|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  12 13 [14] 15 16   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
10.10.2013 15:15:58   
miana
Ајде рецепот за мојата штрудла


1 кг готови кори
1 кг јаболка изрендана
2-3 лажици презла
цимет ( по потреба - колку сакаш )
кисела вода
зејтин
шекер во прав
шекер

фил - рендарани јаболка,цимет,презла ( може и ванилин шекер )
земаш две кори една врз друга,ги попрскуваш со зејтин.На едниот крај од кората ( доле ) ставаш од филот од крај до крај ...Со лажица земаш шекер и ставаш врз филот ( ова го правам за да не го мешам шекерот со филот директно,зошто кога е помешан,јаболките пуштаат многу сок и затоа ставам директно врз целиот фил ) исто од крај до крај . Ја замотувам кората и ја ставам во теписја ( намачкана со зејтин)
Ја повторуваш постапката додека ја наполниш тепсијата ( јас ставам во онаа теспија што ми е од рерната )
Кога ке ја наполниш штепсијата,земаж нож и си ги сечеш корите на парчиња ( како што сакаш да ти бидат исечени кога ке се испечат .Значи сечени ги печам )
На крај,во еден филџан ставам кисела вода и убаво ја мокрам целата штрудла..Ја попрскувам насекаде ( ама не ја мокрам многу )
Ја ставам да се пече,на 200 степени ,додека не зарумени..Кога ке зарумени ,ја вадам од рерна и целата ја посипувам со шекер во прав.
Преубава е ..Денес ке правам ,ке ја сликнам и ке ви ставам слика user posted image

(Одговор на членот elenak)
Непосредна врска до пораките: 326
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
10.10.2013 15:48:44   
mommy_angels RR
Денес ја направив чоколадната торта на Еленак,додуша импровизирав малку дека ме мрзеше да чистам ореви и мразам да варам жолчки,ама и вака ептен е вкусна
За љубителите на чоколадо како мене топло ја препорачувам

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 327
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
10.10.2013 21:31:23   
Bethany
Е па ја направив штрудлата по рецептот на Миана и многу е вкусна.
Се правев токму така како што пиша, освен што не ставив 1 кг. кори, туку само едно пакување (нели тоа е 500 гр.) и за едно плехче, такво од рерната, таман беше.
Брзо се прави, лесна и вкусна, мојата препорака user posted image

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 328
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
10.10.2013 21:34:04   
miana
ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany RR

Е па ја направив штрудлата по рецептот на Миана и многу е вкусна.
Се правев токму така како што пиша, освен што не ставив 1 кг. кори, туку само едно пакување (нели тоа е 500 гр.) и за едно плехче, такво од рерната, таман беше.
Брзо се прави, лесна и вкусна, мојата препорака user posted image

jas se izvinjavam,ne treba 1 kg kori tuku edno pakovanje user posted image se iz

< Поракaта ја уредил miana -- 10.10.2013 21:43:18 >

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 329
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
10.10.2013 21:52:41   
Bethany

ИЗВОРНА ПОРАКА: miana

ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany RR

Е па ја направив штрудлата по рецептот на Миана и многу е вкусна.
Се правев токму така како што пиша, освен што не ставив 1 кг. кори, туку само едно пакување (нели тоа е 500 гр.) и за едно плехче, такво од рерната, таман беше.
Брзо се прави, лесна и вкусна, мојата препорака user posted image

jas se izvinjavam,ne treba 1 kg kori tuku edno pakovanje user posted image se iz


Јас и претпоставив дека си згрешила, кога видов дека излегува со едно пакување доволно.
Не е страшно, битно сега си знаеме точно. Фала за рецептот user posted image


_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 330
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
11.10.2013 0:20:43   
elenak

ИЗВОРНА ПОРАКА: mommy_angels RR

Денес ја направив чоколадната торта на Еленак,додуша импровизирав малку дека ме мрзеше да чистам ореви и мразам да варам жолчки,ама и вака ептен е вкусна
За љубителите на чоколадо како мене топло ја препорачувам


Мами нема варење жолчки во тортава.user posted image Жолчките се матат со маргаринот и шеќерот во прав. Ајде штом си се снашла и излегло добро не е важно. Со здравје да си кркате.user posted image

_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 331
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
14.10.2013 13:27:03   
AnnaMolly RR
Женскии ајде ве молам ОДМААА рецепт за сутлијаш. Ми се јаде ептен, не знам како се прави, никад не сум правела :) Благодарам!


_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот elenak)
Непосредна врска до пораките: 332
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
14.10.2013 13:33:14   
Палешка РР
Eeee кај ме најде, јас најубав сутлишаш правам user posted image

1 чаша ориз се вари во вода (колку да го покрие во тенџерето). Се додава 1 литар млеко, 12 лажици шеќер, 1 ванила, кора од лимон. Се вари со постојано мешање, додека не се згусни.

Сета убавина на сутлијашот е во постојаното мешање.



