RE: Епидурална анестезија (Целосна верзија)

Форум >> [Бременост] >> Бременост и породување



Порака


ananikol -> RE: Епидурална анестезија (23.6.2012 13:58:26)


ИЗВОРНА ПОРАКА: taska

Ananikol ti kade se poragjase ? so epidural beshe ?



taska,jas se porodiv vo Holandija i da del od poragajot bese so epidural.Ovde nee potrebno predhodno da se izjasnis deka sakas epidural ama vo MK kako sto citam (ako gresam neka me ispravi nekoj) deka predhodno treba da si zakazis anesteziolog a kako sto gledam ti si vo poslednite nedeli pa ako razmisluas za nea konsultiraj se so ginekologot.




taska -> RE: Епидурална анестезија (24.6.2012 21:54:09)

Jas ce se poragjam voo privatna kllinika i si zakazav epiduralna vece :) samo me interesirase iskustvo :)




mmbucko -> RE: Епидурална анестезија (24.6.2012 22:17:57)

Ajde airlija Taske, da bide 100 pati polesno od sto si mislela deka ke ti bide [sm=smiley36.gif]




taska -> RE: Епидурална анестезија (25.6.2012 16:05:13)

OOOo cul te gospod [sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif] na site isto go posakuvam i jas [sm=bravo.gif]




raklav -> RE: Епидурална анестезија (15.9.2012 0:07:35)

eeeee epidural glasam za raj na zemjata pozz




Zoja -> RE: Епидурална анестезија (17.9.2012 12:55:58)

Здраво Мамички
Јас се мислам за епидурал исто (иако ми е језивко малку за во кичма инекции) ама јас некако сакам на Државна да се пораѓам , ама за таму ако немаш врски викаат дека скроз го избегнувале Епидуралот, као викале -ајде де сеа дур ти ја стаиме дур почне да делува ќе се породиш, демек 2 пати да напнеш готова си
е сеа кажете ми ве молам подетално какво е искуството со Епидурал и за тие што се пораѓале на државна и на приватна ошто ако може ве молам, значи за веќе породени мамички ако се пораѓале на државна со епидурал да ми кажат искуство- и кој анестезиолог им ја ставал (дали прави разлика) и после тоа дали боли боцнатото и колку време?!?
Фала ви многу на одговорите
Поздравче [sm=smiley1.gif]




topce -> RE: Епидурална анестезија (17.9.2012 13:09:37)

јас сум пораѓана со епидурална во приватна клиника и можам да ти кажам дека местото воопшто не ме болеше. после пораѓај одма ти вадат и игла и се останато, доаѓа анестезиологот да го провери местото. јас немав апсолутно никакви болки од епидуралната иако има родилки кои се жалат дека грбот одредено време ги боли како последица на епидуралната.




Zoja -> RE: Епидурална анестезија (17.9.2012 13:27:22)

уффф блазесити
ти благодарам Топче на одговорот
јас сакам на државна да се пораѓам- некако не ми се даваат 1000еур на приватна + др трошоци - ама ќе треба изгледа да потегнам кабли - мада и не знам кои се анестезиолози добри останати , пошто викаат дека постојано си оди од таму некој- и којзнае како ќе биде мене кога ќе ми дојде терминот- а терминот ми е пред Нова Година
ок ако има некој + искуство од државна- добредојдено ми е...
фала многу на одговорите [sm=smiley1.gif]




Kori -> RE: Епидурална анестезија (17.9.2012 13:32:28)

I ias se porodiv so epidural vo privatna bolnica, i sega istoto ke go napravam. Sto si e anestezija si e sigurno, vo drzavna ni na zabar ne stavale anestezii pa epidural im e visa matematika. Inace ko sto e ubava i cista novava GAK i jas bi odela da znam deka stavaa epidural na baranje. Aj nekoj so iskustvo od GAK so epidural dali ima????[sm=zmeden.gif]




Mihaela 2010 -> RE: Епидурална анестезија (17.9.2012 13:43:12)

Jas bev so epiduralna u GAK,pred dve ipol godini,doktorkata sto me poragase mi bese vrska,pa jas ne ni pobarav samo znam deka dojde anesteziologot i si ja zavrsi rabotata...inaku kolku sto znam mozes unapred da si pobaras samo tocno kolku se plakja neznam...treba ubavo da si se rasprasas inaku ima,zosto da ne..




majka na tri deca -> RE: Епидурална анестезија (17.9.2012 13:48:42)

