jovanka -> RE: Колку чини градинката? (6.12.2010 23:24:27)
|
Цените во градинките скокнаа на 2.000 денари [image]http://utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/0DD9A200AA01E5499C168481C1DB93D2.jpg[/image] За новиот месечен трошок родителите се известуваат со соопштенија Од овој месец новата цена во државните градинки ќе биде 2.000 денари. Градинките со соопштенија ги известуваат родителите дека наместо досегашната цена од околу 1.490 денари, отсега ќе треба да плаќаат 500 денари повеќе. Министерот за труд и социјална политика, Џељаљ Бајрами, уште пред еден месец најави дека размислува за покачување на цените во државните градинки, за што рече дека ќе се изјаснат до крајот на годинава. Новата цена не е за изненадување бидејќи првичните процени беа дека цената на градинките треба да скокне од 1.490 на 2.000 денари. Сепак, таа доаѓа ненајавено, бидејќи претходно никој не ги известил родителите дека од декември ќе мора да го плаќаат престојот на децата по нова цена. „Сериозно размислуваме за зголемување на партиципацијата, со оглед на тоа што таа не е коригирана во последните седум години. За тоа дали и колку ќе се коригира ќе се знае до крајот на годинава“, изјави Бајрами пред извесно време. Тој смета дека досега градинките ги посетувале децата чии родители имаат добри примања. За семејствата со помали приходи, Бајрами најави дека ќе размислат да ги намалат цените. Тој смета дека покачувањето на цената не значи и дека автоматски ќе се намали опфатот на деца, кој сега изнесува 14 отсто. (Ж.Ѓ.)
|
|
|
|