niki -> RE: цицање палец (4.1.2010 8:37:42)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Боцко, од неодамна забележуваме дека стефан почна рацете да ги пика во уста (не само палецот) и да ги чепка забите и да го фаќа јазикот и да цица 1-2 прста. исто се случува и со некои предмети-играчки. ги пика во уста и ги лиже. прво мислевме дека го боли некој заб, но не е тоа. претпоставувам дека е во прашање некаква фаза затоа што е сеуште рано за 6-ки а се однесува баш како да му раснат заби?! Еве и јас да ви се придружам во клубот палцолижачи, а мислев дека сме го надминале тоа. Прв пат почна некаде на 5 - 6 месеци да си ги лиже прстињата, но кога почна да лази и оди престана, за сега пред некое време пак да почне да ги пика прстите во уста и тоа најчесто цела рака, некогаш и двете. Не ги шмука, не ги лиже, ама ги држи во уста, а ко што вели Боцко очигледна причина за тоа нема, сите заби и се веќе одамна излезени, за 6ки е премногу рано, а овие што ги има и се здрави, бели бисери. И би се помирила со тоа дека е фаза и не би се секирала воопшто, ама работите си одат до таму што ќе си го исчепка носот и веднаш по тоа ќе си ги пикне прстите во уста[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/hudicek1.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/hudicek1.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/hudicek1.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/hudicek1.gif[/image] Од сопственото дете си се имам згрозено. И се се обидовме и зборување и тргање на рацете штом ќе ја спазиме и постојано опоменување и нудење на марамче постојано, не луѓе ништо не помага. Уште ова Еца што вика ќе треба да пробам, незнам стварно не сум паметна веќе што да правам.
|
|
|
|