|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  4 5 [6] 7 8   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: ХПВ вирус
1.6.2013 9:38:57   
sandriana RR
Често пати Пап тестот може да биде лажно позитивен, поради присуство на некоја бактериска инфекција. Затоа, кога ќе се покаже позитивен ПАП тест, би требало да се направат и микробиолошки тестови, и доколку се и тие негативни, се продолжува кон потврда и типизација на ХПВ.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 126
   RE: ХПВ вирус
5.6.2013 20:35:58   
merilin
Devojki a dali moze da ima prisustvo na hpv megjutoa da nema nikakvi cin 1 ili 2?Ili ako se ima vekje hpv mora da ima cin?
Vi Blagodaram

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 127
   RE: ХПВ вирус
6.6.2013 10:37:59   
sandriana RR
ХПВ е причинител на ЦИН....Може да си носител на ХПВ, но да нема веднаш појавено дали цервикални промени (цин), или кондиломи и брадавици.
Значи, не мора нужно да има веднаш манифестација, но ако не се зајакне имунитетот, може да се манифестира со некоја од овие промени.

(Одговор на членот merilin)
Непосредна врска до пораките: 128
   RE: ХПВ вирус
6.6.2013 18:40:46   
merilin
Ti Blagodaram Sandriana...no bev vo golema dilema i nejasnotija...licno za mene duri narednata nedela ke doznaam kakov tip na hpv imam i dali imam cin ili slicno preku kolposkopijata....no mojata drugarka pred edna godina pravese papa test i i nasle cin 1 a doktorot i rekol dojdi posle nekolku meseci ke pravime test za hpv i bil negativen....celo vreme toa me buni bidejki znam deka precinitell za cin e hpv....Ti Blagodaram

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 129
   RE: ХПВ вирус
19.6.2013 19:26:23   
merilin
Zdravo RR
Sakam da spodelam so vas deka imam hpv visokorizicen i bev na kolposkopija so biopsija i rezultatot mi pokaza deka nemam rakovi kletki,rez bil dobar (promenetite kletki mozno bilo da e od gabicna infekcija)i doktorkata mi rece deka nema potreba od nikakva terapija osven kontrola i sledenje na 6 meseci.

Vi Blagodaram

(Одговор на членот merilin)
Непосредна врска до пораките: 130
   RE: ХПВ вирус
19.6.2013 21:01:24   
Еки82
Браво браво user posted image
Имунитетот е најважната работа, највеќе на него треба да се работи а се помалку со апчиња да се труеме!

(Одговор на членот merilin)
Непосредна врска до пораките: 131
   RE: ХПВ вирус
19.6.2013 23:04:44   
sandriana RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: merilin

Zdravo RR
Sakam da spodelam so vas deka imam hpv visokorizicen i bev na kolposkopija so biopsija i rezultatot mi pokaza deka nemam rakovi kletki,rez bil dobar (promenetite kletki mozno bilo da e od gabicna infekcija)i doktorkata mi rece deka nema potreba od nikakva terapija osven kontrola i sledenje na 6 meseci.

Vi Blagodaram

Присуството на високоризичен ХПВ не е страшно, штом нема цервикални неоплазии, но сепак треба редовно да се следи (2-3 пати годишно) и да се зајакнува имунитетот. Со примерен режим на живеење, се држи под контрола.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот merilin)
Непосредна врска до пораките: 132
   RE: ХПВ вирус
25.7.2013 15:04:27   
Еки82
Здраво од мене,

Јас неколку пати на гинеколог правам ПАП тест, покажува дека има ХПВ. После тоа одам на типизација и ниту еднаш ми немаат потврдено тип, бројка нити било што, кажува дека нема присуство на ХПВ. Не знам што да мислам, дали имам, дали немам, дали е некој тип што неможат да го утврдат, дали е тоа нискоризично навистина сум збунета!

Исто така знам дека ова се неутврдени прашања но во разговор се спомна дека во базените има присуство на ХПВ и може од базен да се добие. Звучи смешно но веќе работава од дома да не излезеш и од муабетиве за ширење на вирусов.
Дали некој знае или прочитал со сигурност дали има други начини за пренос на ХПВ освен сексуално пренесување?

