Snowhite RR -> RE: Крајници кај децата (31.10.2012 20:53:03)
|
Михаил секогаш кога е нешто настинат секогаш е грлото и овој пат решив да и побрам на матичната упат за на уво, нос и грло, а и таа спомна нешто дека му се поголеми крајниците и денеска бевме, ама во ред е се, докторката таму рече дека му се малку поголеми, ама не е страшно рече, има деца и со поголеми, повеќе овошје, зеленчук и сокови да пие, а помалку антибиотици да сум му давала. А како викам помалку антибиотици, што да правам кога ќе му препиши докоторката, па вика да не сум му далвала, да се борел сам, ако кревал Т, со парацетамол, не морало одма да го носам на доктор, зашто ми вика, знаеш ние ако го донесиш одма антибиотик пишуваме (барем си призна за тоа). Е стварно да не знаеш што да правиш и кој да го слушаш Па не прати да му го исчистат носето и сега неколку дена да одиме и во сабота на контрола пак да го однесам, можно било и од секретот надолу што му се слева да му влијае на грлото
|
|
|
|