Mihaela2010 [sm=smiley20.gif]




Bjanka -> RE: Епидурална анестезија (17.9.2012 14:06:03)

Vo Gak stavaat epidural dokolku se ti e poklopeno vo toa vreme i mesto: i toa- doktor vrska, anasteziolog sloboden, i da saka da ja sprovede ili srabooti epiduralnata
Inace nema sansi.. ke te maftaat deka kaj niv nema toa, ne slusnale, ili deka e kasno itn...[sm=smiley36.gif]
[sm=smiley36.gif]




marina99 -> RE: Епидурална анестезија (17.9.2012 14:39:12)

Jas se porodiv na GAK pred 6 meseci so epiduralna. Predhodno ne planirav da baram anestezija i nemav najaveno, ama koga pocnaa golemite bolki si pobarav :) E sega doktorot mi bese vrska i toj organizirase anesteziolog, cekav nekade okolu 30 min pred da dojde anesteziologot ama osven cekanjeto, nemase nikakov drug problem so epiduralnata, a i ne se plaka nisto plus, samo so plavo kartonce. Inaku nemav nikakvi bolki na mestoto kade sto me bocnaa i posle nekolku saati bez problem si stanuvav od krevet.




Zoja -> RE: Епидурална анестезија (18.9.2012 7:00:15)

znachi definitivno vrska za GAK za da si tretiran ko chovek [sm=smiley36.gif]
sepak ushte se mislam za epiduralov pa kje vidime [sm=zmeden.gif].. ako ima ushte nekoe iskustvo pishete mamichki
Pozdravche




miana -> RE: Епидурална анестезија (18.9.2012 8:49:37)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Bjanka

Vo Gak stavaat epidural dokolku se ti e poklopeno vo toa vreme i mesto: i toa- doktor vrska, anasteziolog sloboden, i da saka da ja sprovede ili srabooti epiduralnata
Inace nema sansi.. ke te maftaat deka kaj niv nema toa, ne slusnale, ili deka e kasno itn...[sm=smiley36.gif]
[sm=smiley36.gif]



Tocnoooo taka!!!!
Ako Vi recat deka e kasno ( mnogu ste otvoreni ) barajte si spinalna- ama insistirajte!!!! Mislam deka navecer ne stavaat - nemaat anesteziolozi dovolno...
Ama i ne cekajte da Vi dojdat bolki tuku barajte si odma- Toa e zlatna rabota..Jas so prvoto se macev ( urlav ) 15 saati i nikoj ne mi dade anestezija se dodeka ne mi dojde vrskata pa zamoli da mi stavat spinalna pola saat pred poroduvanje...A so vtorovo pominav polesno ,no sepak bese KASNO za da mi stavat anestezija...Mnogu polesno pominav,jaki bolku mi dojdooa pola saat pred da se porodam...Zatoa so treto ( ako rodam ) ke odam vo privatna bolnica - Zaradi anestezijata koja na GAK tesko se dobiva.




meU87 -> RE: Епидурална анестезија (18.9.2012 9:03:15)

А може ли некој да раскаже какво е чувството и процедурата од ставање па се до изминување на дејството на анастезијата????

Јас ќе се пораѓам во Чаир, па ме интересира и дали некоја која се породила таму има искуство со епидуралната?




topce -> RE: Епидурална анестезија (18.9.2012 9:22:19)

чувство нема ама баш никакво [sm=smiley36.gif] со оглед на тоа дека веќе се почнати контракциите. анестезиологот прво мора да го провери местото тоест рбетот да не има некоја деформација, ако има деформација нема шанси да ве боцкаат ни во приватна ниту во државна. потоа ставаат локална анестезија се осеќа малку иглата и после следува епидуралната боцка. е сега кога ќе почне да ја става епитуралната ако имате контракција нема мрдање ќе мора машки да ја издржите. потоа ставаат цевчиња преку кои контролираат, пуштаат уште анестезија. тоа веројатно им треба бидејќи епидуралната трае најмногу 3 часа, а и треба едно 30 минути минимум да почне да делува.после кога ќе ве однесат во соба доаѓа анестезиологот, скоро веднаш, и ги вади сите игли и цевчиња и јас после 3 часа од породувањето бев подвижна немав никакви проблеми.со епидуралната или обезболувањето се штеди мајката и барем јас бев супер после породувањето во смисла на тоа да можам да одам, да станувам, дури и тие што ме видоа веднаш по породувањето баш коментираа дека сум супер.




meU87 -> RE: Епидурална анестезија (18.9.2012 9:35:16)

A дали додека трае анастезијата се чувствуваат нозетЕ? Се има ли осет за напон?? Да ни биде проблем за давање напон па да треба бебето со вакум да го вадат?