_____________________________

If you can dream it you can do it. Always remember that it all started with a dream and a mouse! Walt Disney

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 133
   RE: ХПВ вирус
27.7.2013 10:24:09   
ivoni4ka
Hpv go ima nasekade, samo se javuva pri pad na imunitetot na organizmot, na toj nacin jas go zakaciv hpv 16 pred 3 godini, koj prvo mi napravi cin 1, pa 2 pa pole poroduvanje iscezna cinot sega nemam nisto samo uste virusot e prisuten, taka da ne e strasen

(Одговор на членот Еки82)
Непосредна врска до пораките: 134
   RE: ХПВ вирус
5.8.2013 8:22:16   
Utce
Aj sega i jas da si prasam nesto :))Bev na lekar pravev krvna slika mokraca rezultatite mi bea super otidov na ginekolog pravev i pap i eho drn drn se sto treba rezultatite mi bea super:))e sega jas na intimniot del i na otvorot dole imam kandilomi sitni malecki ne mnogu ginekologot mi gi vide i mi rece da idam da gi goram so tecen azot:(((za da ne mu gi prenesam na soprugot e sega neznam sto da pravam dali odma da odam da gi goram ili ima nekoj dr spas:((btw veke nekolku meseci se obiduvam da zatrudnam i nikako da fati ako ima nekoj nekakvo iskustvo neka pise sovet ili...pozz

(Одговор на членот ivoni4ka)
Непосредна врска до пораките: 135
   RE: ХПВ вирус
5.8.2013 13:53:54   
BILE.F
Od licno iskustvo, toplo ti preporacuvam da gi izgores! Ni najmalku ne e bolno! Jas bev ednas na gorenje tocno pred 1god i 10meseci, od togas navamu nemam nikakvi problemi!

_____________________________

Пред да скокнеш, кажи оп!

(Одговор на членот Utce)
Непосредна врска до пораките: 136
   RE: ХПВ вирус
5.8.2013 18:33:17   
Utce

ИЗВОРНА ПОРАКА: BILE.F

Od licno iskustvo, toplo ti preporacuvam da gi izgores! Ni najmalku ne e bolno! Jas bev ednas na gorenje tocno pred 1god i 10meseci, od togas navamu nemam nikakvi problemi!

A kade gi gorese preporaka nekoja....

(Одговор на членот BILE.F)
Непосредна врска до пораките: 137
   RE: ХПВ вирус
6.8.2013 11:31:30   
BILE.F
Ги горев кај д-р Цветановски 6000 ден! Таму дојде гинеколог од Ремедика (не се сеќавам на името)! Целата постапка траеше околу 20мин.

< Поракaта ја уредил BILE.F -- 6.8.2013 11:32:33 >


_____________________________

Пред да скокнеш, кажи оп!

(Одговор на членот Utce)
Непосредна врска до пораките: 138
   RE: ХПВ вирус
4.9.2013 12:19:01   
Felly RR
Пред некоја недела правев пап тест, и по телефон сестрата ми се јави за резултати - имало вирусна инфекција, демек ништо страшно, ама денеска докторката малку ме исплаши. Ми земаше брисеве за микробиологија, па плус и за ХПВ, зошто вирусната инфекција може е од ХПВ, ама може и не, па подобро да испитаме. Не знам сега што да очекувам.user posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот BILE.F)
Непосредна врска до пораките: 139
   RE: ХПВ вирус
4.9.2013 12:52:19   
vezilka RR
Па, не мора веднаш да се плашишп, можеби не е ништо. И кај мене така се појави еднаш при папот и потоа брисевите беа чисти. Да не седиш со скрстени раце додека ги чекаш резултатите, поработи малку на појачување на имунитетот. Ако не со суплементи, тогаш барем со исхраната.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 140
   RE: ХПВ вирус
4.9.2013 13:22:44   
LoveableMe RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR

Пред некоја недела правев пап тест, и по телефон сестрата ми се јави за резултати - имало вирусна инфекција, демек ништо страшно, ама денеска докторката малку ме исплаши. Ми земаше брисеве за микробиологија, па плус и за ХПВ, зошто вирусната инфекција може е од ХПВ, ама може и не, па подобро да испитаме. Не знам сега што да очекувам.user posted image


Вирусна инфекција не значи ништо без резултати, може да е обично воспаление, не се секирај пред да земеш резултати, може не е ништо. Позз

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 141
   RE: ХПВ вирус
3.10.2013 15:11:08   
Bethany
Што е тоа генитална ХПВ инфекција?

