vezilka RR -> RE: Уредување на дворот (16.5.2012 12:18:09)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR Како до убав тревник Од рана пролет до касна есен убавиот тревник е украс на секој двор. Тој за дрворот претставува тоа што за сликата претставува подлогата. Добриот тревник на секое растение ќе му даде основа за да се истакне во својата потполна убавина, и обратно лошиот тревник ќе му одземе од убавината на целиот аранжман на дворот. Најдобро време за оваа работа е рана пролет (март, април) или на крајот од летото. Прва работа која ве очекува е да го припремите теренот. Тоа подразбира да се ископа земјиштето на кое мислите да засадите трева, да го исчистите од отпадоци и коренчиња, и да го наѓубрите. Најдобро е да се копа на длабочина од околу 20 цм. Потоа пземјата треба добро да се иситни и да се израмни со гребло и спремна е за сеидба. Сеењето најдобро е да се изведува по мирно време за да не одлета семето. За што подобро да се распредели семето, најдобро е семето да се подели на две, и првата половина да се засее во еден правец на дворот, а втората во обратен. Потоа површината треба да се помине со ваљак, за семето што подобро да навлезе во земјата. Се користи ваљак од 20-50кг, а може да послужат и даски прицврстени за нозете, па убаво да си прошетате по површината. Новозасадената површина се вади два пати дневно се додека не стаса за првото косење, а тоа е околу 15 цм. Потоа се вади по потреба, а за почетокот се препорачува почесто косење, за да се згусни тревата.. Пријатна работа.. Бидејќи и јас ништо не знаев во врска со тревници си прочитав на нет. И буквално по ова што го имам пишано погоре се водев во подготовка на тревникот, Баш step by step по овие инструкции. А изборот на тревата зависи од тоа дали сакаш да биде само украсна, или за газење [sm=jezicek.gif] на пример, од изложеноста на сонце, од тоа колку влага има и сл. Семе се продава во земјоделските аптеки, јас ја земав од онаа на Бит-пазар, а има и во Меркур. Само се зезнав оти не ја измешав со детелина и тоа ќего направам сега наесен.
|
|
|
|