mami2 -> RE: цицање палец (24.4.2012 15:22:06)
|
Актуелна тема за нас деновиве. Јас ја оставав А. да си цица, другарка моја ми рече дека за неа кога била мала тоа и било најубавото нешто. Цица палец кога и се спие или е вознемирена или и е досадно. Се распрашував за препарати, тука кај нас нема (има за над три години). Ме подбра одамна еден познаник - забар за последиците, ама како да не го сфатив сериозно до пред неделе дена. Го носевме големиот на забар и кога не виде забарката што прави малава, убава лекција ни даде ама не и совет како да постапиме. Пред три дена земав од аптека еден производ против грицкање на нокти, горчи, одвратен е. Првото ставање имаше ефект, се згади, до вечерта доби и нагон да поврати и толку. Се навикна ли детево на одвратниов вкус, посилна ли е желбата, незнам, ама како ја мачкам прстот пак и е во уста. Како трпи не ми е јасно. Нема ефект и ова. Почнав и да ја условувам, нема бањање, нема шетање,... некогаш има ефект, некогаш не. Не знам што да правиме, бидејќи и во градинка ја опоменувале, ама желбата е поголема од се. Не сакам да и ставам луто иако некои тоа го пробале, може да се фати за очи, нос, премногу сурово ми е. И јас барам совет, ама треба многу трпение да имам
|
|
|
|