Bjanka -> RE: Епидурална анестезија (18.9.2012 9:54:18)

Znaci epiduralot trae kolku ke te doziraat, koga ke zavrsi edno sise stavaat drugo.. nema ogranicuvanje jas bev pod epidural 12h, ne se oseka nisto, nisto ne e strasno, naprotiv super e , sve osekas osven vo predelot na stomakot, taa e regijata kade obezboluva epiduralot.
Za naponi, mozes da davas i celosno da si obezbolen, svesno ke davas napon, mislam deka sekoj zane kako [sm=bravo.gif]




meU87 -> RE: Епидурална анестезија (18.9.2012 10:02:04)

Абе остави таа работа, не знае секој како [sm=smiley36.gif], јас сега мислам дека ништо не знам, а не бев ни на часовите за трудници, па се осеќам тотално изгубено. [sm=smiley1.gif]
И нозете ли се чувствуваат?




topce -> RE: Епидурална анестезија (18.9.2012 10:18:34)

спиналната е таа која парализира од половина надолу се, додека епидуралот е тој кој осеќате и имате контрола на напонот, само да не се лажеме кога ќе бидете некаде пред крај значи 8-9 см отворена ја намалуваат епидуралната за да може да дадете и осетите напон ама верувајте тогаш од два пати излага бебчето и тие контракции некако не ги ни осеќате така да намерно се намалува. добрата работа кај епидуралот е што можете да се движите тоа значи ако има проблем со отварање тогаш гинекологот советува да ве дигнат од бокс и да шетате, чисто гравитација да помогне малку[sm=smiley1.gif]. кога ќе се породите пак ќе ви пуштат малку епидурал за ако сте сецнати да може безболно да ве сошијат.




meU87 -> RE: Епидурална анестезија (18.9.2012 10:22:14)

Уууу ова е добро , ви благодарам на информациите, навистина премногу ми помогнавте [sm=smiley31.gif]
Се надевам само дека во Чаир ја даваат без проблем [sm=smiley9.gif]
Треба ли да разговарам претходно со гинекологот кој ќе ме породи за тоа дека ја сакам анастезијта??? Всушност дали треба некој да биде запознаен или на денот само да си побарам?
И дали се плаќа дополнително и колку?




miana -> RE: Епидурална анестезија (18.9.2012 10:23:31)

Znaci vaka _ epidural ne sum probala - ama spinalna DA...
Od jaki 15 casovni bolki - vednas po stavanjeto na spinalot prestanav da osekam bolka,cudno si gi cuvstvuvav nozete no sepak mozeev da stpjam ( stoecki primav provokacija - nemase mesto ) i koga pocnaa da doagaat naponite - jas pocnav povtorno da cuvstvuvam...
Znaci SPINALNATA e taa koja sto mi gi sopre bolkite do PORAGANJE a za poraganje osekav kako da napnuvam ( ne bolese a osekav samo naponi )
So Epidural e momentot koga ne cuvstvuvas kolku da napnes...Samo ttreba da napnuvate kako po golema nuzda ,so mnogu pojako napnuvanje.....I na poragaj mi vikaa - kakaj,kakaj!!!! Toa e toa....Toa e moe iskustvo.Jas imav spinalna i koga dojdoa naponite-jas gi osekav!!!!




miana -> RE: Епидурална анестезија (18.9.2012 10:30:33)


ИЗВОРНА ПОРАКА: meU87

Уууу ова е добро , ви благодарам на информациите, навистина премногу ми помогнавте [sm=smiley31.gif]
Се надевам само дека во Чаир ја даваат без проблем [sm=smiley9.gif]
Треба ли да разговарам претходно со гинекологот кој ќе ме породи за тоа дека ја сакам анастезијта??? Всушност дали треба некој да биде запознаен или на денот само да си побарам?
И дали се плаќа дополнително и колку?

Ti prativ PP,so linkovi da si proocitas...




Bjanka -> RE: Епидурална анестезија (18.9.2012 10:30:48)

Mislam deka vo Gak moze i ke ti dadat epidural so vrski - golemiii, ama vo cair ne sum slusnala deka na nekoj voopsto mu dale [sm=smiley13.gif]




Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4 5   Следна страница >   >>