pacuvce -> RE: Донации (29.4.2010 16:52:37)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: pacuvce Итно се потребни крводарители со крвна група НУЛТА ПОЗИТИВ за спас на Емил! Единаесет годишниот Емил ги замолува сите хумани луѓе кои имаат крвна група НУЛТА ПОЗИТИВ, да му помогнат и да даруваат крв Сите оние кои ја имаат оваа крвна група може да даруваат крв во Центарот за трансфузиологија на Државната болница во Скопје. Малиот Емил Новески од Кавадарци кој боледува од леукемија бара помош од сите хумани луѓе да му помогнат за да ја надмине болеста. Емил и неговите родители велат дека помошта е бесценета само ако е добиена навреме. Емил треба да замине на лекување во Германија, но состојбата се влоши и итно му е потребна крв НУЛТА ПОЗИТИВ. Емил итно мора да замине на трансплантација на коскена срцевина во Германија. За жал, државата не го покрива неговото лекување, а неговите родители, кои и самите се во тешка економска состојба, не се во можност да покријат ниту дел од лекувањето. Затоа се приморани да бараат помош од добрите и хумани луѓе во Македонија. “Емил е во многу критична состојба. Доби рецидив на болеста Леуцосис Ацутна Мѕелоица (леукемија) и ако во многу брзо време не оди на операција, исходот би можел да биде многу трагичен и лош”, ни раскажа низ солзи Јованка мајката на Емил. Емил досега примил четири хемотерапии. Од болницата добил отпусна листа дека е здрав. За само три седмици, болеста се повратила кај Емил, а тоа значи дека детето воопшто не било излечено. Болеста кај Емил многу брзо напредува. Да му дадеме шанса на Емил повторно да заигра фудбал! Сите оние што сакаат да му помогнат на Емил, можат да донираат 100 денари со јавување на бројот 070 143 115, 075 143-350 и 077 143 500 или, пак, да уплатат парични средства на жиро-сметката на Стопанска банка 200-002-018-470-082, за Емил Новески и на девизна сметка СЊИФТ: СТОБ МК 2Џ ИБАН: МК 072 000 020 184 742 53. ЗАВРШИ БИТКАТА СО ЛЕУКЕМИЈАТА НА МАЛИОТ ЕМИЛ НОВЕСКИ ОД КАВАДАРЦИ Почина детето што молеше за живот Во вторникот вечерта, во неговиот дом во Кавадарци почина Емил Новески, чија борба со леукемијата ја следеше целата македонска јавност долг период. Само пет дена пред да почине, Емил, заедно со неговите родители и со поп-пејачот Игор Узунов, кој го поддржуваше откако се разболе, се врати од клиниката "Гисен", Германија каде што помина неколку месеци на лекување во очекување на транспантацијата на коскената срцевина. Но на изненадување на сите, состојбата на Емил значително се подобрила по последната хемотерапија, па тој бил пуштен да се врати назад во Македонија, без да му биде извршена трансплантацијата. Веста за смртта на Емил Новески ја потресе целата македонска естрада бидејќи за време на болеста тој ги запозна речиси сите музичари што настапуваа на неколку хуманитарни концерти за да се соберат пари за неговото лекување во Германија. Последниот хуманитарен концерт за малиот Емил беше организиран во Македонската опера и балет. На концертот настапија сите познати македонски оперски солисти, кои беа разочарани оти биле продадени само 65 карти и пееле во полупразна сала. Додека траеше лекувањето, Емил многу често знаеше сам да се обрати јавно и да моли добрите луѓе да донираат за да му го спасат животот. "Помошта е бесценета само ако пристигне навреме", рече еднаш храброто момче од Кавадарци. RIP,драго момче...Веројатно Господ ги сака добрите души крај себе...Сочуство до семејството...[sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif]
|
|
|
|