talisman -> RE: Жената во исламот (13.1.2010 11:07:45)
|
Бидјејќи сум муслиманка, ај да се обидам да ви помогнам и да ви разрешам многу од заблудите кои, за жал, ги прочитав. Најпрво морам да напишам дека, читајќи поединечни размислувања, изгледа ние баш живееме едни покрај други, а не едни со други, што е некако тажно[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image] Како прво, жените овде не одат на погреб од едноставна причина што кај нас муслиманите на погребувањето се гледа на друг начин. Ние дури и не викаме дека човекот умрел туку дека се преселил од еден на друг свет. Не дека се сваќа нормално умирањето т.с преселбата на некој близок, туку не се сваќа ни толку трагично како кај останатите. Жените не одат бидејќи повеќето неможат да се воздржат, а да не лелекаат, плачат, кукааат и тогаш се прави уште поголем хаос. Затоа е и прифатено дека е подобро да не одат на погреби. Што се однесува до покривањто на телото, во Кур“анот је дадено дека жената треба да си ги покрие своите телесни украси и истите да ги открива само пред сопругот. Е сега, постојат дилеми што се смета за украс кај жената и соодветно на тоа е прифатено како таа ќе се покрива. Покривањето кое го прифатиле речиси сите муслиманки се нарекува Хиџаб и опфаќа покривање на косата, вратот, рацете до дланките па се до зглобовите на нозете. Значи, лицето, дланките и стопалата не се покриваат со тоа што не смее да се носи тесна, проѕирна или некоја облека која привлекува внимание. Покривањето кое на многумина им смета ( меѓу нив се вбројувам и самата ) се нарекува НИКАБ и подразбира целосно покривање на жената, значи и лицето и дланките со ракавици. Никаде во ниту една исламска книга нема да најдете барање до жената да се покрие на тој начин и сметам дека тоа е искомбинирано со обичаи кои со текот на времето се пренесени и кај нас. Не сакам да навредам никого, но ОГРОМНА ГЛУПОСТ е да се мисли дека лицето на тие жени не им го гледа никој, па дури и ни сопругот ниту децата. Тие се така покриени во надворешниот свет, а дома функционираат сосема нормално. Значи, ако сакаат носат фармерки, миничи, кратки панталони, се шминкаат, со каква сакаат фризура или боја на косата. Тоа е нивен начин на живот, тоа го избрале и нема апсолутно никаква причина да се мисли за нив дека се вакви или онкви. Мој совет е, доколку сакате да дознаете нешто за нив и нивниот живот, слободно пријдете им и прашајте ги, верувам дека ќе ви кажат и појаснат. Ако не тие, тогаш прашајте ме мене и што знам ќе ви кажам[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image] Што се однесува до Франција вистина е дека е забрането носење хиџаб што по мене преставува голема дискриминација. Зошто на чесните сестри и монахињите не им е забрането покривањето ??? Кај нас верничката која сака да ја практикува својата вера, меѓу останатото, мора да е покриена како треба. Што незначи дека е помалку убава и интелегентна од останати жени. Едноставно, тоа е избор и ако говориме за демократија тогаш кој е тој што може да си даде себе си право некому да му го ускрати правото на верско определување. Е сега, што се однесува до правата на жената во Исламот мислам дека сите останати може да ни позавидат. Проблемот за жал е во тоа што и многу мажи муслимани ги знаат и ги злоупотребуваат, па ето се добива впечаток дека муслиманката треба само да раѓа деца, да биде слугинка и да нема никаков социјален живот. Жената има право на образование ( посебно што таа ги воспитува поколенијата ), работа, свој приход со кој самата располага. На оваа тема често и со мм се зезам, бидејќи постојано му набивам на нос дека по Шеријатот ( исламски закон ) тој како глава на семејството е даден д го „ влече товарот„ а јас сум таа која треба да ужива [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] Во моето семејство никогаш не е доведено во прашање моето и образованието на сестра ми, си завршив високо образование, се вработив и си го живеам животот ускладен кон социјалните и верски принципи со кои сум опкружена. Ах да, не носам ниту хиџаб ниту никаб, значи не сум покриена ама си ја почитувам религијата и ја практикувам колку можам. Постам за Рамазан, клањам ( муслиманите се молат 5 пати дневно и таа молитва се вика НАМАЗ ) кога можам, ги почитувам моите верници а се обидувам да ги разберам и останатите, затоа обидете се и вие.... Не донесувајте заклучоци пред да се обидете да добиете одговор на прашањата кои ве мачат, бидејќи така ќе бидете посклони кон создавање предрасуди кои само ве одалечуваат наместо да ве доближуваат до останатите.
|
|
|
|