April -> RE: Дали Facebook ја нарушува приватноста! (11.1.2010 20:26:10)
|
Еве нешто во контекст на приватноста, не е директно поврзано со FB, но да се замислиме [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image] Како ќе изгледа една нарачка во 2015? Оператор: Pizza hut, повелете! Блажо: Добар ден! Имам една нарачка. Оператор: Може ли прво да ми го дадете вашиот ЕМБГ?Блажо: Мојот Ембг, само момент. Мојот Ембг е 230195743034 Оператор: Фала Блажо, сега видов дека живеете на улица Гоце Делчев бр.1 Блажо(зачуден): Може две пици капричози екстра лути! Оператор: Мислам дека тоа не ви е добра идеја! Блажо: Како тоа мислите? Оператор: Блажо, вашите здавствени податоци укажуваат дека имате висок крвен притисок, затоа подобро е да не ризикувате... Блажо: Па тогаш, што ќе ми препорачате? Оператор: Можете да ја пробате новата пица од соја, сигурен сум дека ќе ви се допадне. Блажо: Зошто така мислите? Оператор: Па, минатата недела од книжарата сте ја купиле книгата "Гурмански рецепти од соја". Блажо: Добро, добро, тогаш дај ми џамбо пица од соја, и кажете ми цена? Оператор: Тоа би требало да ви биде доволно за вас, вашата жена и трите деца, и тоа ќе ве чини 550 денари. Блажо: Сега ќе ви го дадам бројот од кредитната картичка. Оператор: Извинете г-не, но мора да платете во кеш бидејќи вашиот дозволен лимит е надминат. Блажо: Добро, тогаш ќе му платам во кеш на вашиот доставувач? Оператор: Ок, ако сакате можете да дојдете со вашиот мотор да ја земете инаку ќе мора да чекате околу 45 минути. Блажо: Од каде знаете дека возам мотор? Оператор: Тука пишува дека сте закасниле со ратата за кола и затоа банката ви ја одземала, а вашиот мотор е исплатен па претпоставив дека со мотор ќе дојдете. Блажо: Ма идете во ку*ац.... Оператор: Пазете што зборувате г-не бидејќи имате две прекршочни пријави. Блажо: без коментар Оператор: Дали тоа ќе биде се од вашата нарачка? Блажо: Донесете ми и еден литар кока кола! Оператор: Извниете г-не но не смееме да им продаваме кока кола на дијабетичари![image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]
|
|
|
|