_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 333
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
14.10.2013 13:34:50   
AnnaMolly RR
А колку количински излегува? Една чаша од оние за млеко филџаните?

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 334
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
14.10.2013 13:44:10   
Палешка РР
Јас мерам со чаша за кафе (поголемите од Гранд кафе). Излегуваат околу 7-8 чаши за сладолед

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 335
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
14.10.2013 13:46:38   
AnnaMolly RR
user posted image Фалаааааа!

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 336
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
14.10.2013 21:42:03   
mommy_angels RR
Хаха дури сега видов,којзнае што прочитав,ама сами по дома,дете се лути,сака да мати и таа со миксерот,добро е што воопшто направив user posted image ...како и да е и вака слатка излезе,доказ-само сеќавање на тортата user posted image
За тортата од Еленак зборувам,не за сутлијашот,ама кога веќе сме тука Анамоли како излезе???

< Поракaта ја уредил mommy_angels RR -- 14.10.2013 21:46:26 >

(Одговор на членот elenak)
Непосредна врска до пораките: 337
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
16.10.2013 0:11:58   
elenak
Еве од мене еден рецепт за торта без чоколадо.

Љубовно гнездо

150 гр сецкани ореви се ставаат во намрсен плех и се печат 10-15 мин.
Се мати кора од 6 белки и се додаваат 6 лаж.шеќер постепено и 4 полни лаж.џем од сливи. Оваа смеса се истура врз оревите и се пече на 180 степени околу 20 мин.

Фил - Од 1 лит.млеко се одвојува 200 мл и во него се додаваат 6 супени лаж.брашно и 6 жолчки. Се мати со миксер. Преостанатото млеко се вари со 6 лаж.шеќер и потоа во него се додава изматената смеса со жолчки. Се вари додека да згусне. Потоа се трга од оган и откако ќе се олади во филот се додава 1 маргарин, 2 кесички ванилин шеќер, 1 банана и сок од 1 портокал. Се мати убаво со миксер и целиот фил се става врз кората. А може и да се пресече кората на половина и да се филува. За одозгора се матат 2 шлаг крема од ванила.

_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 338
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
16.10.2013 8:01:56   
Tanjat7880
Vcera ja napraviv shtrudlata na Miana,eve utrovo skoro ja nemauser posted image
Nemav lebni troshki,imav melena plazma,korite gi poprskuvav so zejtin I kisela voda(pomeshano)
Jabolkite vo edno a shekerot,cimetot I vanilata vo drugo tanjirce I izleze FENOMENALNA
Fala ti na idejatauser posted image

(Одговор на членот elenak)
Непосредна врска до пораките: 339
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
16.10.2013 8:11:47   
Tanjat7880

ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка РР

Eeee кај ме најде, јас најубав сутлишаш правам user posted image

1 чаша ориз се вари во вода (колку да го покрие во тенџерето). Се додава 1 литар млеко, 12 лажици шеќер, 1 ванила, кора од лимон. Се вари со постојано мешање, додека не се згусни.

Сета убавина на сутлијашот е во постојаното мешање.



Moze I jas da go spodelam receptot na mojata pokojna majka za sutlijash,preubav e a nebara meshanje!
Litar mleko I litar voda se stavaat da zovrijat(zaedno)pa se dodavaat 10-12 lazici sheker I vo ubavo zovrienata tecnost se stava 250 grama oriz,se ostava na mnogu tiivko da vari povremene promeshuvajki.Orizot ke padne na dnoto na sadot no koga sutliacot ke se svari on ke pocne da izleguva na povrshinata I da svetka ko Kristal!Koga ke se sluci ova se rastopuvaat 2 lazici gustin(mnogu biten) so edna vanilla I se dodava vo sutliacot I sega se esha edno 2-3 minuti.Se stava vo zdeli I odozgora cimet
Ovoj recept ni e od nasha komshika Turcinka,ete toa go sovladav no ne go nauciv kadaifot,ona beshe doctor za nego

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 340
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
16.10.2013 8:44:53   
mommy_angels RR
Ќе барам заклучување на темава,а видам нешто,ако не денес ,утре ете ни го на дневно мени user posted image ,вчера слатко си го изедовме сутлијашот,ама не по вашиве рецепти,туку од " кутура " што би рекла моја покојна баба
Е од вчера сум на мисла за пита со јаболки,ама не со кори туку од онаа вистинската user posted image , American pie user posted image
user posted image

(Одговор на членот Tanjat7880)
Непосредна врска до пораките: 341
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
16.10.2013 11:36:47   
Tanjat7880
Eeeee mommy moze eden predlog za brzo kolace po tvoa zelba!
Jas bi ja pravela americkava so lisnato gotovo testo,samo naribash jabolkite turish vnatre biskvitki,cimet,vanila I taka isecesh lenti za odozgora I vo rerana..mhmhmhmh ete sega vo msla me turi koga da ja pravam,vo pravo si I jas glasam za zaklucuvanje na temavauser posted image

