|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   скок во развојот
9.6.2009 12:24:25   
mami
обично викаат дека тое се случува околу 3,6,9 недела и 3,6,9 и 12 месец...тоа е период кој трае отприлика недела до две, кога вашето бебе станува невозможно- се што дотогаш сакало, сега не сака и обратно...после тие недела две, откривате дека вашето дете знае нови работи- за прв пат ке се насмее, ке се преврти, ке изведува нешто со рачињата, ке застане само, ке прооди, ке научи било каква нова работа...се што треба да направите е да бидете кул, да не се нервирате и шизите поради неговите каприци кои знаете дека бргу ке му исчезнат
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: скок во развојот
9.6.2009 17:22:21   
Палешка РР
Мојот син имаше најголем скок во развојот меѓу 6 и 7 одделение. user posted image
До 6-то многу се мазеше, држеше за рака, нигде не одеше без мамичка, во 7-мо подиве, доби секундарни белези, гласот му мутира и мама се помалку му требаuser posted image

Но тоа е нормално, во пубертет е, па ќе мораме да се навикнуваме. user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: скок во развојот
19.6.2009 8:09:04   
mami
еве класичен пример...цела недела беше ужасно нервозен и откако му помина почна да се качува сам по кревети и фотељи како да го прави тоа отсекогашuser posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: скок во развојот
21.4.2010 15:22:00   
Leonida
ИЗВОРНА ПОРАКА: mami

обично викаат дека тое се случува околу 3,6,9 недела и 3,6,9 и 12 месец...тоа е период кој трае отприлика недела до две, кога вашето бебе станува невозможно- се што дотогаш сакало, сега не сака и обратно...после тие недела две, откривате дека вашето дете знае нови работи- за прв пат ке се насмее, ке се преврти, ке изведува нешто со рачињата, ке застане само, ке прооди, ке научи било каква нова работа...се што треба да направите е да бидете кул, да не се нервирате и шизите поради неговите каприци кои знаете дека бргу ке му исчезнат


Ништо чудно тоа да се случуваше во последниов период. Наеднаш се смени и стана невозможна, па завчера прв пат направи обид за да седне и почна да испушта нови звукови. Си прави муабетuser posted image
Но, некако сеуште е неподносливаuser posted image , ќе пукнамuser posted image

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: скок во развојот
21.4.2010 15:51:31   
Палешка РР
Синоќа Миа ја завртив на лева страна да спие, кога се разбудив беше на десна..го прашав мм дали ја свртил, вика не. Ова ми беше ептен зачудувачкиuser posted image Повеќе не ја оставам сама на креветuser posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Leonida)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: скок во развојот
22.4.2010 10:47:02   
mami
Маче па време и е веќе...Лука е последиов период одвратно нервозен и неподнослив и почнува да пробува да збориuser posted image многу е смешен...аман веќе со тие фази, скокови и чуда

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: скок во развојот
13.5.2010 23:49:44   
Палешка РР
Луѓе...Миа почна да `ржи и да каса user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: скок во развојот
14.5.2010 0:10:22   
Maca25
Нина деновиве е неподнослива плачка, оди и само нешто се лути, тепа, каса... чекам сега со што ќе ме изненади. почнува да сврзува по 2 збора во последно време на пр: мама и тата, баба и деде. Знае да одговори на прашање со Да и Не. Ја прашувам дали и се јаде, спие, дали сака сокче и таа ми одговара. Најсмешно беше пред некој ден го прашувам мм : ќе пиеме кафе? и се јави нина:ДА и почна да плеска со рачињата и да прави звук како за пиење кафе. Се утепавме од смеење.


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: скок во развојот
14.5.2010 0:11:57   
ananikol
ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка

Мојот син имаше најголем скок во развојот меѓу 6 и 7 одделение. user posted image
До 6-то многу се мазеше, држеше за рака, нигде не одеше без мамичка, во 7-мо подиве, доби секундарни белези, гласот му мутира и мама се помалку му требаuser posted image

Но тоа е нормално, во пубертет е, па ќе мораме да се навикнуваме. user posted image


I kaj nas ista prikazna....

Do 12-ta godina nikako ne mozevme da go ostavime doma sam,stalno segde so nas idese i na gosti i za pazarenje i za setanje..nesmeevme da mrdnime bez nego negde..nikako.Osven za Nova Godina.
Koga napravi 12,pocna da se osamostaluva,da si posvetuva poveke vreme za druzenje so drugarite a i nas da ne ispraka sami po gosti i so dusa da ceka da e sam doma.Pubertet...

