miana -> RE: Породилно отсуство (1.11.2012 9:19:32)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: sanja.des ZDRAVO NAJMILI RR Nova sum na forumov,ama temava mnogu mi se bendisa zasto jas imam eden problem,rabotam vo edna privatna firma godina ipol a imame dogovor na opredeleno vreme i sekoi 6 meseci ni go prodolzuvaat,koga doznav deka sum [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/nosecka.gif[/image] ne im kazav vednas zasto bese period za prodolzuvanje na dogovorot,mi bese strav deka nesto ke me zeznat,potpisav i im kazav,ne ja znam pricinata ama bremeni ne sakale vo firmava dogovorot mi e do noemvri a posle mi rekoa deka ke mi go prekinat,ne sakaat da mi dadat trudnicko jas posle toa pocnav da se rasprasuvam i mi kazaa deka stom mi prekine rabotniot odnos vo ovaa firma da se prijavam vo nekoja druga bez da imam eden den prekin 28 dena pred termin da si otvoram trudnicko,pa sto mislite vie dali ke mi sleduva trudnicko ?STO DA PRAVAM? nemozam da gi tuzam vo firmava zasto imam dogovor na opredeleno vreme ! Sanja go citav tvojov post pred nekoj den i denes kako 1 na 10 ka mi dojde ovoj natpis vo Vecer Procitaj,javi se ja ovoj broj od tekstot i vednas da prijavis И идните мајки имаат право да се вработат! Министерството за труд и социјална политика ја детектира појавата на дискриминација и токму затоа во функција на превентивно делување и обезбедување на поголема заштита на жената работничка, со предложените измени на законот се врши дополнување и допрецизирање на регулативата Дали некој во иднина планира свое семејство или веќе тоа семејство е створено, не треба да биде пресуден фактор за една жена биде вработена и примена на работа како и сите останати. Се почесто се случува жена или девојка да оди на интервју за работа и на самото тоа интервју да биде прашана дали е бремена или планира бременост. Секако дека ваквиот однос од страна на работодавачите создава револт и е дискриминирачки за цел женски род. Скоро секоја жена еден ден сака да остане бремена и да стане мајка, што не е причина да биде лишена од работно место. Според резултатите од истражувањето направено од страна на Институтот за политички истражувања од Скопје, 66,7 проценти од жените не биле вработени затоа што планираат бременост. По барање на Министерство за труд и социјална политика во октомври околу 1.000 испитанички на возраст од 20 до 45 години одговорија на прашањата во врска со оваа проблематика. На прашањето Дали вие како жена имате еднакви можности и третман со мажите во однос на вработувањетоо, 29.1 проценти од испитаниците одговориле негативно. 21,4 проценти на самото интервју директно или индиректно биле прашани дали наскоро планираат деца. Дури 66,7 проценти од испитаничките одговориле позитивно дека плановите за проширување на семејството било пресудно врз одлуката на работодавачот да се добие работното место или не. Токму поради ваквите причини, министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски најави измени во Законот за работни односи, додавајќи дека МТСП ја детектира појавата на дискриминација и токму затоа во функција на превентивно делување и обезбедување на поголема заштита на жената работничка, со предложените измени на законот се врши дополнување и допрецизирање на регулативата. - Со предложените измени се предвидува забрана на сите облици на дискриминација, вклучувајќи го и откажувањето на договорот за вработување на жените кои се наоѓаат во состојба на бременост. Се предлага товарот на докажување во случај на дискриминација да паѓа на товар на работодавачот. Со Законот се врши дополнување на законската одредба со која се утврдува забрана на работодавачите да бараат тест за бременост при вработување на жена, изјави Ристовски. Во случаите во кои на жената при вработување и се нуди спогодба дека идна бременост би значело и прекин на договорот за работа, работодавачот ќе биде казнет со парична казна од две до пет илјади евра. Жените кои ќе се соочат во ваква ситуација, случајот можат да го пријават на телефонските броеви 15 131 и 15 505 кои се постојано отворени за граѓаните. Државниот пазарен инспекторат за труд ќе постапува по секоја пријава.
|
|
|
|