RE: Да зборуваме на македонски јазик (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> За порталот



Порака


Боцко -> RE: Да зборуваме на македонски јазик (24.1.2010 12:48:43)

ИЗВОРНА ПОРАКА: niki
Книга на македонски не сум прочитала неколку години, не ми се достапни, ниту пак имам време.


ники мила,
за тебе и за сите наши рингерајки и рингерајци надвор од македонија, еве едно мало изненадување:
книги (поточно е-книги) на македонски јазик во pdf формат можете да преземете ТУКА. така ќе можете да бидете во контакт со јазикот, читајќи онолку колку што можете и тогаш кога можете.




Julie1 -> RE: Да зборуваме на македонски јазик (24.1.2010 12:49:52)

ИЗВОРНА ПОРАКА: sunchips

ИЗВОРНА ПОРАКА: April
Ne sum sitnicar, no sepak ako ne citam drugi makedonski sajtovi (knigi na makedonski jazik ne citam za zal, ke treba da pocnam) dobivam vpecatok deka od rr ke mi se izvitoperi ona sto nekogas sum go znaela korektno :)
Bez zamerki, samo sakam da postoi napredok



Драга со овој коментар даваш впечаток дека РР е ужас со јазикот а голем број портали се без грешка, дај боже да беше така. Се согласувам дека има некој работи кои треба да се поправат и предлагам тука да ставате линк до оние места каде има некоја грешка и како мислите дека треба да се поправи. И мора да имаме на ум дека овој портал содржината ја креира од самите корисници и неможно е секој корисник да се контролира и поправа, како и самите модератори. А ако РР влијае така да го изветопери твоето знаење на македонски јазик јас лично ќе побарам РР да престане да фукнционира.




BEBICA -> RE: Да зборуваме на македонски јазик (24.1.2010 12:51:42)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Боцко

ИЗВОРНА ПОРАКА: niki
Книга на македонски не сум прочитала неколку години, не ми се достапни, ниту пак имам време.


ники мила,
за тебе и за сите наши рингерајки и рингерајци надвор од македонија, еве едно мало изненадување:
книги (поточно е-книги) на македонски јазик во pdf формат можете да преземете ТУКА. така ќе можете да бидете во контакт со јазикот, читајќи онолку колку што можете и тогаш кога можете.





[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] Bocko ti si najdobar.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]




mina_m -> RE: Да зборуваме на македонски јазик (24.1.2010 13:02:10)

lele, jas pak voopsto ne ni primetiv na rr deka se pisuva tolku izvetopereno,sega moze nekoj tuka i da pobara da si persirame edni na drugi[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




niki -> RE: Да зборуваме на македонски јазик (24.1.2010 13:18:01)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Боцко

ИЗВОРНА ПОРАКА: niki
Книга на македонски не сум прочитала неколку години, не ми се достапни, ниту пак имам време.


ники мила,
за тебе и за сите наши рингерајки и рингерајци надвор од македонија, еве едно мало изненадување:
книги (поточно е-книги) на македонски јазик во pdf формат можете да преземете ТУКА. така ќе можете да бидете во контакт со јазикот, читајќи онолку колку што можете и тогаш кога можете.



Драг мој Боцко, ти си извор на многу корисни информации и многу ми е драго што те имаме на РР. Благодарам многу[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]




Палешка РР -> RE: Да зборуваме на македонски јазик (24.1.2010 13:36:53)

Отсекогаш сум била ЗА употреба на литературен јазик, не само на интернет, работа, туку и во секојдневниот говор - дома. Домашните се навикнаа така и претежно говорат литературно. Исфрлено е прилепското че, иако во некои сентенци е интересно (чом, че јам, че дом, че те чекам на чошето кај Чумовчани). Користиме многу архаизми во секојдневниот говор и кованици кои ни останаа од татко ми во наследство. Сакам да зборувам така и не мислам дека се тоа увозни зборови...баш се автентични и отсликуваат еден долг период од историјата на македонскиот народ.




Марко -> RE: Да зборуваме на македонски јазик (24.1.2010 15:11:52)

Одлична идеа! Меѓутоа, веднаш една забелешка до администраторите на страницава. „Пратете не на Фејсбук“??? Сигурно сакаат да кажат „следете не“. Ако некој може да го поправи тоа, ќе биде одлично. И во дополнение, страницата која се појавува доколку си ја згрешиш лозинката, покажува опција „потражете нова лозинка“. Повторно ужасна (не)литературна грешка.
А дека треба да си го чуваме јазикот, треба. Добро беше воведното објавување на темава, особено за скопјаните. Меѓутоа, уште потрагично е кога некој од провинција ќе замине да студира или работи во Скопје, и ќе почне да зборува на „скуупски“. Ужас!!!!! Нешто поужасно немам слушнато! Демек, ако не си од Скупје и не збуриш на скупски, мора да си сељак нели! И нескопјаните се срамат од своето потекло, па ете да се вклопат во „градот“ го прифаќаат тој ужасен изговор/дијалект/наречје (што е точно по дефиниција не знам).
Многу од моите другари го практикуваат тоа и секогаш ги критикувам. Кога имаме можност за дружба, се обидуваат да го избегнуваат тој изговор, ама само привремено.
Имаме многу убав јазик, се надевам дека нема да дозволиме да си го уништиме, како што правиме со многу други работи.