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 342
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
16.10.2013 13:22:24   
mommy_angels RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Tanjat7880

Eeeee mommy moze eden predlog za brzo kolace po tvoa zelba!
Jas bi ja pravela americkava so lisnato gotovo testo,samo naribash jabolkite turish vnatre biskvitki,cimet,vanila I taka isecesh lenti za odozgora I vo rerana..mhmhmhmh ete sega vo msla me turi koga da ja pravam,vo pravo si I jas glasam za zaklucuvanje na temavauser posted image

ах јас и ти изгледа стрвли user posted image , ама не сепак ќе ја месам,си го сакам јас тестото со путерче,такво крцкаво user posted image

(Одговор на членот Tanjat7880)
Непосредна врска до пораките: 343
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
17.10.2013 10:09:56   
mommy_angels RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: mommy_angels RR


ИЗВОРНА ПОРАКА: Tanjat7880

Eeeee mommy moze eden predlog za brzo kolace po tvoa zelba!
Jas bi ja pravela americkava so lisnato gotovo testo,samo naribash jabolkite turish vnatre biskvitki,cimet,vanila I taka isecesh lenti za odozgora I vo rerana..mhmhmhmh ete sega vo msla me turi koga da ja pravam,vo pravo si I jas glasam za zaklucuvanje na temavauser posted image

ах јас и ти изгледа стрвли user posted image , ама не сепак ќе ја месам,си го сакам јас тестото со путерче,такво крцкаво user posted image

си ја направив синоќа,е многу е вкусна

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 344
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
17.10.2013 14:48:47   
Annet
da ve prasam,imam nova rerna.ama nikako nemozam da si g ispecam strudli,piti i burek so gotovi kori,neznam kako.nekolku pati probav ,dolniot del super ,a gore suvi...inaku e gorenje so ventilator,se naj naj,se drugo super izleguva,ama gotovive kori,nemozam da gi pogodam....

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 345
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
17.10.2013 15:00:33   
Felly RR
Анет, пробај без уклучен вентилатор да ги направиш, па да видиш дали ќе има разлика.
Инаку какво заклучување на темава user posted image Тамам за вакви како мене домаќинки без идеја е супер.user posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Annet)
Непосредна врска до пораките: 346
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
17.10.2013 15:18:49   
elenak
Анет ставаш ли к.вода и зејтин одозгора пред да се пече? Јас една баница што ја правам со сирење, се прави смеса така со јајца, сирење, к.вода и на крај сето што останува се истура одозгора, воопшто не е сува. А еве и миана за штрудлата така има пишано.

_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 347
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
17.10.2013 16:01:09   
Annet
fala zenski,sum probala sekako,i po upatstvo,am ne biva i ne biva,hahahha izgleda do mene e

(Одговор на членот elenak)
Непосредна врска до пораките: 348
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
19.10.2013 1:01:26   
kuklicka26
Еве и од мене рецепт за чоколадна торта
8 јајца
8 лаж.шеќер
5 лаж.брашно
12 лаж.мелени ореви
1 пециво . (Откако ке се испече кората се дели на два дела).

За филот на парес се матат
5 јајца

250 гр.шеќер
300 гр.кујнско чоколадо кое е претходно раскршено.Се меша се додека не се стопи чоколадото.Откако ќе се тргне од пареа се додава една лаж.рум а може и повеќе значи по желба.Се промешува добро и се остава да се излади добро.Откако ќе се олади се става во комора.Посебно се мати 1 маргарина кристал и се присоединува со другиот фил пак со миксер.Повторно се става филот во комора.
Корите се натопуваат со млеко и се филува тортата со филот кој претходно сме го извадиле од комора.Одозгора се става 3 шлаг крем од чоколада.

(Одговор на членот Annet)
Непосредна врска до пораките: 349
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
19.10.2013 8:52:01   
mommy_angels RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Annet

fala zenski,sum probala sekako,i po upatstvo,am ne biva i ne biva,hahahha izgleda do mene e

Анет не ти се погодил рецептот,не е до тебе user posted image ,барај друг рецепт
Јас питите со готови кори ги премачкувам и на крај со остатокот преливам со смеса од брашно,млеко,квасец и сол,како домашна излегува

Кукличка 26 со твојов рецепт тортата е феноменална,имам пробано,ама не е за мене user posted image
Да не се фалам сама ама поубаво готвам и од мајка ми и од свекрва ми и благо правам убаво,ама за варење жолчки сум тапа.Никогаш,ама баш никогаш не ги погодив како што треба.И затоа филот си го правам со пудинг од ванила (не е исто знам), а жолчките ги ставам во некој ручек user posted image

(Одговор на членот Annet)
Непосредна врска до пораките: 350
Страница:   <<   < Претходна страница  12 13 [14] 15 16   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  12 13 [14] 15 16   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?