anedespo -> RE: Крајници кај децата (20.5.2011 14:36:55)
|
Еве да ја освежам темава а и мала информација за оние чии деца имаат проблем со крајниците. Ние конеќно пред 3 недели се решивме и му ги извадивме сите 3 крајника на син ми (6 години). Тој имаше пречести гнојни ангини од неговата 2 година. Ангините беа престрашни затоа што не му помагаше ништо освен Панцеф сируп или Лендацин венозно инекции. Му ги водеа како септични . И иако докторите не убедуваа да ги извадиме што побрзо затоа што детето нема никаква корист од нив, туку само му прават штета, ние не се решававме и пробувавме 300 бабини лекови. Тоа со нишадорот испробаво кај него (не делува затоа што има хипереластична кожа-од мене наследено, мене не можеш ни бубулица да ми истиснеш, а камоли крајник да пукне за да истече гнојот.) Го лекуваа и со антибиотик рифампицин (за туберколоза е ). Пробавме со изолација и како што пишував и по другите форуми, открив дека се заразува од децата на брат ми , чија што хигиена им е на нула (како и на родителите исто). Не мијат раце , или ако ги искарам само ги ставаат под чешма без користење на сапун (исти се и возрасните). И сега се решивме, но бидејќи син ми имаше некои компликации и болести кои се појавија после неговите ужасни гнојни ангини (мегалобластна анемија, косопаст, хенох шолејн пурпура), анестезиологот не се решавање да го оперира, па ни бараше мислења од хематолог, кардиолог и имунолог дека е безбедно да го оперираат). Ние ги обезбедивме и пак назад на клиника, му направија хемостаза на трансфузиологија(коагулациони фактори) и бидејќи беше уредна , ни рекоа да дојдеме наредниот ден , не покасно од 19 часот. Не примија , преспавме таму и наредниот ден беше прв за операција. Не викнаа во операционата сала. Таму го соблекоа до пола, го ставија на инфузија, го легнаа на кревет и му ставија анестезија венозно. Тој заспа, а јас си заминав надвор да го чекам. За 40 минути излезе. Плачеше силно со длабок ужасен глас, полусвесен, викаше дека го боли грлото. Го натерав да заспие за да ги преспие првите 2 саати кога е најболно. Потоа го тераше сестрата да плукне за да види дали уште крвари. И кога беше добро му даде парацетамол. Тој имаше температура 4 дена додека бевме таму која се движеше од 37-38, се смета за нормална реакција. Од парацетамолот му се смирија болките и почна да пие чај од кантарион што си го носите од дома(без шеќер). Уште првиот ден се исправи на нозе и почна да шета и да се фали како му поминало. Наредните 2 дена болката е најголема. А мораше да пие по 2 литра чај на ден што нормално од болка го одбиваше, па со триста маки му давав голтка по голтка на 5 минути. Веќе му дозволија да јаде и течна ладна храна(пудинзи, пире и супи). Четвртиот ден не не пуштија да си одиме зашто уште имаше температура, па не пуштија наредниот. До контролата многу внимававме, никако бањање над градите, јадење само на кашеста и ладна храна(сум пасирала исто како на мало бебе). На контролата беше се во ред, меѓутоа него и го шиеле башка (покрај термичкото лепење), па има сеуште конци. Сеуште внимаваме , не оди во градинка за да не го повредат децата, ама кај и да е конците треба веќе да паѓаат. Првата недела до контролата, помалото дете го пратив кај свекрва ми да ја чува, за да не го повреди, удри, а и да го нервира а тој да плаче ( а несмее да го дразни грлото). Ете поминавме од редот. Мислам дека се напишав. А имаше и деца што оперираа само трет крајник и ги пуштаа наредниот ден (заради дишење). Оваа операција иако е со целосна анестезија ништо не се сече, туку крајникот го стругаат само. Сите деца беа на возраст од 6-7 години. Најверојатно таа возраст е најдобра затоа што разбираат и соработуваат.
|
|
|
|