Еца -> RE: Да зборуваме на македонски јазик (24.1.2010 15:34:25)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Марко

Меѓутоа, веднаш една забелешка до администраторите на страницава. „Пратете не на Фејсбук"??? Сигурно сакаат да кажат „следете не". Ако некој може да го поправи тоа, ќе биде одлично. И во дополнение, страницата која се појавува доколку си ја згрешиш лозинката, покажува опција „потражете нова лозинка". Повторно ужасна (не)литературна грешка.



Одлична забелешка која веќе ја впишавме во задачите на програмерите и во најбрзо време ќе биде поправено. Благодарност за сите сугестии, бидејќи се уште се доградува Рингераја, па ако приметите вакви грешки ве молам пријавете тука.




Марко -> RE: Да зборуваме на македонски јазик (24.1.2010 15:46:46)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Боцко

ИЗВОРНА ПОРАКА: niki
Книга на македонски не сум прочитала неколку години, не ми се достапни, ниту пак имам време.


ники мила,
за тебе и за сите наши рингерајки и рингерајци надвор од македонија, еве едно мало изненадување:
книги (поточно е-книги) на македонски јазик во pdf формат можете да преземете ТУКА. така ќе можете да бидете во контакт со јазикот, читајќи онолку колку што можете и тогаш кога можете.



Боцко, фала многу за информацијата. Оваа работа беше најавувана многу помпезно пред скоро една година (ако не се лажам). Оттогаш, сум се навратил неколкупати таму, меѓутоа нема придодадено некој нов наслов. Не знам што е работата, да се скенира една книга и да се објави во пдф формат не е воопшто тешко, може да се направи за помалку од ден (по книга). Ама македонска работа како македонска и секое чудо за три дена, па и овој проект остана само на фалби и помпа по медиуми.
Се надевам дека вработените во библиотеката ќе се поправат и ќе продолжат со проектот.
Во целост, овој проект е за огромна пофалба, но не треба да се застане со него.




Еца -> RE: Да зборуваме на македонски јазик (13.2.2010 23:43:08)

Сметам дека овој документ би требало да го има на темата

КЛИК ТУКА




Еца -> RE: Да зборуваме на македонски јазик (13.2.2010 23:45:17)

И во самиот документ има нешто што сигурно сите ќе го приметите, наместо влегува на едно место строи ВЛЕГУЕ[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




ripce -> RE: Да зборуваме на македонски јазик (13.2.2010 23:47:08)

ДОНЕСУЕ
ОБЈАВУЕЊЕТО
ОФИЦИАЛЕН
ВЛЕГУЕ

на 3тата страна веќе 4 грешки, не сакам ни да помислам да ги читам наредните[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




lidijas -> RE: Да зборуваме на македонски јазик (13.2.2010 23:51:48)

Se slozuvam deka treba da go neguvame literaturiot jazik. A se slozuvam i so toa deka mnogu od nas sto ne se od Skopje sakaat da zboruvaat so toj spred mene neubav dijalekt(zuto, drukcije i sl.vranjanski izrazi) , a koj ne gi koristi BRAVO. Inaku jas ne sum od Skopje a ziveam vo Skopje veke 16 godini i se trudam da zboruvam literaturno a ne na dijalkt bidejki ako veke zboruvam na dijalekt ke si zboruvam na mojot.




nadica -> RE: Да зборуваме на македонски јазик (13.2.2010 23:53:00)

se trudam da zboruvam literaturno a ne na dijalkt bidejki ako veke zboruvam na dijalekt ke si zboruvam na mojot.


потпис




Боцко -> RE: Да зборуваме на македонски јазик (14.2.2010 1:28:07)

ИЗВОРНА ПОРАКА: ripce
ДОНЕСУЕ
ОБЈАВУЕЊЕТО
ОФИЦИАЛЕН
ВЛЕГУЕ
на 3тата страна веќе 4 грешки, не сакам ни да помислам да ги читам наредните[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]
КЛИК ТУКА


дечки бе, колку прекрасен документ!
погледнете само, 1945 година!!!
тоа не само што не се грешки, туку е едно прекрасно сведоштво за развитокот на нашиот јазик. од каде сме тргнале откако е нормиран, а каде сме денес. вистинска јазична еволуција.




mami -> RE: Да зборуваме на македонски јазик (14.2.2010 1:32:06)

потполно се сложувам. Јазикот е жива материја која постојано се надградува и усовршува. Мислам сепак зборуваме за документ од 1945...е сега- друг е муабетот[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]ако земеме некој документ од нашите јавни весници или објави на страните на министерствата ( а ги има на тони верувајте) за тогаш и да разберам- уште сме биле Југославија, се се средувало пополека, но денес да се прават грешки, е безвезно, уште и на јавен официјален документ. Немам време сега да барам, но деновве ќе ви поставам смешки[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




ananikol -> RE: Да зборуваме на македонски јазик (14.2.2010 14:31:34)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley20.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley20.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley20.gif[/image] Bravo za temata [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley20.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley20.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley20.gif[/image]

               [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3]