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: скок во развојот
14.5.2010 13:58:59   
baby mama
Луѓе...Миа почна да `ржи и да каса user posted image
ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка

Луѓе...Миа почна да `ржи и да каса user posted image


Аииии, прдла мала почнала да се кара значи? Цуцка user posted image user posted image


_____________________________

Always kiss your children goodnight - even if they''re already asleep.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: скок во развојот
14.6.2010 18:30:42   
MamaOhrid
Син ми има 8 месеци и 3 недели и денес се покакал во нокшир user posted image  user posted image  user posted image . Мајка за која можам да речам дека поупорна личност не постои, го ставаше неколку дена по малку да си поседи на нокшир. Првин одбиваше, но се замами и секој нареден пат седеше се повеќе и повеќе. И денес го држела 20 мин. и тој се покакал.

Многу ми е мило. Таа сака да го научи на година да кажува за какање, така не научила мене и брат ми, па ќе видиме.

(Одговор на членот baby mama)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: скок во развојот
24.6.2010 17:06:21   
Палешка РР
Миа прави awawawawawawawawa кога ќе и ја доближеш раката до уста user posted image
Пружа раце само за кај Марио, кога ќе ја земе го гали по лицето user posted image
Вчера си ја стави ногата во уста од лежење user posted image


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот MamaOhrid)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: скок во развојот
24.6.2010 17:14:23   
amelbebe
cekaj generacijooooooooo uste kakvi ne momenti ke ima radosni i iznenaduvanja

Amel se druzi so drugari od 23 god drugari na brat mu  najnovo mu e
fuck you beach
epten e skoknat vo razvojot kako nekoj dedo e vo zboruvanjetouser posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: скок во развојот
24.6.2010 18:52:36   
Viktori
јас најголем скок во развој приметив кај син ми, дури во депресија ме фрли, во прво одделение, на полугодие некаде кога ми кажа: Ај не ме гушкај и бацувај веќе во школо!
Па за кратко ми кажа да не влегувам ич во школо, за на крај тој да оди пред нас, а ние три метра позади user posted image user posted image user posted image



_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот amelbebe)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: скок во развојот
7.7.2010 0:33:49   
Палешка РР
Леле, детево завива како лав, ауууу, вакво нешто не сум чула user posted image  user posted image  user posted image

< Поракaта ја уредил Палешка -- 7.7.2010 0:34:43 >


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: скок во развојот
7.7.2010 11:34:55   
amelbebe
generacijo ako Mario zaviva kako lav toa e znak deka e zaljubenuser posted image od iskustvo ti go kazuvam ovauser posted image

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: скок во развојот
7.7.2010 20:51:48   
Палешка РР
Генерацијо, Миа завива..збеснува до немај каде user posted image
Марио е тивка вода (што брег рони)user posted image


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот amelbebe)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: скок во развојот
27.12.2012 7:38:58   
Felly RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: zzaa

Барав, ама не најдов ваква темаuser posted image
Цело време слушав дека во овие скокови (3/6 ден, 3/6 недела, 3/6 месец итн) бебињата цицаат повеќе и почесто, за да поттикнат поголемо производство на млеко кое ќе им треба како растат од ден во ден, и во тој период мајките се наоѓале пред дилема да воведат АД млеко пошто сметале дека штом е бебето цело време на града значи дека е недохрането.
Требаа многу нерви и трпение за да се издржи периодот и ако немав прочитано за овие скокови во развој, најверојатно очите ќе си ги извадевме со мм за тоа кој ја разгалилuser posted image Читав по странски форуми, а и добив потврда од педијатарот, дека скокот може да се манифестира во многу многу често цицање или одбивање на истото, ама и во двата случаја кенкањето и плачењето не ви бега
Велат после скоковите, бебето почнува да прави нешто што дотогаш не го направило..
Дали, и како, вие драги мамички поминавте скок во развој?


ИЗВОРНА ПОРАКА: Ikana RR

Браво ЗЗаа, мојата болна точка!

Откога е родена моја М, користам една многу убава апликација, може и како книга да се најде, се вика Чудесни недели (The Wonder weeks).

