремено прекинување на пиењето алкохол.
   Други хепатитиси: Како што спомнавме претходно, во причините за хепатитис се и различните лекови, метаболни синдроми, други токсини, автоимуни заболувања и др.
Како да се спречи оваа заболување:
     Најбитно од се е превенцијата. Највнимателни треба да бидат ризичните групи: здравствените работници да внимаваат при работењето со крв, да се стерилизираат уредно инструментите, кај болните на дијализа да се внимава со заразените апарати, наркоманите да користат различен прибор, а сексуално активните да користат соодветна заштита.
   Во детските прифатилишта да се внимава со храната, водата за пиење, и односно хигиената да биде на прифатливо ниво особено во периодот на епидемии, есен и рана зима.
Третман:
Третманот е доста скап и во нашата држава енедостапен за сите, а последиците се тешки и заканувачки по живот. Затоа внимавајте како се однесувате, зашто во Македонија ризикот да се закачи хепатитис Б или Ц е многу пати поголем отколку ХИВ вирусот.
извор.жолта

< Поракaта ја уредил mother 29 -- 31.10.2009 13:11:19 >

(Одговор на членот Julie1)
Непосредна врска до пораките: 33
   RE: Хепатит Б
31.10.2009 13:13:20   
mis.
Мајка ми имаше хроничен хепатит Б кој за жал не беше откриен на време и премина кон цироза црниот дроб со тешки оштетувања.user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 34
   RE: Хепатит Б
1.11.2009 21:11:13   
mami
леле Мис, па тоа е страшно...
имаше една добра вест која ни ја кажа Адријана, а тоа е дека и покрај тоа што е носител на оваа болест сепак ке и биде дозволено да го дои малото, се додека Ева не доаѓа во контакт со нејзината крв и дека веднаш по раѓањето ке прими вакцина за Хепатит Б, едвај чекам Адријана да си дојдат домче и да ни пише како поминале и дале ке се дојатuser posted image user posted image

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 35
   RE: Хепатит Б
14.11.2009 19:50:01   
mami
Адријанче како помина со хепатитот? се е во ред со Ева?ја доиш?


(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 36
   RE: Хепатит Б
25.12.2009 16:31:36   
Митра
здраво на сите,
имам 31 година и наскоро планирам да се омажам и формирам семејство. Правев испитувања и тукушто дознав дека имам хепатитис Б. Во шок сум. Резултатите од тестот покажаа ХБВ/ДНА позитивен присуство на хепатитис б вирус од 480.000 копии/мл. Немам никакви симптоми, црниот дроб и анализите се одлични. Не знам дали сум само носител или хроничен активен или пасивен. Да ли некој знае дали е ова количина на вирусот опасна по моје здравје, дали можам да забременам, како да го заштитам партнерот?  Дали некогаш ќе можам да имам одоси без кондом.Дали треба да внимавам на исхраната? Однапред благодарам за одговорот.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 37
   RE: Хепатит Б
25.12.2009 17:25:56   
ripce
Еве се обидов нешто да преведам...

За време на бременост

Во Швајцарија се препорачува сите трудници да се направат тест за хепатит Б, дури и жените кои биле вакцинирани.
При негативен резултат на тестот... ако постои индикација за вакцинирање, може да следи веднаш после породувањето или за време на бременоста.
При позитивен резултат на тестот... сите личности кои живеат со носител на хепатит Б или се блиски со носител на хепатит Б треба да бидат тестирани и при негативен резултат да бидат вакцинирани.

Позитивните резултати за време на бременост се многу ретки, но за новороденчето се од големо значење.

Инфекциите кои настанале при раѓањето, главно се без симптоми, се задржуваат, меѓутоа во 90% хронично.

Пренесувањето на вирусот од мајката на детето е главно преку контакт со телесните течности на мајката за време на раѓањето.

Луѓето кои се инфицирале како бебе, имаат зголемен ризик, предвреме да умрат поради цироза или рак на црниот дроб.

Пред се малите дечиња, кои живеат заедно со хронично инфицирана личност, може да инфицираат преку контакт со крв или друга телесна течност која содржи крв (заедничко користење четка за заби, контакт со повредена кожа, контаминирани површини).

Новороденчиња кои биле заразени со хепатит Б од мајката
Вакцинацијата во рок од првите 12 ласа после раѓањето го штити новороденчето против ХБВ инфекцијата од мајката која е позитивна на ХБВ.
Во рок о 12 часа после раѓање се дава вакцина против ХБВ и специфични имуноглобулини.
Комбинираното давање на вакцина и имуноглобулини непосреднопосле раѓање, го намалува ризикот од прнесување од мајката на детето за повеќе од 90%.
Ако новороденчето е вакцинирано после раѓање, доењето не доведува да зголемен ризик од пренесување на ХБВ.

