RE: Епидурална анестезија (Целосна верзија)

Форум >> [Бременост] >> Бременост и породување



Порака


Zoja -> RE: Епидурална анестезија (13.1.2013 16:13:04)

Здраво мајки
Ајде која имала искуство со епидурал при пораѓај дали самиот чин на пораѓај ве болеше?!?! мене контракциите воопшто не ме болеа -ама ич- меѓутоа самото пораѓање коа искачаше бејби имав силни болки - и ми падна чудно пошто други родилки со епидурал не кажаа дека јако ги болел пораѓајот како мене .. Можеби и прагот на толеранција на болка ми е многу мал...којзнае
И после пораѓајот сега местото на епидуралот ме подзаболува ама така мала тапа болка... Искуства???




raklav -> RE: Епидурална анестезија (14.1.2013 10:52:43)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Zoja

Здраво мајки
Ајде која имала искуство со епидурал при пораѓај дали самиот чин на пораѓај ве болеше?!?! мене контракциите воопшто не ме болеа -ама ич- меѓутоа самото пораѓање коа искачаше бејби имав силни болки - и ми падна чудно пошто други родилки со епидурал не кажаа дека јако ги болел пораѓајот како мене .. Можеби и прагот на толеранција на болка ми е многу мал...којзнае
И после пораѓајот сега местото на епидуралот ме подзаболува ама така мала тапа болка... Искуства???

mene ne me bolese samo sto gi osekav naponite a koga iskacase bebi ne me bolese iso epidural ke rodam 10 deca




Simona_k -> RE: Епидурална анестезија (13.2.2013 21:09:28)

Eпа сега кога моето бебе се сврте главично,прва работа што ми текна е епидурална,да потегнам некоја врска што имам...
Викате безболен пораѓај а?Малку ми фуфа сега...ако не ми ја дадат знам дека ќе преживеам и без нејзе,ама ако може некако да ја добијам би било супер
Ај малку ако може некој да поднапише за искуството...ве молам




masa -> RE: Епидурална анестезија (14.2.2013 14:52:23)

Simona_k јас се породив со епидурална и топло ти ја препорачувам!!Кога отидов бев 3-4 прста отворена а немав контракции и бидејќи терминот ми беше поминат ме задржаа ме спремија и прво ми ставија провокација и уште не беше почната да дејствува ми ставија и епидурал.Пред да почне да дејствува почнаа болките но се што осетив беа малку појаки менструални болки.Напоните ги сеќавав но како потреба да одам во wc дури и се смеевме со акушерката и викам неможам да издржам ќе направам беља,а она ми вика не се секирај ќе се породиш за тоа,се испразни нема ништо да направиш.Едно 20 пати сигурно ја прашав[sm=smiley36.gif]Пред самото раѓање мислам ја исклучуваат за да ги сетиш убаво напоните и малку боли раѓањето но мислам поболно беше кога ме провери докторот колку сум отворена пред да ми ја уклучат провокацијата.Минимални болки има,но сосема подносливи и дури и си гледав тв и си задремував,само ме будеше апаратот што ми мереше притисок и водењакот не го сетив кога ми пукна.Е после тоа цел ден ме болеше грбот и тоа многу се шалевме со цимерката која исто беше со епидурална породена дека како воз да не удрил сме.Неа и даваа лекови против болки и антибиотици зошто имаше епизотомија и тоа ја смируваше,а јас не побарав ништо за болки,значи не е којзнае колку болно.После боли грбот некое време но и од постојано земање на бебето доење и тн.ама и од епидуралната плус.Е сега цимерката се пожали дека ги осеќала болките и дека ја болело мн на раѓање [sm=zmeden.gif] мислам и дека е индивидуално кој колкав праг на издржливост има на болка. Кај сите анестезии постои ризик и одреден процент не поднесуваат анестезија па имаат главоболки повраќаат и сл.И тоа е индивидуално.Јас немав ништо од тоа!Во секој ти посакувам се најдобро и со лесно на пораѓај[sm=smiley31.gif]