Имено, бебињата од моментот на раѓање па се до скоро 18 месеци поминуваат низ вкупно 10 развојни фази, а сега ќе ги набројам и кои се....

1. Адаптација на новата околина ( меѓу 4,5 и 5,5 недели)
2. Шеми (меѓу 7,5 и 9,5 недели)
3. Забележување на спори и мазни движења (меѓу 11,5 и 12,5 недели)
4. Настани (меѓу 14,5 и 19,5 недели
5. Врски (22,5 и 26,5 недели)
6. Категории (33,5 и 37,5 недели)
7. Секвенци, низи (41,5 и 46,5 недели)
8. Програми (50,5 и 54,5 недели)
9. Принципи (59,5 и 61, 5 недели)
10. Системи (70,5 и 76,5 недели)


Почетокот на секој скок во развојот се карактеризира со промена на однесувањето кај вашето бебе, значи, бебето е пораздразливо, повеќе сака да биде со вас, повеќе сака да цица, не сака да јаде, протестира кога му менувате пелена, кога го бањате итн....





_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: скок во развојот
28.1.2016 21:36:10   
Hopeful RR
Одамна темава не е активна, но еве имам две причини да ја разбудам - нејќат да спијат како досега.

Сега имаат скоро 9 месеци, и од пред неколку дена почнаа да се будат ноќе со плачење, не сакаат млеко и не се смируваат ни под разно. Дека двајца, почнаа да се будат меѓу себе, иако досега тоа скоро и не се случуваше, па мораме со сопругот да дежураме секој со по едно бебе во раце, и да вртиме кругови низ дома, бидејќи во секоја друга позиција плачат. Ноќеска се разбуди М, плачеше и заспа во раце, но врискаше на секој обид да го вратам во креветче. И така фино лепо, одремавме во дневна до сабајле, од страв да не се разбуди и Ј. Да е едно, би го оставила во креветче, ќе поплаче и ќе се успие, но со две, не можам така...

Од она што го најдов на нет, се работи за огромен скок во развој, кој се случува од 8-10 месец, при кој бебето учи лазење, станување, седнување и еволуциски, додека не го усоврши тоа, го повторува до бескрај. Ова го гледам кај М - ноќе се врти, плаче без престан и седнува во креветче, иако заспан. Скроз надреално!
Овој скок во развој се поврзува и со учење основи на јазик и учење категории, така што на бебето му е тешко да го исклучи мозокот при заспивање. Плус, периодов се совпаѓа со преминот од 3 кон 2 дневни спиења, па додека да се навикне, е раздразливо.

И сега фино јас ова што си го најдов на нет, ми се разјаснија некои работи, но не ми е јасно како да го изрегулирам двајцава - што кога двајцата врискаат и нејќат во креветчиња, бидејќи со сопругот се мрднавме. Некои искуства, мислења, совет? Се чувствувам крајно беспомошно, како да цело тренирање, усогласување и темпирање откога се родени, односно цел ред што сум го правела минативе 8 месеци и што успешно функционираше е фрлен во вода... Не можам да ги усогласам ни за јадење, ни за спиење, и само се молам да е период што трае кратко...

< Поракaта ја уредил Hopeful RR -- 28.1.2016 21:37:19 >


_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: скок во развојот
28.1.2016 22:23:50   
lolla RR
Хоупфул, немам реален совет само утеха,дека ке помине, и дур трепнеш ке дојде следниот на 12 месеци, кој плус кај нас е проследен со растење на тројки, нејадење, желба цел ден да се стои и патка.Јас тие ноќи ги минев така што ке го легнев врз мене и цицаше па кога ке се успи само го ролав до мене. Ти со две, стварно немам идеја. А со мт да спиете во посебни соби со одвоени креветчиња и затворни врати? Може трескам глупости, ама период е, ти ветувам.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: скок во развојот
29.1.2016 12:50:39   
Hopeful RR
И зборови на утеха помагаат, фала ти lolla RR. Мм имаше таква идеја, да се поделиме и секој со по едно креветче во различна соба, и ќе го пробаме тоа. Викендов па сум сама дома, мм е на службен пат, така што ноќеска баш ми беше весело... Не можам да ги земам и двајцата со мене во кревет дури и да сакам, не можат да заспијат така, и евентуално може само еден по еден, ама и тоа е проблем - што кога другиот ќе се разбуди...



_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 21
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?