Непосредна врска до пораките: 38
   RE: Хепатит Б
11.1.2010 14:27:56   
mami
Адријана како си сега со хепатитот? ја доиш Ева или?

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 39
   RE: Хепатит Б
11.1.2010 14:39:04   
Adrijana
Uste si go nosam, ama ok sum.Eva ja vakciniravme protiv b hepatit, ama za zal ne ja dojam. Uste od pocetokot taa sto bese pedijatar vo bolnicata koga se porodiv, mi rece podobro da ne ja dojam, deka iako bolesta ja nema vo mlekoto, sepak postoi moznost da mi se pojavat ranicki na gradite i jas bez da zabelezam Eva moze da goltne kapka krv, a za nea toa bi bilo dovolno za da se razboli.I taka nisto od doenjeto odma pocnavme so Humana 1.

_____________________________



(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 40
   RE: Хепатит Б
11.1.2010 14:42:40   
mami
оф леле...ај важно да е таа здрава и жива и голема да расте па дали мајчино или вештачко млеко не е важно

(Одговор на членот Adrijana)
Непосредна врска до пораките: 41
   RE: Хепатит Б
11.1.2010 14:43:02   
mother 29
ispravna odluka,i jas sakav da ti kazam uste koga ja otvori temata mi se ispolni zelbata,deka moze slucajno da te raskravari i da ne vidis posebno noke koga ke ja dois,ama si vikav da ne ti rasipan raspolozenieuser posted image

vaka e ispravnouser posted image

(Одговор на членот Adrijana)
Непосредна врска до пораките: 42
   RE: Хепатит Б
11.1.2010 14:47:21   
Adrijana
Nema veze eve taa pu da ne ja urocam super e, kako bubreg vo loj:)))user posted image Mozebi ke mozev barem na pocetokot maku da ja dojam koku kolostumot da go prima ama veke ne e vazno.user posted image

_____________________________



(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 43
   RE: Хепатит Б
11.1.2010 14:50:25   
mother 29
ајде за три капки колострум,цел живот сумња...ајде не се мисли многу,јас пројдов со aptamil и јас имав некаква грижа на совеста,ама денес од овој аспект гледано...сето тоа било непотребноuser posted image

(Одговор на членот Adrijana)
Непосредна врска до пораките: 44
   RE: Хепатит Б
26.2.2011 21:38:21   
kris_n
Здраво!

Јас сум многу загрижена за здравствената состојба на татко ми. Случајно откри дека е позитивен на хепатит Б. Не се сеќава на блиски контакти со крв освен како млад кога бил крводарител.Тој сега има 40 год. Дали тој го носи вирусот во себе сиве овие години? Дали е возможно да е така бидејќи нема никакви симптоми? Тој е силен и здрав човек.Физички активен и никогаш не пиел тешки лекарсвта. Оваа недела ги правеше повеќето испитувања и сеуште не се прочитани резултатите но несомнено е дека веќе го има вирусот.Резултатите од крвта се покажаа добри исто и црниот дроп му е здрав.Какви други испитувања треба да направи и што друго треба да знаеме за болеста за да се соочи со неа? Според сето она што го прочитав го пронаоѓам во групата на хронични носители на вирусот за кои постои ризик од цироза и во краен случај рак на црниот дроб. Ако постои ризик од цироза дали тоа значи дека кога тогаш ке добие? Има ли можност да се излечи? Како да му помогнам зошто многу е исплашен и самиот незнае што треба да прави... не сака да зборува со никој и мн е тажен.:((((((((

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 45
   RE: Хепатит Б
26.2.2011 21:50:05   
Julie1
Здраво Крис,

Нормално е татко ти така да реагира тоа е секако шок за секого. Но најважно од се е да разговара со луѓе кои го имаат истиот проблем или некоја организација која е наменета за таа болест. За секоја болест не само за хепатитот мислам дека сваќањето дека не сме единствени на овој свет кои се бориме со таа болест и успешните приказни на излекувани од таа болест дава енергија да се избориме. На интернет ја најдов следната организација која е наменета за болни од хепатит: Клик Пробај да поразговараш со нив прво ти а потоа и договори средба со татко ти. Сигурно ќе добиете одговор на многу ваши прашања и ќе бидете упатени како понатаму.

Ти посакувам побрзо лекување и оздравување на татко ти.


_____________________________

And this is my beautiful life ...