Simona_k -> RE: Епидурална анестезија (15.2.2013 16:21:29)

masa фала мнооогу за брзиот одговор...сега ми олесни малку....
Се надевам ќе ми ја дадат,држи ми среќа[sm=jezicek.gif]
Ќе се пофалам за недела-две ако ми ја "ОДОБРАТ" а ако не здрави и живи,ќе раѓам како сите....




mmbucko -> RE: Епидурална анестезија (16.2.2013 0:03:47)

Simona_k aj i jas da se obidam da ti odgovoram te da te nagovoram za epidural. Jas bi go pozlatila toj covek sto ja izmisli epiduralnata anestezija i sto najubaviot mig vo zivotot na edna zena go napravi navistina dostoinstven i navistina da mozeme da uzivame vo nego a ne da se gusime vo bolka. Ova go kazuvam posle rodeni 3 deca od koi prvoto prirodno bez nikakva anestezija i drugite 2 so epidural. Znaci onoj delot na kraj pred samoto poroduvanje, koa go namaluvaat epiduralot na shala velam deka e napraven samo za da ne podseti malku na realnata bolka (koja e ~10 pati pojaka od taa vo momentot) za da mozeme da ja cenime epiduralnata poveke. Da navistina grbot malku boli narednite nekolku dena no nishto poveke od obicno malku pojako cuknuvanje od vrata, a blagodetite se nesrazmerno pogolemi. I na kraj toplo bi ja preporacala na site idni mamicki kaj koi moze da se primeni. Pozdrav do site i so lesno neka vi e




raklav -> RE: Епидурална анестезија (16.2.2013 11:29:28)

e i jas vikam taka gospod zdravje i se ostalo do 100 pokoleni na toj sto go izmislil epiduralot[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=smiley36.gif][sm=bravo.gif]




raklav -> RE: Епидурална анестезија (16.2.2013 11:31:31)

procitaj na tema TOJ DEN tamu imam pisano kako se odvivase celiot poragaj




Simona_k -> RE: Епидурална анестезија (16.2.2013 16:12:19)

Фала ви срцки на одговорите ве гушкам[sm=smiley31.gif] многу
Вие какви врси имавте?Роднински или платежни?[sm=smiley36.gif]
Јас имам роднинска само незнам дали ќе треба да фрлам нешто???[sm=zmeden.gif]
Ваљда нема анастезиологот доброволно за мене да дојде




masa -> RE: Епидурална анестезија (17.2.2013 18:01:08)

Јас се породив во Ремедика па поштено си ја платив [sm=smiley36.gif] прашај ја врската како оди процедурата.Уште еднаш со лесно мила и иако незнам како боли раѓањето, најбитно е да си го земеш [sm=duda.gif] во прегратка!!




mmbucko -> RE: Епидурална анестезија (17.2.2013 18:30:49)

I jas si ja plativ anestezijata vo Remedika i bash zatoa zto znam kako izgleda poroduvanne bez epidural ke kazam uste 3 pati da beshe poskapa ke ja platev. Vaka so epidural dvete poroduvanja bukvalno mi se najubavite denovi vo zivotot i uzivav dodeka gi donesuvav na svet soncava. So lesno na site mamicki ko
ИЗВОРНА ПОРАКА: Simona_k

Фала ви срцки на одговорите ве гушкам[sm=smiley31.gif] многу
Вие какви врси имавте?Роднински или платежни?[sm=smiley36.gif]
Јас имам роднинска само незнам дали ќе треба да фрлам нешто???[sm=zmeden.gif]
Ваљда нема анастезиологот доброволно за мене да дојде
i go cekaat denot za gushkanje




Simona_k -> RE: Епидурална анестезија (17.2.2013 18:36:06)

Уффф...Ќе одам во државна....Таму ми е врскава[sm=smiley1.gif]
Јас незнам како е природно ама имам добра претпоставка....затоа сакам епидурална
Ај да не зборам пред време за две недели ќе знам дали ќе ја добијам...Ќе ве известам таман ако не ми ја даде ќе ме тешите[sm=smiley36.gif]
Поздравче и гушки за одговорите[sm=smiley31.gif]




Gaia -> RE: Епидурална анестезија (6.3.2013 0:41:05)

