niki -> RE: Жената во исламот (13.1.2010 16:36:56)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: mina_m ИЗВОРНА ПОРАКА: talisman Mina_m Јас лично прват слушам за такво нешто и со сигурност можам да тврдам дека е една голема глупост која нема никаква поткрепа во Кур'анот ниту во ниедна друга книга која го третира Исламот. Иако, кога се бараат информации секогаш треба да се внимава кој е авторот на истите, бидејќи колку нам да ни е неразбирливо, сепак постојат луѓе кои го прават токму тоа. Со погрешно информирање даваат погрешна слика за едните или другите. Можеби постои ваков случај, но треба да разбереш дека и покрај тоа што првиот збор објавен во Кур'анот е „ ИКРЕ„ што значи „ учи„ многумина не го прават тоа, па се случува да се мешаат верските принципи со обичаите и до појава на вакви чудотии за кои се тврди дека ги налага верата. Уште еднаш можам со сигурност да тврдам ( а многу теолози можат ќе се сложат со мене ) дека овој пример нема апсолутно никаква врска со Исламот. Документарец е направен веројатно затоа што е интересна тема која привлекува внимание и останува во сеќавање, само што авторот ( намерно или не ) заборавил да навлезе подлабоко во причините за појавата на вакво нешто, или пак ( пак велам, намерно или не ) може го оставил прашањето само површно одговорено па гледачите сами да донесат заклучок, кој е ваков или онаков. Како се работело за личности кои се декларираат како муслимани, верувам дека многумина заклучиле дека верата т. е Исламот го налага тоа... ok,go postuvam tvoeto mislenje,razmisluvanje i znaenje okolu tvojata religija,i ne bi sakala do krajnost da navleguvam,za sto se slucuva nadvor od granicata na makedonija,aj i avtori ko avtori na nekakvi emisii ne drzat nikakva voda,ama sto ostanuva na onie sto toa mi potvrdija deka vo nekoi nivni selca (ne site)ama deka ima vakvi slucaevi,mozebi se retki ama sepak gi ima ko na primer Pakistan,Libanija,zosto bi mi davale lazni dezinformacii[sm=zmeden.gif] ..... [/quote Една работа е како религијата е претставена во книгите, а сосема друга како им се пренесува на нејзините поклоници и како тие ја разбираат и си ја толкуваат. И тоа важи за сите религии. Ако појдеме од самите себе ќе видиме дека многумина од нас се декларираат како христијани православни и одани верници на својата религија и црква, а ја немаме прочитано библијата. Тоа сигурно важи и за муслиманите. Религијата вообичаено кај обичниот народ се пренесува од колено на колено, како наследство, од родители на деца и неретко се заобиколува нејзиното вистинско запознавање. Па така имаме во секое село различни обичаи и за сите објаснение дека се во согласност со религијата што допринесува оној кој од страна набљудува да донесе погрешни закључоци и да има предрасуди.
|
|
|
|