ХПВ е кратенка за Хуманиот Папилома Вирус, гениталната инфекција со овој вирус е најчеста сексуално пренослива инфекција. Постојат повеќе од 40 ХПВ видови кои можат да ја заразат гениталната област кај мажите и жените. Заразата исто така може да се прошири на устата и грлото. Заболените особи најчесто незнаат дека се заразени со ХПВ инфекција.
Некои видови на ХПВ се наречени “високо ризични” бидејќи можат да предизвикаат абнормален ПАП тест или ретко рак на грлото на матката, вулвата, вагината, анусот или пенисот. Други видови на ХПВ се наречени “ниско ризични” бидејќи иако предизвикуваат благи Пап промени или генитални брадавици скоро никогаш не преминуваат во рак.

Колку е чест ХПВ ?

Се смета дека околу 50% од сексуално активните мажи и жени се заразуваат со генитален ХПВ во одреден период од својот живот. До педесеттата година на животот најмалку 80% од жените ќе добијат генитална ХПВ инфекција.
Како се добива ХПВ инфекција?
ХПВ инфекцијата најчесто се пренесува преку вагинален или анален секс. Исто така се пренесува и преку орален секс или преку генито – генитален контакт. Најчесто инфекцијата не предизвикува никакви симптоми така што инфицираните особи не знаат дека се инфицирани и поради тоа несвесно ја пренесуваат инфекцијата понатаму на своите партнери. Можно е пренесување на неколку видови ХПВ истовремено.
Ретко заразените бремени жени можат да ја пренесат ХПВ инфекцијата на своите бебиња во тек на вагиналното раѓање. Кај заразените бебиња можат да се појават брадавици во грлото или на гласните жици или да добијат брадавици по целиот респираторен тракт (таканаречена јувенилна повторувачка респираторна папиломатоза).
Кои се знаците и симптомите на генитална ХПВ инфекција?
Гениталните брадавици се обично меки, влажни, розеви или црвеникави набубрувања во гениталната област. Тие можат да бидат издигнати или равни, поединечни или во група, мали или големи, понекогаш со изглед на карфиол. Тие се откриваат со визуелна инспекција а се појавуваат после неколку недели од сексуален контакт со заразен партнер – дури и во случај кога заразениот партнер нема видливи брадавици.

Како се дијагностицира ХПВ инфекција?

Најчесто дијагнозата е преку абнормален Пап тест. Денес не постои општ тест за проверка на ХПВ статусот кај мажите или жените. Не постои нити тест за откривање ХПВ на гениталиите, устата или грлото. Денешните комерцијални ХПВ тестови исклучиво се користат во склоп на скринингот за цервикален рак и тоа кај жени во одредена возраст и со одредени ПАП наоди.
Не постојат ХПВ тестови за мажите.

Дали постои лек за ХПВ?

Нема лек за ХПВ инфекцијата, но кај најголем број жени инфекцијата исчезнува сама по себе. Лекувањето кое се превзема е насочено кон уништување на кожните или слузокожните промени (брадавиците или пред-раковите промени на грлото на матката) а не кон самиот вирус.

Каква е врската помеѓу ХПВ инфекцијата и ракот на грлото на матката?

ХПВ може да ги претвори нормалните клетки на заразеното место во абнормални клетки. Промените се на клеточно ниво и пациентката не може да ги почувствува. Најчесто самото тело ја победува ХПВ инфекцијата и заболените клетки се враќаат во нормала. Меѓутоа во случаите кога телото неможе да се справи со ХПВ инфекцијата, тогаш вирусот предизвикува видливи промени на заболеното место – генитални брадавици или рак. Обично брадавиците се појавуваат за неколку недели или месеци додека за појава на рак треба да поминат неколку години од почетниот контакт.