Засега планирам да се пораѓам со епидурална, некако имам страв и си мислам нема да издржам без неа, иако тоа знам дека не е точно, ама стравот си го прави своето[sm=smiley1.gif] Него мамички да ве прашам дали некој има информација за епидуралната во Систина, таму ако добро сум информирана влегува во цената за пораѓајот, т.е. има опција да се избере дали сакаш епидурална или спинална, или пак не е така?




miana -> RE: Епидурална анестезија (6.3.2013 14:54:19)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Gaia

Засега планирам да се пораѓам со епидурална, некако имам страв и си мислам нема да издржам без неа, иако тоа знам дека не е точно, ама стравот си го прави своето[sm=smiley1.gif] Него мамички да ве прашам дали некој има информација за епидуралната во Систина, таму ако добро сум информирана влегува во цената за пораѓајот, т.е. има опција да се избере дали сакаш епидурална или спинална, или пак не е така?

Таму само ке си кажеш дека сакаш и ке си добиеш понатамошни упатства и тоа е тоа..не ти требаат врски за таму [sm=smiley36.gif] а за цената нека каже некоја што се порагала таму..Јас на мм му реков,ако сакаш трето дете,прво гарантирај дека ке ми платиш приватно ( само за таа епидурална) па тогаш




Andriance -> RE: Епидурална анестезија (6.3.2013 23:05:15)

Јас се породив во ремедика пред годинаипол...мене ми беше вклучена во цената.
Денес во 21-ви век, не знам зашто да не си олесниме кога медицината како и светот идат напред.




Gaia -> RE: Епидурална анестезија (17.4.2013 19:45:33)

Andriance RR

Мила, која цена ја плати во Ремедика заедно со епидуралната? Јас планирам таму да се пораѓам па ме интересира какви им се цените за породилните пакети и што е вклучено во нив. Некои велат дека се доплаќа за епидурална 100 евра а некои дека е вклуцена во цената. И уште нешто ме интересира, дали плати некоја сума накај 36тата недела? Тоа би требало да биде како некој вид на капар дека ќе се пораѓаш таму што на крај ти го одземаат од вкупната цена и во тоа биле вклучени ЦТГ прегледите[sm=zmeden.gif]




masa -> RE: Епидурална анестезија (17.4.2013 21:39:52)

Momentalno priroden poragaj so vklucena epiduralna e 75000,pred tri godini koga se porodiv so prvoto se doplakase epiduralna 6000,no poragajot bese 50000.Jas bidejki od pocetok odev tamu ne mi ja naplatija ni poslednata kontrola,a ne plakav ni za ctg,no onie koi ne odele prethodno na prvoto ctg plakale neznam kolku,no posle im se odbiva od sumata.Vo ovaa cena e vklucena i kontrola za tebe po 6 nedeli I nekolku kontroli za bebeto I pedijatar dostapen 24casa.cenata e za tri bolnicki dena ako ima potreba da ostanete podolgo sekoj nareden den se doplakase 50eur,sega neznam kolku e




Gaia -> RE: Епидурална анестезија (17.4.2013 22:58:52)

masa

И јас од самиот почеток сум во Ремедика. Сите испитувања до сега ги правев таму, сега треба да одам за брисевите во 35-36 недела и нешто ми спомна докторката претходниот пат за тие 100 евра што се плаќаат тогаш нешто како капар ама не ја сфатив баш најдобро, бев премногу возбудена дека бебчо го гледавме и се што влезе од едно, излезе од друго уво[sm=smiley36.gif] Исто не ја разбрав што ми збореше дека влегува во тие 100 евра, нешто цтг спомнуваше ама не сум сигурна. Како и да е, фала ти мила на инфото, според ова доста повисоки им се цените, последниот пат кога гледав во нивниот ценовник беше накај 60000 некаде[sm=zmeden.gif]




masa -> RE: Епидурална анестезија (18.4.2013 9:05:10)

