Посна карамел-торта(нешто брзо и вкусно од свеки)
Потребни состојки:500-600 грама посни бисквити ,2-3 супени лажици мармалад од кајсија,lпосно чоколадо 100 грама (за глазура)
Крем:
400 грама шеќер 5-6 супени лажици посно млеко во прав 1 л вода 3 пудинзи од ванила 200 грама маргарин „кристал" 1 ванила шеќер , 2-3 супени лажици нес-кафе во 1 Чаша млака вода.
како се прави..
Прво се прави кремот. На страна се подготвува 1 л врела вода со разматено посно(има во виталиа посно млеко во прав) млеко. На тивок оган се пржи 400 грама шеќер, со мешање, додека да стане карамел. Потоа веднаш се трга на страна и во тоа се додава, мешајќи, подготвеното жешко млеко. При додавањето може да се направи пена, но тоа е нормално. Само за кратко тогаш треба да се прекине со мешањето, па се продолжува. За да се стопат сите грутки од шеќерот, млекото со карамелот треба да се вари на тивок оган 5-10 мин. Кога шеќерот сосема ќе се стопи, тенџерето се трга од огнот и во него се додаваат подготвени пудинзи (разматени само со малку вода).
Потоа повторно се враќа на огнот, се вари неколку минути додека не стане густо. Треба да биде толку густо за кремот да не тече. Во добро изладениот крем се додава маргарин, претходно добро изматен со ванилин шеќер.Потоа се прави премаз: мармаладот треба малку да се загрее на тивок оган, со мешање. Треба да се добие полутечна изедначена смеса. Бисквитите, пред да се наредат, се потопуваат еден по еден во нес-кафето разматено во вода. Се редат во три слоја, така што врз секој слој бисквити прво се става тенок слој од премазот, па врз премазот кремот. Значи, на крај доаѓа кремот со кој се премачкува тортата и странично. Врз тоа се става глазура. Пред да ја сечете ,треба да отстои во фрижидер барем една ноќ.