Mila mamicka
|
Како возбудени родители во исчекување на своето прво дете, со мм поминавме 2 месеци барајќи ја идеалната количка за нашето бебенце. Кога и да наидевме на некоја убава количка, секогаш едниот и наоѓаше некоја маана. Почнавме да бараме низ нет и да гледаме кои марки ги задоволуваат стандардите на квалитет и така ја пронајдовме нашата количка. Купивме количка Maxi Cosi Mura во црвена боја заедно со транспортер. Ги купивме од Енци Менци (како и сета останата опрема) и чинеа 40.000 денари. И тоа што можам со сигурност да го кажам-вредат за секој потрошен денар. Значи, конструкцијата на количката е алуминиумска, количката е со три тркала, гумите се како гуми од кола што се пумпаат, а не пластични. Рачката се прилагодува на висина (што ни беше многу важно, затоа што и двајцата со мм сме високи). Количката се врти и на двете страни, транспортерот е ептен безбеден како седиште во автомобил. Пробана е на плажа, на снег, по дожд. Значи, немам ниту една забелешка за неа. Син ми е дете кое многу сакаше да си седи во количка, па максимално ја искористивме полни 2 години. А да ја видите количката, па и транспортерот, изгледаат како сега да сме ги донеле од продавница. И тврдам дека уште 5 деца може слободно да ја искористат количката. Извинете на долгиот пост, ама морав да им посочам на некои идни мамички, доколку се во можност, да си купат количка на Maxi Cosi, не мора Mura, било која од оваа марка, нема да згрешат.
_____________________________
Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.
|