|
RE: I'm Not A Girl, Not Yet A Woman 14.1.2010 16:22:51
|
|
|
|
Anushka
|
Моментите на мажење, раѓање, дете некогаш ни се случуваат толку бргу што немаме време да расчистиме со себе... барем тоа ми се случи мене... од матурантка, до мажена, до бременост, и наредната година мајка. Многу промени наеднаш во мојот животот, животот "преку ноќ" ми се сврти за 360 степени. Сите тие промени носат со себе уште повеќе промени... можеби како мајка треба да смениш некои работи во своето однесување , начинот на облекување (мислам дека повеќе околината тоа го очекува од нас, или можеби се лажам?!). И јас сеуште не можам да расчистам со себе... дали сум девојка или жена? Дефинитивно не сум веќе девојка, ама и дефинитивно не сум жена! Мислам дека сум во некоја преодна фаза, фаза на созреавање! [/quote] Рипче, имаме слично искуство. Внимавај, тоа искуство ми направи да не се чувствувам дека припаѓам ниту ваму, ниту таму. Тоа некогаш знае да биде лошо, но и кул. Во тоа време, за другарки, па веќе бев жена, а за жени, девојче. Така и остана до ден денешен. Еве, по скоро 20 год, пак санав мајка, овој пат на стари одини. И некако тоа мое припаѓање ниту ваму, ниту таму, пак ме „замрзна“ во годините. Анегдота: се породив, а доаѓа сопругот да ме посети, сефте. Влага бабицата со бебенцето и му вика на мм: „ај честито внука..“ Смешки. Нормално, мене ми ласкаше ситуацијата, а за мм ми беше неизмеро жал. Но, од друга страна, се заглавив таму некаде измеѓу, пораснав, завршив факултети, изгледав арслани, а сигурноста и самодовербата ми останаа малецки. Ете, гледам многу посмотани од мене како успеале во животот, а јас сеуште се чувствувам „големо дете“.
(Одговор на членот ripce)
|
|
|