Bethany -> RE: Дали Facebook ја нарушува приватноста! (10.12.2014 23:10:44)
|
До неодамна мислев не, ама кога веќе извесно време почна да ми излегуваат на њуз фид слики и статуси од луѓе што ниту ги познавам, ниту ме занимаат, а се пријатели на моите пријатели, и тоа не можев да го контролирам, почна да не ми се допаѓа (не знам како е сега, можеби фејсбукот нешто смени во последните месеци). Значи исто така ако јас коментирам или лајкнам слика на некој од моите пријатели, мојата активност излегува и на тие што немаат допирна точка еден со друг иако ми беше целосно затворен профил за непознати. Тоа многу ми сметаше да гледам и читам некои непознати фаци. Друго, јас сум особа која сака да споделува и слики и статуси, ама луѓето што ги имав за пријатели ги знаев на овој или оној начин и редовно правев чистка, и сепак не дека кријам нешто, ама не ми се допаѓа факт да излегувам во њуз фид на некои непознати луѓе. Можеби да ништо не споделувам и никаде да не коментирам, туку само да гледам што се случува, ама тоа ми нема никаква смисла тогаш и пак ќе гледам нешто што не ме интересира. И трето што не ми се допаѓа е што се дефинитивно губиш квалитетот во врските. Наместо да те поздравам со смс или ќе ти ѕазвоним на два реда муабет, јас ќе ти удрам лајк да знаеш да те мислам. Ако не ти лајкнувам ништо знај да сум ти лута нешто. [sm=smiley36.gif] И поради овакви некои работи зошто фејсбук ми изгуби смисла, го деактивирав веќе неколку месеци. Ми дојде на ум повторно да го вклучам некогаш, ама бргу ме одмине желба. Можеби некогаш, не велам не со сигурност, ама знам дека не осеќам некој недостиг во животот.
|
|
|
|