Melanija RR -> RE: Донации (14.12.2014 12:26:33)
|
Да донесеме храна за „Израдувај дете од улица Подготвувајќи ја овогодишната акција „Израдувај дете од улица“, која „Лице в лице“ трет пат ја прави за малите пријателчиња од Дневниот центар за деца на улица во Шуто Оризари, се соочивме со потребата да ве повикаме вас, граѓаните, организациите, компаниите и сите кои сакаат да помогнат, да ги израдуваат овие деца – носејќи им храна. Од координаторката на Центарот, Ирена Велкоска, побаравме список на сите деца кои секојдневно го посетуваат ова место, па покрај него, добивме уште нешто: - Имаме сериозен проблем со обезбедувањето храна за децата. Честопати нема храна за сите, па многу би ни значело ако граѓаните што ќе се вклучат во акцијата, донесат храна, пред сè – вели таа. Во Дневниот центар има повеќе од 100 деца, а просторот нема услови за готвење. Затоа, не е препорачливо да се носат супи, тестенини или останати производи кои треба да се варат или печат (подолу прочитајте го списокот со препорачаните прехранбени производи). *За целосни информации прочитајте ја статијата на Рингераја.мк=ТУКА
|
|
|
|