Bitolcanka -> RE: Да зборуваме на македонски јазик (14.1.2010 14:51:28)
|
Пенелопа, запишана сум на магистерски студии на Педагошкиот факултет во Битола, насока-Педагогија во областа на методиките. И кај нас има таква насока-Менаџмент во образобанието. Кога јас се запишував беа само овие 2 насоки, сега има и некои други. Тереза, фала за одговорот [sm=smiley1.gif] , не забележав дека имаше коментари по мене на оваа тема, се зафатив со други теми. За што служат другарките [sm=smiley1.gif] [sm=bravo.gif][sm=smiley31.gif] Анушка, мило ми е што имаш желба да присуствуваш на одбраната на мојот магистерски труд, секако дека навреме ќе те известам и поканам [sm=smiley1.gif] Веќе си поканета [sm=smiley1.gif] само да дојде тој ден, ќе почекаме малку, груба проценка - околу една година можеби ќе потрае [sm=smiley13.gif] Има правила и долга процедура е - 4-5 совети пред датата за одбрана на трудот, а еден совет може да се одржи еднаш на 2 месеци (5*2=10 + време за празници, распуст - летен период)... Само мое е да го завршам, да ми биде одобрен, испечатен, па кога ќе ми закажат - тогаш, не можам да влијаам на тоа. Напорно е, ама не се предавам. Ништо не е лесно во животот. Нема убавина без мака... Боцко се сложувам со тебе, дијалектите се наше богатство, не треба да ги отрфламе, но не да се применуваат на места кои се од приоритено значење за афирмација на литературниот јазик (медиуми-радио, тв, весници, училишта, факултети, министерства и сл.). Секако дека и тие треба да се пренесуваат на младите генерации, со убави фрази, изреки и сл. По тоа е препознатлив секој наш регион. Голем поздрав до сите РР-ки и РР-ковци, сите имаат свој став и мислење за различни теми. Прекрасна е РР што не поврзува сите како едно семејство, можеме да ги изнесеме своит искуства, да се посоветуваме да си помогнеме едни на други колку што можеме ... посебно во вакво време со брзо темпо на живеење и низок стандард (интернет дружењето не не чини пари и време). Ммногу би сакала да ве подружам повеќе (видов убави теми), но другпат повеќе, кога ќе ми дозволи времето [sm=smiley31.gif]
|
|
|
|