Pred godina I nekoj mesec se porodi prijatelka tamu I cenata bese taka nesto okolu 60000,ama neznam dali vo cenata bese vklucena I epiduralnata ili si ja doplati,.Novava cena neznam od koga im e,jas pred eden mesec prasav zosto pak sum bremena I planiram tamu da se porodam,a se nadevam nema do togas pak da ja zgolemat [sm=zmeden.gif]A ako veke ste reseni da gi dadete parite za poragaj sekako ja plakas sumata,dali ke dadete del nekoja nedela porano I ne e tolku bitno,taa suma e za ctg I konsultacii ako ima potreba pregled I isto Dr ti e 24h dostapen,ako pocnat bolki ili za bilo sto ke si zvonis I srede nok.Samo stom planiras so epiduralna stom ke setis nesto ili ako ti pukne vodenakot odma odi da ne trpis doma bolki ,porano epiduralna na 3-4 prsta otvorena pustaa ako si poveke ne,sega deka e vklucena vo cena moze pustaat I na poveke otvoreni.Ama ti prasaj si se.jas od doma si zapisuvav sto ne mi bese jasno.Mm pa kolku gi maltretirase so prasanja [sm=smiley36.gif]ama ako ne bese on mn raboti ke ni bea nejasni.I sto e najbitno site se fini I se ke ti odgovorat




Pufnica -> RE: Епидурална анестезија (3.5.2013 20:54:19)

Znae li nekoj kakva e procedura sa epidural vo GAK? Se plaka?




Melanija RR -> RE: Епидурална анестезија (16.6.2013 21:06:47)

Никој ништо не пишува за епидурална на ГАК?Како што дознав била бесплатна ако се има осигурување ама за да ти ја дадат требало или врски или пари.
Од друга страна во Чаир ја нема зошто немале ниту миниторинг.

Некоја да сподели искуство и од самиот епидурал,потоа болки во грбот и сл.работи,како се фунјкционира потоа.Од разни читања низ нет епидуралот помага но последиците се влечат со години.Па тогашкоја е придобивата ако се навлечат проблеми за години потоа?




Mihaela 2010 -> RE: Епидурална анестезија (17.6.2013 14:53:52)

Jas pred 3 god koga se poragjav mi stavija epiduralna,mene vrska mi bese doktorkata sto me poragjase,pa ona izogranizirala toa jas ne ni znaev sto e toa[sm=smiley1.gif]
ama vo sekoj slucaj carska rabota e




sandriana RR -> RE: Епидурална анестезија (17.6.2013 15:02:58)

Од друга страна во Чаир ја нема зошто немале ниту миниторинг.

Кој вели дека нема? Мене ми ја понудија во Чаир, пред скоро 2 години, но ја одбив.
Последици може но не мора да има. Познаничка моја има лошо искуство со епидуралот, и тоа во приватна болница, поради лошо аплицирање.
Јас лично не ја одбив заради проблемите потоа, туку заради можните проблеми за време за пораѓајот - ми беше страв дека нема добро да соработувам, бидејки нема вистински да ги чувствувам напоните, со вистински интензитет, и дека нема да имам контрола на истите.
Ова е лично мој став. Има луѓе кои си поминале супер со епидуралот, и би се одлучиле и за втор/трет пат да го користат.




eni -> RE: Епидурална анестезија (17.6.2013 15:16:08)

Melanija, јас се породив минатиот август во Ремедика со епидурална. Лично, супер поминав и можам слободно да ја препорачам. Пораѓајот е скоро безболен, освен нели ако те сецнат, па откако ќе и помине дејството наредниот дел ќе боли малку раната. Ама па не може без ич [sm=smiley1.gif]
Проблеми со грбот до сега сум немала, помина скоро година дена. Постапката на ставање на епидурал не е страшна. Прво ти става локална анестезија во грбот, ќе осетиш мало пецкање и откако ќе почне да делу анестезијата ти ставаат епидурлна во рбетот.




Fiao -> RE: Епидурална анестезија (17.6.2013 18:18:49)

Jas imav epidural vo GAK, besplatna e i neam pojma dali ja davaat i bez vrski bidejki jas ja dobiv so vrski. Mozebi ako ja pobarav nemase da me odbijat [sm=zmeden.gif]




Страница: <<   < Претходна страница  2 3 4 [5] 6   Следна страница >   >>