(Одговор на членот kris_n)
Непосредна врска до пораките: 46
   RE: Хепатит Б
27.2.2011 2:57:36   
kris_n
Ви благодарам за сета подшка и за сите совети.Ќе земам во предвид user posted image

(Одговор на членот Julie1)
Непосредна врска до пораките: 47
   RE: Хепатит Б
27.2.2011 3:49:49   
Marija28
Duri sega ja gledam temata, a mozam so denovi da pisuvam. Bev 2 ili 3 godina na fakultet i normalno kako i site drugi, pa i jas za da dobijam pravo za polaganje vo predsesija daruvav krv. Mi bese mnogu strav, ama ne ni pomisluvav sto me ceka. I jas kako Adrijana posle nedela dena dobiv kartonce i pravec na transfuziologija, pa na infektivno i pocna golgotata od 2 meseci, koga ustvari doznav deka sum nositel na Hepatit B. Iscitav milion forumi, knigi, vesnici za da mozam da si objasnam sama na sebe se, zatoa sto nikoj ama bas nikoj od doktorite vo nasata Drzavna bolnica ne se najde da mi objasni sto i kako i so da pravam. Odam ednas godisno na kontrola ( krv i eho na abdomen) i oni mi vikaat SUPER, a jas ne mozam da si objasnam so e toa SUPER koga jas si go nosam vo sebe. Fala mu na Boga sto imam super krvna slika i jak imunitet, pa na nekoj nacin drzam se pod kontrola, samo se vadam od takt na ramnodusnosta na doktorite. Adrijana voopsto da ne se sekiras za lugeto okolu tebe sto se trgaat, ustvari oni pojma nemaat deka nisto ne moze da im se sluci. Znaci jas ziveev so 2 cimerki cel moj studentski zivot i dodeka ne znaev za virusot sme jadele i sme piele od isto i nisto ne im se sluci. Jas malce se zaboraviv so pisuvanje, ama za bilo sto slobodno prasajte me, sto znam ne e problem ke odgovoram. Eve i eno prasanje do Adrijana dali kontrolite gi pravis na Infektivno, posto jas samo tamu odam.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 48
   RE: Хепатит Б
27.2.2011 20:11:51   
kris_n
Кога сме веќе кај испитувањата,како што прочитав површинскиот антиген HbsAg се користи за утврдување на инфекцијата a антигенoт HBeAg e знак за висока заразеност односно ако е позитивен тогаш лицето е премногу заразено. Дали при редовните контроли ги испитувате само овие два антигени како најбитни? На што друго треба да се води контрола?






ИЗВОРНА ПОРАКА: Marija28

Duri sega ja gledam temata, a mozam so denovi da pisuvam. Bev 2 ili 3 godina na fakultet i normalno kako i site drugi, pa i jas za da dobijam pravo za polaganje vo predsesija daruvav krv. Mi bese mnogu strav, ama ne ni pomisluvav sto me ceka. I jas kako Adrijana posle nedela dena dobiv kartonce i pravec na transfuziologija, pa na infektivno i pocna golgotata od 2 meseci, koga ustvari doznav deka sum nositel na Hepatit B. Iscitav milion forumi, knigi, vesnici za da mozam da si objasnam sama na sebe se, zatoa sto nikoj ama bas nikoj od doktorite vo nasata Drzavna bolnica ne se najde da mi objasni sto i kako i so da pravam. Odam ednas godisno na kontrola ( krv i eho na abdomen) i oni mi vikaat SUPER, a jas ne mozam da si objasnam so e toa SUPER koga jas si go nosam vo sebe. Fala mu na Boga sto imam super krvna slika i jak imunitet, pa na nekoj nacin drzam se pod kontrola, samo se vadam od takt na ramnodusnosta na doktorite. Adrijana voopsto da ne se sekiras za lugeto okolu tebe sto se trgaat, ustvari oni pojma nemaat deka nisto ne moze da im se sluci. Znaci jas ziveev so 2 cimerki cel moj studentski zivot i dodeka ne znaev za virusot sme jadele i sme piele od isto i nisto ne im se sluci. Jas malce se zaboraviv so pisuvanje, ama za bilo sto slobodno prasajte me, sto znam ne e problem ke odgovoram. Eve i eno prasanje do Adrijana dali kontrolite gi pravis na Infektivno, posto jas samo tamu odam.


(Одговор на членот Marija28)
Непосредна врска до пораките: 49
   RE: Хепатит Б
28.2.2011 21:49:20   
Marija28
kris_n da tie se najbitni, megutoa na infektivno pravat komplet krvna slika i zadolzitelno minimum ednas vo godinata mora da se napravi eho na abdomen. Ke procepkam po starite rezultati da ne zboruvam napamet i ke ti pisam sto se treba da se ispita.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 50
Страница:   <<   < Претходна страница  1 [2] 3   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?