Како да се намали ризикот од генитална ХПВ инфекција?

Ризикот зе намалува на неколку начини:
1. Со вакцинирање на мажите и жените. Вакцините се даваат во три дози и од пресудно значење е примањето на сите три дози. Исто така треба да се знае дека вакцините се најефикасни кога се примаат на возраст од 11 или 12 години.
За девојките и жените се користат две вакцини (Церварикс и Гардасил), обете штитат од видови на ХПВ кои предизвикуваат рак на грлото на матката. Една од овие вакцини (Гардасил) истовремено штити и од појава на генитални брадавици. Исто така штити и од анални, вагинални и вулварни ракови. Двете вакцини се препорачуваат за 11 и 12 годишни девојчиња како и за девојките на 13 до 26 годишна возраст кои не ги примиле сите три дози предходно. Овие вакцини се даваат и на возраст од 9 години. Најдобро е да нема мешање на вакцините односно да се прима или едната или другата вакцина.
За машките деца и мажите на располагање е само едната вакцина (Гардасил), таа штити од појава на најголем број генитални брадавици и анални канцери. Оваа вакцина се препорачува за 11 и 12 годишни машки деца но исто така се дава и кај машките на возраст од 13 – 26 години кои не ги примиле сите три дози предходно.
2. За оние кои се сексуално активни, користењето на кондомите го намалува ризикот од ХПВ. За максимална заштита тие треба да се користат при секој однос од почеток до крај. Кондомите исто така штитат и од гениталните брадавици и од ракот на грлото на матката, но сепак тие не можат да ги покријат сите области и поради тоа кондомот не претстваува 100% заштита.
3. Намалување на ризикот од ХПВ исто така се постигнува со избегнувањето на ризично сексуално однесување, односно со намалување на бројот на сексуални партнери и со постигнување на правилна интимна врска во која нема да има место за трета особа.

извор. здравјеиживот.мк

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 142
   RE: ХПВ вирус
6.10.2013 10:22:56   
Felly RR
Колку време се чекаат резултати, мене уште не ми стигналеuser posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 143
   RE: ХПВ вирус
6.10.2013 11:42:11   
LoveableMe RR
За ХПВ во МАНУ отприлика 3 недели, евентуално 1 месец се чека, така што би требало наскоро да ги добиеш, па пиши. Позз

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 144
   RE: ХПВ вирус
6.10.2013 12:49:19   
Bethany
Кај мојот доктор (кој ги праќаше во Ману наравно) ги чекав 2 недели.

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 145
   RE: ХПВ вирус
6.10.2013 13:22:30   
mommy_angels RR
Леле јас за каков ќотек сум,немам направено пап скоро две години,се се токмам и никако да отидам
Фели не грижи се ,знае тоа да трае и повеќе од месец

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 146
   RE: ХПВ вирус
6.10.2013 15:28:05   
sandriana RR
Моите резултати ги чекам 3 месеци - од клиника user posted image
Имале само еден патолог кој гледа размази од цела Македонија user posted image

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 147
   RE: ХПВ вирус
7.10.2013 8:25:30   
Mihaela 2010
jas moite gi cekav skoro 2 meseci...stvarno uzas,rabotava deka ednas godisno e besplatno pa aj neka cekaatuser posted image

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 148
   RE: ХПВ вирус
7.10.2013 10:04:02   
Felly RR
За пап тест дискутираме ТУКА. Сите постови кои се однесуваат на таа тема ќе бидат префрлени.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот BILE.F)
Непосредна врска до пораките: 149
   RE: ХПВ вирус
8.10.2013 18:57:56   
Felly RR
Ај да си пишам, да не ме мислите user posted image : Ми стигнаа резултатите, немам ХПВ.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 150
Страница:   <<   < Претходна страница  4 5 [6] 7 8   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  4 5 [6] 7 8   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?